Не е точно дека сатанисти нè трујат преку дождот и дека временските неприлики се вештачки

Фото: pixabay.com

Во објавата неточно се тврди дека временските неприлики се неприродни, вештачки креирани од некого. Вистината е дека климатските промени се реални и водени од човековата активност, за што постои консензус во научната јавност. Фотографијата којашто е прикачена на објавата прикажува огромно парче лед, кое според контекстот на објавата треба да претставува парче град. Но, оваа фотографија е стара повеќе од 11 години, а прикажаното парче мраз е вештачки креирано и не претставува град. Фотографијата во повеќе наврати се користела за да илустрира невреме, а може да се најде и на блог пост на метеорологот Бред Панович од Северна Каролина, со наслов „Анатомија на лажна слика со град“ објавен во април 2012 година

Во објавата неточно се тврди дека временските неприлики се неприродни, вештачки креирани од некого. Вистината е дека климатските промени се реални и водени од човековата активност, за што постои консензус во научната јавност. Фотографијата којашто е прикачена на објавата прикажува огромно парче лед, кое според контекстот на објавата треба да претставува парче град. Но, оваа фотографија е стара повеќе од 11 години, а прикажаното парче мраз е вештачки креирано и не претставува град. Фотографијата во повеќе наврати се користела за да илустрира невреме, а може да се најде и на блог пост на метеорологот Бред Панович од Северна Каролина, со наслов „Анатомија на лажна слика со град“ објавен во април 2012 година

 

 

Објава на социјалната мрежа Фејсбук неточно тврди дека стратешките партнери – САД и Велика Британија, не убиваат нас и целиот свет, дека нè трујат преку дождот, дека временските неприлики се вештачки, а сето тоа е илустрирано со стара фотографија која служи за манипулација.

ЛУЃЕ РАЗБЕРЕТЕ ДЕКА СТРАТЕШКИОТ НИ ПАРНЕР НА ВЛАСТА, НЕ УБИВА НАС И ЦЕЛИОТ СВЕТ !!! ЌЕ СЛЕДАТ ПОВЕЌЕ ДОКАЗИ ЗА ТОА,

ОДАМНА ПИШУВАВ И ОБЈАВУВАВ, НЕКОИ ГО СВАТИЈА СЕРИОЗНО МОЕТО ПИШУВАЊЕ, НЕКОИ НЕ ВЕРУВААТ ВО ТОА, НО СЕПАК СЕ ДОКАЖА ЗА СЕ ШТО ПИШУВАВ ИСПАДНА ДЕКА Е ТАКА.

САМО ЕДНО НЕШТО БИ ВЕ ЗАПРАШАЛ ???

ДАЛИ МИСЛИТЕ ДЕКА Е НОРМАЛНО СЕТО ОВА ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ВРЕМЕНСКИТЕ НЕПРИЛИКИ ??? МИСЛИТЕ ДЕКА ТОА Е НОРМАЛНО ??? Е НЕ Е ДА ЗНАЕТЕ !!!

БИ ВЕ ПРЕДУПРЕДИЛ ДА БЕГАТЕ ОД ДОЖДОТ, БИДЕЈЌИ Е ПОЛН СО АЛАМИНИУМ ,ОТРОВИ , БАКТЕРИИ И ВИРУСИ.

ЗОШТО НИКОЈ ОД ДРЖАВАТА НЕ ЗЕМА ДОЖДОВНИЦА И ВО ЛАБАРОТОРИЈА НЕ НАПРАВИ АНАЛИЗА , ПА ЌЕ ВИДАТ СО ШТО СЕ ТРУЕ ЧОВЕКОТ И ПОЧВАТА.

НАСКОРО ЌЕ ПОЧНАМ ДА ОБЈАВУВАМ ВИДЕА ЗА СИТЕ ЗБИДНУВАЊА , ЗА СЕ ШТО ПРАВАТ АМЕРИКАНЦИТЕ, АНГЛИЧАНИТЕ АНГЛО САКСОНЦИТЕ, ГЛОБАЛИСТИТЕ И САТАНИСТИТЕ !, пишува во објавата.

Во неа се тврди дека „стратешкиот партнер на власта нè труе“, па иако не се кажува конкретно на кој стратешки партнер се мисли, подолу во објавата се спомнуваат САД, Англија, глобалисти и сатанисти.

Исто така, се тврди дека временските неприлики се неприродни, односно се алудира дека се вештачки креирани од некого. Но, вистината е дека климатските промени се реални и водени од човековата активност. Дури 97 проценти од климатските научници ширум светот се согласуваат, со ова, а во научниот свет тоа е консензус.

Научни докази покажуваат дека човечките активности (првенствено човечкото согорување на фосилни горива) ја загреале површината на Земјата и нејзините океански басени, што пак, продолжува да влијае врз климата на Земјата. Оттаму, според повеќекратните студии објавени во рецензирани научни списанија, трендовите на затоплување на климата во изминатиот век се исклучително веројатни поради човечките активности. Покрај тоа, повеќето од водечките научни организации ширум светот објавија јавни изјави со кои ја поддржуваат оваа позиција. Тука може да најдете листа на овие организации, заедно со линкови до нивните објавени изјави и избор на поврзани ресурси.

Глобалното затоплување предизвикува зголемување на просечната температура на површината на Земјата. Ова не само што ги зголемува веројатните топлотни бранови и суши, туку, исто така, предизвикува промени во нашите природни климатски системи. Овие промени ги прават екстремните временски настани поверојатни и посериозни. На пример, ураганите и бурите стануваат поинтензивни, се движат побавно и им треба подолго време за да стивнат.

Понатаму во објавата се вели дека дождот е полн со алуминиум, отрови, бактерии и вируси. Ова е донекаде точно. Најновите истражувања покажуваат дека дождовната вода не е безбедна за консумирање, но ова не е се должи на фактот дека некој намерно го направи тоа за да ја труе почвата и луѓето. Исто така, апсолутно нема никакви докази дека тоа го прават стратешките партнери на земјава, како што се САД и Велика Британија, кои во објавата се етикетираат како сатанисти, кои сакаат да не отрујат. Впрочем дождовната вода не е безбедна и во тие земји, не само кај нас.

Ново истражување покажува дека дождовницата на повеќето локации на Земјата содржи нивоа на хемикалии кои ги надминуваат безбедносните нивоа. Овие синтетички супстанции наречени PFAS (пер-и поли-флуороалкилни супстанции) се наоѓаат во речиси секое живеалиште на Земјата во стотици секојдневни производи, вклучувајќи пакување на храна, нелепливи садови за готвење, опрема за дожд, лепила, хартија и бои. Наречени „засекогаш хемикалии“, тие опстојуваат со години во околината. Нивната распространетост сега е таква што научниците велат дека нема безбеден простор на Земјата за да се избегнат. Истражувачите од Универзитетот во Стокхолм велат дека е од витално значење употребата на овие супстанции брзо да се ограничи. Други научници заземаат став дека треба појасно да се докажат здравствените ризици од овие хемикалии.

Дожд не може да ве разболи со вирус, како што тврди објавата, бидејќи дождот не пренесува вируси. Вирусите кои предизвикуваат обична настинка и грип се шират преку телесните течности на заразеното лице. Тоа значи дека близок контакт со болни луѓе или допирање на површина што содржи капки или плунка со вирусот – а потоа допирање на очите, устата или носот – е она што може да ве разболи. Истражувањата покажуваат дека вирусите на настинка и грип се со поголема веројатност да напредуваат во студени и суви услови. Овие вируси не се пренесуваат добро во влажни услови, како дожд.

Кога се работи за бактериите, под одередени поволни услови, дождот може да биде и средство за ширење бактерии, покажува студија на МИТ, објавена во 2017 година.

Користејќи слика со висока резолуција, истражувачите од Одделот за машинско инженерство на МИТ го забележале ефектот на капките дожд што паѓаат на сува почва натоварена со бактерии. Кога паѓаат со брзина имитирајќи ја брзината на слаб дожд, на температури слични на оние во тропските региони, капките испуштаат спреј од магла или аеросоли. Истражувачите откриле дека бактеријата останала жива повеќе од еден час потоа. Понатаму, тимот пресметал дека врнежите ширум светот можеби се одговорни за 1 до 25 проценти од вкупната количина на бактерии кои се испуштаат од копното.

Објавата, што е предмет на оваа рецензија, е споделена на Фејсбук веднаш по невремето кое го зафати Скопје пред неколку денови. Притоа, на објавата е прикачена фотографија од огромно парче лед, кое според контекстот на објавата и времето кога е пласирана, треба да прикажува парче град. Но, најпрво оваа фотографија е многу стара, повеќе од 11 години, а второ парчето мраз е вештачки креирано и не претставува град, иако во повеќе наврати се користела за да илустрира невреме.

Оваа фотографија била објавена и во 2016 година кога се тврдеше дека наводно покажува огромна топка град што паднала во невремето што го зафатило дел од Тексас. Но, тогаш метеоролозите отфрлиле дека сликата покажува град од тоа невреме.

Мразот изгледа малку мазен за да биде град. Исто така е многу поголем од повеќето слики од град што сме ги виделе, изјавил Џејсон Дан од Националната метеоролошка служба

Фотографијата може да се најде и на блог пост на метеорологот Бред Панович од Северна Каролина со наслов „Анатомија на лажна слика со град“. Објавата – од април 2012 година, ја анализира фотографијата испратена до телевизиска станица во Канзас по град којшто се случил во областа Вичита. Метеорологот Панович објаснува дека сферичното парче мраз не личи на другите парчиња џиновски град кои паднале во минатото – тоа е премногу мазно и нема трева или нечистотија од местото каде што би удрило во земјата. На крај се открило дека е направена од студент на колеџ кој на крајот признал дека ја направил џиновската ледена топка со мраз од кампусот.

Имајќи ги предвид горенаведените факти, оваа објава, заедно со фотографијата, ја оценуваме како неточна.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција