На ова видео не се претставени Египќани кои на грб им носат храна и вода на Палестинците во Газа

Фото: Принтскрин видео

Станува збор за старо видео кое не е од актуелната ситуација меѓу Хамас и Израел. Странски проверувачи на факти пишуваат дека видеото е постаро и не го отсликува хуманитарниот одговор на блокадата од Израел од октомври 2023 година. Ова видео првпат е објавено на социјалната мрежа Тик Ток на 31 август 2023 година, а оригиналниот наслов, како и споредбата со други слични видеоматеријали, покажуваат дека се работи за шверцерска операција на границата меѓу Либија и Египет

Станува збор за старо видео кое не е од актуелната ситуација меѓу Хамас и Израел. Странски проверувачи на факти пишуваат дека видеото е постаро и не го отсликува хуманитарниот одговор на блокадата од Израел од октомври 2023 година. Ова видео првпат е објавено на социјалната мрежа Тик Ток на 31 август 2023 година, а оригиналниот наслов, како и споредбата со други слични видеоматеријали, покажуваат дека се работи за шверцерска операција на границата меѓу Либија и Египет

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук, во која се споделува видеоматеријал и се вели:

Египјани на грб им носат вода за пиење на Палестинците откако Израел им го прекина снабдувањето со вода. Видеото е снимено на границата на Египет и Палестина, а луѓето на видеото се Египјани како им носат вода за пиење на грб на Палестинците откако Израел им го прекина снабдувањето со вода.

Видеоматеријалот е објавен на 16 октомври 2023 година.

Меѓутоа, станува збор за старо видео кое не е од актуелната ситуација меѓу Хамас и Израел.

Како што пишуваат проверувачите на факти на Лид Сторис, не е вистина дека Египќаните во моментов доставуваат хуманитарна помош во храна и вода на грб од Египет за Газа. Видеото во објавата е постаро и не ја отсликува хуманитарната помош, односно хуманитарниот одговор на блокадата од Израел од октомври 2023 година. Првпат ова видео, според Лид Сторис, е објавено на социјалната мрежа Тик Ток на 31 август 2023 година.

Оригиналниот наслов во видеото, како и споредбата на други слични видеоматеријали, покажуваат дека ова е шверцерска операција на границата меѓу Либија и Египет. Во видеото објавено на 31 август годинава на Тик Ток се наоѓаат ознаки од знамињата на Либија и Египет. Салоум или Салум, е село во северозападниот дел на Египет на границата со Либија. Ова не е во близина на Газа, која се граничи со североисточниот дел на Египет.

И проверувачите на факти на Мисбар, го имаат рецензирано ова видео кое погрешно било претставено уште на 10 септември 2023 година со невистинита информација дека станува збор за Египетско Либиската граница каде „поминуваат илјадници Египќани кои сакаат да работат во Либија или сакаат илегално да имигрираат за Европа“.

Се забележува дека торбите коишто лицата ги носат на грб во видеоснимките се идентични по форма, големина и боја и дека на нив има симбол. Сето ова претставува индикатор дека овие луѓе ја поминуваат границата во рамките на организирана активност, а не во рамките на миграција на луѓе.
Лид Сторис не можат точно да утврди што има во овие пакувања, но од бројни слични видеоматеријали изгледа дека се работи за шверцерска операција како што е опишана во труд од 2017 година објавен во журналот за интернационални работи „Практиката и културата на швер на границата
меѓу Египет и Либија“. На 12 страница од овој документ се опишуваат 4 типови на шверц, а најчестиот се совпаѓа со она кое е прикажано на видеото од објавата го рецензираме, објавуваат „Лид Сторис“ во својата рецензија.

Проверувачите на факти на Квинт, исто така, објавија дека видеото е старо, односно пред конфликтот од октомври меѓу Хамас и Израел.

Има четири форми на шверц на границата, кои се нарекуваат со различни имиња и вклучуваат различни практики. Првата е наречена „Тигарат ал Шанта“ односно „трговија со чанти“. Тигарат ал шанта (шверц со торби) е најчестата и прифатена форма на шверц во дневниот сообраќај на границата
меѓу Египет и Либија, односно меѓу Саолум и Амсаад. Тоа е форма на трговија и размена која се практикува од страна на машки лица кои патуваат за Либија на два дена и се враќаат во Египет со торба наполнета со чај, облека, цигари, кинески мобилни телефони и слични добра, пишува
Лид Сторис.

Поради сите горенаведени факти, објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистинита. На видеото не се наоѓаат Египќани кои на грб им носат вода и храна на Палестинците во Газа, по неодамнешната ситуација меѓу Хамас и Израел. .

 



 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција