Манипулација е дека медиумите ги претставуваат Палестинците како терористи

Фото: Принтскрин видео

Двете војни се сосема различни и немаат никакви допирни точки, ниту може да се споредуваат.  Украинците и Палестинците не се во иста положба, иако оваа манипулативна објава се обидува да стави некакво равенство меѓу двете сосема различни ситуации. Хамас одбива мировен процес и со години го напаѓа Израел, а Украина се брани од руската агресија. Европската унија, Соединетите Американски Држави, Австралија, Канада, Израел и Јапонија ја дефинираат Хамас како терористичка организација 

 

Украинците и Палестинците не се во иста положба, иако оваа манипулативна објава се обидува да стави некакво равенство меѓу двете сосема различни ситуации. Хамас одбива мировен процес и со години го напаѓа Израел, а Украина се брани од руската агресија. Европската унија, Соединетите Американски Држави, Австралија, Канада, Израел и Јапонија ја дефинираат Хамас како терористичка организација 

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук, во која се вели дека мејнстрим медиумите ги прикажуваат Палестинците како терористи, а Украинците како херои. Ова е манипулација.

Во објавата стои:

МЕЈНСТРИМ МЕДИУМИТЕ ПАЛЕСТИНЦИТЕ ГИ ПРИКАЖУВААТ КАКО ТЕРОРИСТИ ДОДЕКА ЛИЦЕМЕРНО ГИ ПОДДРЖУВААТ УКРАИНЦИТЕ И ГИ ПРОГЛАСУВААТ ЗА ХЕРОИ

Прво и основно двете војни се сосема различни и немаат никакви допирни точки, ниту може да се поврзуваат и споредуваат. Украинците и Палестинците не се во иста положба. Украина се брани од воената агресија на Русија, а Хамас е терористичка организација, која одбива мировни преговори и со години го напаѓа Израел

Со децении за време на разгорувањето на насилството меѓу Израел и Палестина медиумите се обвинуваат за произраелска пристрасност. Палестинците и нивните поддржувачи тврдат дека западните мејнстрим медиуми се значително пристрасни во корист на Израел.

Aрапско-израелскиот конфликт e исклучително деликатен и известувањето за оваа сложена и чувствителна тема е голем предизвик поради длабоко вкоренетите историски, политички и религиозни фактори. Но, факт е дека медиумите известуваат за нападите и жртвите и во Израел и во Газа.

Од 2007 година во Појасот Газа владее милитантно-исламистичката организација Хамас, која одбива мировен процес со Израел. Хамас во својата повелба бара уништување на Израел. Од Појасот Газа со години се лансираат ракети врз Израел, но нападот кој почна на 7 октомври е драматична ескалација на конфликтот кој постојано се распалува.

 

Факти за  Хамас

ХАМАС – акроним за Харакат ал-Мукавама ал-Исламија (Исламско движење на отпорот) – е најголемата милитантна група на палестинските територии и една од двете најголеми политички партии на териториите. ХАМАС се појави во 1987 година за време на првото палестинско востание, или интифада, како изданок на палестинскиот огранок на Муслиманското братство. Групата е посветена на вооружен отпор против Израел и создавање на исламска палестинска држава на местото на Израел. ХАМАС е де факто раководно тело во Појасот Газа од 2007 година, кога ја собори палестинската власт од власт.

Исто така, како терористичка организација, Хамас, поддржан од Иран, отворено се залага за уништување на Израел. Хамас активно бара израелски цивили за да ги убиe или киднапира и намерно испука ракети врз цивилни области за да убие што е можно повеќе Израелци. Се убиваат жени, стари луѓе и деца.

Хамас  во саботата (7 октомври) започна голем напад против Израел, испукувајќи илјадници ракети и убивајќи заробени израелски војници и цивили во неколку градови во јужен Израел, откако ја преминаа утврдената граница меѓу Израел и Газа. Израелската спасувачка служба Зака ​​соопшти дека нејзините болничари извадиле приближно 260 тела од музичкиот фестивал што беше нападнат од Хамас.

Дивеењето на борците на Хамас низ израелските градови во саботата беше најсмртоносниот таков напад од воениот конфликт меѓу Египет и Сирија пред 50 година (Јомкипурската војна од 1973 година) и се закани да разгори уште еден пожар во долготрајниот конфликт.

Хамас постојано повикува на уништување на државата Израел. Нивниот основачки документ експлицитно вели дека нивната цел е да основаат палестинска држава на територијата на Израел. Хамас не го признава Израел и бара Израел да ја прекине 16-годишната блокада на Газа. Организацијата  сака идната палестинска држава да ја формира врз основа на границите од 1967 година, кога Израел зазеде големи делови од палестинските територии. Водачите на Хамас ги слават терористичките напади врз Израел.

Хамас им нуди годишни програми за обука за боречки вештини на своите регрути. Обуките на военото крило на Хамас се одржуваа надвор од воените кампови за обука на Хамас во Појасот Газа до 2014 година, кога имаше 50-дневна војна меѓу Хамас и Израел. Кандидатите обично се обучуваат да користат оружје, да киднапираат војници и да се инфилтрираат во Израел преку подземни тунели.

Хамас насилно се спротивставува на историскиот мировен Договор од Осло  од 1993 година меѓу Израел и Палестинското ослободително движење (ПЛО).

Во својата повелба од 1988 година, Хамас тврдеше дека Палестина е исламска татковина која никогаш не може да им се предаде на немуслиманите и дека водењето света војна за одземање на контролата врз Палестина од Израел е религиозна должност за палестинските муслимани. Оваа позиција ја доведе во конфликт со ПЛО, која во 1988 година го призна правото на Израел да постои. Од своето основање, Хамас ги отфрли преговорите. Групата го осуди мировниот договор од 1993 година меѓу Израел и ПЛО и заедно со групата Исламски џихад, последователно ја интензивираше својата терористичка кампања користејќи бомбаши самоубијци. ПЛО и Израел одговорија со остри безбедносни и казнени мерки, иако претседателот на ПЛО, Јасер Арафат, сакајќи да го вклучи Хамас во политичкиот процес, назначи членови на Хамас на лидерски позиции во Палестинската управа (ПА). Колапсот на мировните преговори меѓу Израелците и Палестинците во септември 2000 година доведе до зголемување на насилството кое стана познато како Акша интифада. Тој конфликт беше обележан со степен на насилство невидено во првата интифада, а активистите на Хамас дополнително ги ескалираа своите напади врз Израелците и се вклучија во голем број самоубиствени бомбашки напади во самиот Израел.

Факт е дека ХАМАС е терористичка организација која е на листата Странски терористички организации во Федералниот регистар на САД, уште од 1997 година.

Хамас е на листата забранети терористички групи или организации на официјалната страница и на Владата на Велика Британија.

Нејзината идеологија е поврзана со онаа на Муслиманското братство во комбинација со палестинскиот национализам. Нејзините главни цели се ослободување на Палестина од израелската окупација, формирање на исламска држава според шеријатскиот закон и уништување на Израел.

Хамас врши и учествува во тероризмот. Хамас користеше неселективни ракетни или минофрлачки напади и напади врз израелски цели. За време на конфликтот во мај 2021 година, над 4.000 ракети беа истрелани неселективно кон Израел. Како резултат на тоа беа убиени цивили, меѓу кои и 2 израелски деца. Палестинските милитантни групи, вклучително и Хамас, често користат запаливи балони за да извршат напади од Газа кон јужен Израел. Имаше серија напади со запаливи балони од Газа во текот на јуни и јули 2021 година, предизвикувајќи пожари во заедниците на југот од Израел што резултираа со сериозна материјална штета, пишува на официјалната владина веб- страница на Велика Британија.

Хамас е и на листата терористички организации на Европската Унија.

Хамас е класифицирана како терористичка организација и од страна на Египедскиот суд.

Австралиска национална безбедност го смета Хамас за терористичка организација, идеолошки и религиозно мотивирана, насилна екстремистичка организација, која ги спојува палестинските националистички и сунитските исламистички цели. Паравоеното крило на Хамас, Бригадите Из-Дин ал-Касам, првпат беше ставено на списокот на терористичка организација на 5 ноември 2003 година.

Од 2001 година, Австралија го наведе Хамас во целост како терористички ентитет за финансиски санкции според дел 4 од Повелбата на Законот на Обединетите нации од 1945 година, како дел од спроведувањето на Резолуцијата 1373 на Советот за безбедност на Обединетите нации, стои на официјалната страница на Австралиската влада.

Австралија две децении го забрануваше паравоеното крило на Хамас, Бригадите Из-Дин ал-Касам, како терористичка организација, но во март 2022 година го надгради списокот со тоа што целата организација ја квалификува како терористичка.

Медиумските извештаи за израелско-палестинскиот конфликт честопати ги определуваат двете страни како еквивалентни и вклучени во циклус на насилство. Сепак, едноставно не постои морална еквивалентност меѓу двете страни, всушност, не постојат само две страни бидејќи палестинската страна е поделена меѓу Хамас, де факто владетелот на Газа, и палестинската управа управувана од Фатах, која контролира делови од Западниот Брег. Израел е слободна и демократска суверена држава која прави сè за да ги минимизира цивилните жртви.

Европските лидери минтонеделниот ненадеен напад на Хамас врз Израел го оценија како тероризам и го поддржаа правото на Израел да се брани.

Тоа е тероризам во неговата најодвратна форма, Израел има право да се брани од такви грозоморни напади, објави на Х (порано Твитер) во саботата, 7 октомври,  претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Руско – украинска војна

Во однос на воената агресија на Русија врз Украина, ситуацијата е сосема поинаква.

Рууија ја започна својата добро испланирана вооружена агресија против Украина на 20 февруари 2014 година со воената операција на нејзините вооружени сили за заземање на дел од украинската територија  – Полуостровот Крим.

На 24 февруари 2022 г. Русија направи воена инвазија на Украина во којашто има десетици илјади се загинати и ја предизвика најголемата бегалска криза во Европа по Втората светска војна. Над 8 милиони Украинци се внатрешно раселени (според податоци од мај 2022 г.), околу 8 милиони ја имаат напуштено државата (според податоци од 3 јануари 2023 г.).  А, исто така,  пет седмици од почетокот на инвазијата и Русија го доживеа најголемото иселување од нејзините граници по иселувањето предизвикано од Октомвриската револуција во 1917 година.

Понатаму, руска агресија е насочена кон уништување на Украина како независна држава. Украина е принудена да се брани.

Илегалната окупација на Автономната Република Крим и градот Севастопол беше само првиот руски чекор чија цел беше поткопување на независноста и суверенитетот на Украина. Кремљ отсекогаш бил цврсто убеден дека Русија никогаш нема да стане светски лидер без контрола над Украина, додека демократска и просперитетна Украина е закана за сегашното авторитарно владеење во Русија. Затоа следниот чекор на руската агресија беше обид да се дестабилизира ситуацијата во источните и јужните региони на Украина со цел да се формира квази-држава „Новоросија“.

Во Изјавата објавена по повод една година од руската инвазија врз Украина, НАТО наведе дека Русија мора „веднаш“ да ја прекине својата „нелегална војна“ што влијае на глобалните резерви на храна и енергија. Од НАТО побараа Москва да одговора за нејзините „воени злосторства“.

Русија сноси целосна одговорност за оваа војна, очигледно кршење на меѓународното право и Повелбата на ОН. Активностите на Русија ги занемаруваат принципите и заложбите на ОБСЕ и сериозно ја поткопуваат меѓународната безбедност и стабилност и меѓународниот поредок заснован на правила. Иако ја повикавме Русија конструктивно да се вклучи во кредибилни преговори со Украина, Русија не покажа вистинска отвореност за праведен и траен мир. Остануваме решени да одржиме координиран меѓународен притисок врз Русија. Не може да има неказнивост за руските воени злосторства и другите злосторства. Сите одговорни мора да одговараат за злоупотреби и кршење на човековите права и меѓународното хуманитарно право, особено против цивилното население во Украина, вклучувајќи ја и депортацијата на деца и сексуалното насилство поврзано со конфликти. Русија мора веднаш да ја прекине оваа војна и да ги повлече сите свои воени сили од Украина во согласност со Резолуцијата на Генералното собрание на ОН усвоена на 23 февруари 2023 година и другите релевантни резолуции на Генералното собрание на ОН, се наведува, меѓу другото, во изјавата на Северноатланскиот Совет.

ЕУ и нејзините граѓани се во целосна солидарност со Украина и нејзиниот народ. ЕУ презема мерки како економска и финансиска помош, хуманитарна помош, поддршка за заштита на цивили, воена помош, прифаќање на бегалци, поддршка во истраги и гонење на воени злосторства, поддршка за реконструкција на демократска Украина. ЕУ и САД го поддржуваат правото на Украина да ја одбере својата сопствена судбина и ги поддржаа Украинците за нивната храброст во одбраната на својата држава.

Така што, Украинците и Палестинците не се во иста положба и не може да се споредуваат, иако оваа манипулативна објава се обидува да стави некакво равенство меѓу двете сосема различни ситуации.

 



 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција