Не е точно дека во Скопје паднал руски воен дрон

Извори од МВР за медиумите потврдија дека по пријавата постапиле и нивни претставници го проверувале атарот на Арачиново, но не нашле ништо. Никаде не се спомнува дека станува збор за руски воен дрон како оној во Загреб, како што сугерира објавата. Имено, во Загреб не падна руски воен дрон, туку, како што изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, станува збор за летало од руско производство, но не се знае дали било во сопственост на руската или украинската армија. Оттука не може да се зборува за руски воен дрон, како оној во Загреб

Извори од МВР за медиумите потврдија дека по пријавата постапиле и нивни претставници го проверувале атарот на Арачиново, но не нашле ништо. Никаде не се спомнува дека станува збор за руски воен дрон како оној во Загреб, како што сугерира објавата. Имено, во Загреб не падна руски воен дрон, туку, како што изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, станува збор за летало од руско производство, но не се знае дали било во сопственост на руската или украинската армија. Оттука не може да се зборува за руски воен дрон, како оној во Загреб

 

 

Пост на Фејсбук пласира информација дека во Скопје паднал руски воен дрон исто како во Загреб. Оваа информација, која е објавена на порталот Мкденес, не е точна и очигледно има за цел да собере повеќе кликови и да шири паника во јавноста.

Во написот кој го пренесува постот се вели дека во атарот на селото Бујковци очевидци изјавиле дека виделе бело летало кое многу ниско се движело над нивите и претпоставувале дека воздухопловот паднал. Поради тоа полициски екипи излегле на терен.

Се уште не е познато за што се работи, бидејќи во моментот на случувањето на инцидентот немало ниту еден пријавен воздухоплов во воздух на територија на цела Македонија. Претпоставката е дека станува збор за руски воен дрон, залутан од боиштата во Украина, се вели во написот што го анализираме.

Написот се повикува на информација која ја објави телевизија Телма. Според првичните информации на Телма, жителите тврделе дека се работи за беспилотно летало дрон.

Веста за наводен пад на воздухоплов ја пријавиле локалните жители на селото Бујковци, а пријавата ја упатиле до МВР, додека слични јавувања имало и во Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Извори од МВР за Телма потврдија дека по пријавата постапиле и нивни претставници го проверувале атарот, но не нашле ништо.

Никаде не се спомнува дека станува збор за руски воен дрон како оној во Загреб, како што сугерира написот кој е предмет на нашата анализа. Имено, во Загреб не падна руски воен дрон, туку, како што изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, станува збор за летало од руско производство, но не се знае дали било во сопственост на руската или украинската армија. Оттука не може да се зборува за руски воен дрон, како оној во Загреб.

Вакви претпоставки нема, туку има само пријава за некакво летало, а какво било тоа летало, не може со сигурност да се каже од причина што истото не е пронајдено ниту пак е потврдено дека некакво летало паднало во атарот на селото Бујковци.

Дека полицијата не пронашла паднато летало во атарот на Арачиново од МВР потврдиле и за Канал 5 телевизија.

Некои шпекулации велат дека е можно и да паднал дрон како оној во близина на Загреб, но од МВР велат дека ниту од цивилната пловидба ниту од другите надлежни служби веста дека имало пад на некакво летало, не е потврдена.

Од сето ова можеме да заклучиме дека написот кој го анализираме е делумно неточен. Точна е информацијата дека било пријавено дека непознато летало наводно паднало, но такво летало не е најдено, а уште помалку, пак, е потврдено дека станува збор за руски воен дрон залутан од украинските боишта.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција