Луѓето со вакцинацијата не стануваат хибридни суштества

фото: pixabay.com

Во постот лажно се тврди дека тие што се вакцинирани, всушност „повеќе не се луѓе туку хибриди“. Поопширната верзија на оваа теорија на заговор е дека „нанотехнологијата се шири низ телото менувајќи ја ДНК на луѓето и предизвикувајќи хаос во целосниот систем“. Но, вакцините против ковид-19 не ја менуваат човековата ДНК. Според научната јавност, гнетската модификација вклучува намерно внесување на туѓа ДНК во јадрото на човековата клетка, а вакцините тоа едноставно не го прават

Во постот лажно се тврди дека тие што се вакцинирани, всушност „повеќе не се луѓе туку хибриди“. Поопширната верзија на оваа теорија на заговор е дека „нанотехнологијата се шири низ телото менувајќи ја ДНК на луѓето и предизвикувајќи хаос во целосниот систем“. Но, вакцините против ковид-19 не ја менуваат човековата ДНК. Според научната јавност, гнетската модификација вклучува намерно внесување на туѓа ДНК во јадрото на човековата клетка, а вакцините тоа едноставно не го прават

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

Трансхуманизмот – брза еволуција во хибридно суштество по пат на вакцинација.

Вакцините не ги претвораат луѓето во хибридни суштества, иако вакви дезинформации се шират на социјалните мрежи насекаде во светот уште од почетокот на вакциналната кампања против ковид-19. Сајтот за проверка на факти од Полска, Демагог, во 2021 година се занимаваа со погрешната претпоставка дека вакцините против ковид-19 ќе ги претворат луѓето во трансхумани суштества. Станува збор за теорија на заговор.

Во април 2021 година и Ројтерс пишуваше на оваа тема. Вакцините на „Фајзер“ и на „Модерна“ користат мРНК технологија, која што содржи инструкции за човековите клетки да направат протеини кои се „преправаат“ дека се дел од коронавирусот. Инструкциите прават имуниот систем да влезе во акција, претворајќи го самото тело во фабрика за вакцина. Во конкретните мРНК вакцини нема вистински вирус. мРНК вакцините развиени од „Фајзер“ и „Модерна“ не користат нанороботска технологија.

Од почетокот на вакциналната кампања во обид да ги демонизираат вакцините, антивакциналните кругови шират теорија на заговор дека мРНК вакцините ги претвораат луѓето во хибриди на начин што им ја менуваат човековата ДНК.

Така и во постот што го рецензираме, лажно се тврди дека тие што се вакцинирани, всушност „повеќе не се луѓе туку хибриди“. Поопширната верзија на оваа теорија на заговор е дека „нанотехнологијата се шири низ телото менувајќи ја ДНК на луѓето и предизвикувајќи хаос во целосниот систем“.

Но, вакцините против ковид-19 не ја менуваат човековата ДНК.

Според Светската здравствена организација (СЗО), со овие вакцини во соодветни ткива се внесува плазмид што содржи ДНК, секвенца која ги енкодира антигените против кои се бара имун одговор и се произведуваат антитела.
Ова значи дека спротивно на конвенционалните вакцини, кои содржат цел патоген или дел од него, мНРК вакцините вклучуваат инјектирање мал дел од генетскиот код на вирусот ДНК или РНК за да се стимулира имун одговор кај пациентот без инфекција.

Овој процес не креира генетски модифициран организам, кого пак, Организацијата за храна и агрикултура на ОН го дефинира како организам во кој еден или повеќе гени се претставуваат во неговиот генетски материјал (од друг организам), со користење на ДНК технологија.

Професорот од Корнел Универзитетот, Марк Линас за Ројтерс вели дека ниедна вакцина не може генетски да ја модифицира човековата ДНК.

Тоа е само мит, којшто намерно го шират антивакциналните активисти за да креираат конфузија и недоверба.

Генетската модификација вклучува намерно внесување на туѓа ДНК во јадрото на човековата клетка, а вакцините тоа едноставно не го прават, вели тој за Ројтерс.

Вистиномер и претходно дебанкираше тврдења дека вакцините против ковид-19 ќе го претворат реципиентот во хибрид и дека се поврзани со наводната трансхуманистичка агенда.

Иако терминот нано се користи за да се наметне дека нанотехнологија се користи за да ја модифицира вашата РНК, тоа е комплетно лажно.

мРНК во вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ нема никаков ефект на ДНК или РНК на човекот и не станува составен и траен дел од клеткатавели Синди Принс, професорка по епидемиологија на Универзитетот во Флорида.

Антивакциналните кругови не штедеа ниту бебиња за да ги шират своите дезинформации дека тие станале „трансхумани“. Во конкретниот случај злоупотребена беше фотографија од бебе коешто беше предвреме родено, за лажно да се тврди дека неговата генетика е „трансхумана“ како последица на вакцината против ковид-19, иако бебето никогаш не беше вакцинирано, а неговата мајка вакцината ја примила месеци после пораѓањето.

Поради сите горенаведени факти, постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција