„Метаморфозис“ на конференцијата „Сајбер зиро“ во Приштина

Фото: Мета.мк

Директорот Јашари даде значаен придонес на панелот за вештачка интелигенција и дезинформации, споделувајќи непроценливи сознанија од нашата земја во врска со вештачката интелигенција (ВИ), која се искористува и за добро, но и за нанесување на штета

 

Јакнењето на регионалната кибер безбедност е цел кон која Фондацијата „Метаморфозис“ ги фокусира своите капацитети веќе подолго време. Ова го истакна извршниот директор на фондацијата, Бардил Јашари, кој присуствуваше на на конференцијата „Сајбер зиро“ (Cyber Zero), што се одржа во Приштина од 4 до 5 март.

Настанот кој беше организиран од албанската асоцијација за кибер безбедност, со поддршка од Амбасадата на САД во Приштина, собра експерти и креатори на политики од целиот регион, кои разговараа за итни прашања во кибер безбедноста и зголемената загриженост за дигиталните дезинформации.

Директорот Јашари даде значаен придонес на панелот за вештачка интелигенција и дезинформации, споделувајќи непроценливи сознанија од нашата земја во врска со вештачката интелигенција (ВИ), која се искористува и за добро, но и за нанесување на штета.

Тој зборуваше за конкретни примери во кои вештачката интелигенција се користи за ширење дезинформации, посебно околу критичните периоди на изборите, за да се искриви реалноста и да се збуни јавноста. Ги нагласи моќните перформанси на вештачката интелигенција во модерното време, истакнувајќи дека технологијата која претходно се користеше за измамување и манипулирање, сега е уште помоќна.

За време на дискусијата, Јашари зборуваше за предизвиците со кои се соочуваат општествата, бидејќи дезинформациите стануваат пософистицирани и потребен е посеопфатен пристап за справување со нив.

Директорот на „Метаморфозис“ повика на сеопфатен општествен пристап во борбата против дезинформациите. Тој кажа дека иако дигиталната и медиумската писменост се фундаментални за да се подготват граѓаните да се движат низ сложеноста на дигиталниот свет, овие мерки сами по себе се недоволни. Според него, потребни се моќни механизми за проверка на факти, а наративната анализа ја истакна како клучна во разликувањето на вистината од лагата и заштитата на демократските процеси.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција