На фотографијата споделена во објавата не е новиот директор на МЕПСО, туку неговиот брат

Фото: mepso.com.mk

Зеди Енузи Кока навистина е назначен за нов директор на МЕПСО, но човекот со пиштол прикажан на фотографијата е неговиот брат Цуфи Кока кој на 20 јули 2022 доби четири месеци затвор. Причината за казната беше тоа што тој пукаше во воздух кај плоштадот „Скендербег“ за време на протестниот марш на противниците на францускиот предлог

Зеди Енузи Кока навистина е назначен за нов директор на МЕПСО, но човекот со пиштол прикажан на фотографијата е неговиот брат Цуфи Кока кој на 20 јули 2022 доби четири месеци затвор. Причината за казната беше тоа што тој пукаше во воздух кај плоштадот „Скендербег“ за време на протестниот марш на противниците на францускиот предлог

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува напис со наслов: „Откако впери пиштол кон своите сограѓани Зеди Енузи Кока е избран за нов директор на МЕПСО“.

Во склоп на објавата се споделува фотографија од човек со пиштол. Но, тоа не е Зеди Енузи Кока, тој навистина е назначен за нов директор на МЕПСО на 12.09.2023 година, но човекот со пиштол прикажан на фотографијата е неговиот брат Цуфи Кока кој на 20 јули 2022 доби четири месеци затвор. Причината за казната беше тоа што тој пукаше во воздух кај плоштадот „Скендербег“ за време на протестниот марш на противниците на францускиот предлог.

Постапувајќи по поднесена кривична пријава, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 40-годишен скопјанец за кого постои основано сомневање дека сторил кривично дело – Предизвикување општа опасност по  член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 6 јули, на платото пред плоштадот „Скендербег“, со општо опасно средство – пиштол марка Волтер модел Р 99 со калибар 9х19 мм, кој го поседувал со дозвола, предизвикал значителна опасност за животот или телото на луѓето. За време на движењето на група граѓани кои учествувале  на  јавен собир, тој забележал како дел од граѓаните фрлаат камења, по што се упатил кон нив и во два наврати испукал по два куршума во воздух,  известија од Обвинителството на 7 јули 2022.

Зуди Енузи Кока е назначен од Надзорниот одбор за нов директор на АД МЕПСО, потврдија за МИА од компанијата. Неговото назначување ќе се официјализира по запишувањето во Централен регистар. Енузи Кока досега беше шеф на кабинетот на разрешениот директор на АД МЕПСО, Сурија Рашиди.

Тој претходно беше директор на ЈП Комунална хигиена, но беше разрешен од градоначалничката на Скопје Данела Арсовска. Зуди Енузи Кока е член на Алијанса за Албанците, партија коалициски партнер во Владата.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистинита. Не е точно дека Зуди Енузи Кока вперил пиштол кон сограѓаните. Фотографијата претставена во објавата е од неговиот брат.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција