Не е вистина дека „15-минутните градови“ се „климатски заклучувања“

Фото: Принтскрин видео

Објавата најверојатно се однесува на концептот „15-минутни градови“ создаден од Карлос Морено, професор на Универзитетот Пантеон Сорбона, но сосема погрешно го толкува. Премисата  на овој концепт е сите жители на еден град  да можат да пристапат до основни услуги што им се потребни во рок од 15 минути пешачење или возење велосипед и нема за цел  никакви климатски заклучувања, ниту пак, изградба на некакви логори. Што се однесува до тврдењето во постот дека глобалистите подготвуваат нови климатски заклучувања, Флоренсија Сото Нињо-Мартинез, помошник портпарол на генералниот секретар на ОН, во изјава за Ју-ес-еј Тудеј  вели дека агендата на ОН за одржлив развој за 2030 година не спомнува ниту климатски заклучувања , ниту  „15-минутни градови“

Објавата најверојатно се однесува на концептот „15-минутни градови“ создаден од Карлос Морено, професор на Универзитетот Пантеон Сорбона, но сосема погрешно го толкува. Премисата  на овој концепт е сите жители на еден град  да можат да пристапат до основни услуги што им се потребни во рок од 15 минути пешачење или возење велосипед и нема за цел никакви климатски заклучувања, ниту пак, изградба на некакви логори. Што се однесува до тврдењето во постот дека глобалистите подготвуваат нови климатски заклучувања, Флоренсија Сото Нињо-Мартинез, помошник портпарол на генералниот секретар на ОН, во изјава за Ју-ес-еј Тудеј  вели дека агендата на ОН за одржлив развој за 2030 година не спомнува ниту климатски заклучувања, ниту „15-минутни градови“

 

 

Рецензираме пост на Фејсбук кој тврди дека глобалистите подготвуваат ново заклучување по пандемијата од ковид-19, и тоа климатско заклучување креирајќи дигитални логори за луѓе! Сето ова, според тврдењето во постот, би се спровело преку таканаречени „градови од 15 минути“ со кои на граѓаните ќе им било дозволено да се движат само во мали граници. Нашата проверка покажа дека постои идеја за „15-минутни градови“, но нејзината цел не се никакви климатски заклучувања, ниту пак, изградба на некакви логори, како што се тврди во објавата.

Градови од 15 минути“: Дигитални логори против „климатската апокалипса“?
Глобалистите никогаш не се заморуваат да измислуваат нови глупости за да ги оправдаат своите цели.
За да се спречи наводно неизбежната климатска апокалипса, животот на луѓето треба радикално да се реструктуира. Имено со „15-минутни градови“. На сите нормални граѓани треба да им се дозволи да се движат само во мали граници. На некој начин, овој луд проект е продолжение на карантин корона. Затоа што целта е иста: луѓето треба да се затвораат и надгледуваат во еден вид на дигитален логор.
Виена е еден од оние градови што е пионер во нивното спроведување., се вели во постот кој го анализираме.

Објавата најверојатно се однесува на концептот „15-минутни градови“ создаден од Карлос Морено, професор на Универзитетот Пантеон Сорбона, но сосема погрешно го толкува. Премисата е дека сите жители на еден град треба да можат да пристапат до сите основни услуги што им се потребни во рок од 15 минути пешачење или возење велосипед.

Креаторот на концептот „15-минутни градови“ вели дека планот има за цел да ги зголеми стоките и услугите за жителите. Тој не спомнува никакво заклучување или ограничување на жителите во нивните заедници. Концептот на „15-минутниот град“ предвидува дека сите наши основни потреби треба да се задоволат во рок од 15 минути пешачење или возење велосипед од нашиот дом.

 

Што е „15-минутен град“?

Во „15-минутниот град“ е град услугите  се во близина, го олеснуваат животот и им служат на граѓаните, вели креаторот на  концептот, професорот Карлос Морено за Euronews Next.

Она што го сакаме е во градот да не мора да патувате многу далеку, односно, да патувате не повеќе од 15 минути – од местото од  каде што живеете, без разлика дали тоа е кога одите на работа, да пазарувате, да пристапите до здравствената заштита, да уживате во културата или да се опуштите, вели Морено.

Наместо концепти на градови со различни области за живеење, дружење и работа, концептот на Морено го предвидува урбаниот центар како таписерија на населби каде што коегзистираат сите три функции.

Според Морено, драматичната промена кон работа на далечина покажа дека „15-минутниот град“ не само што е изводлив, туку може да биде и инструментален за обновување на урбаните населби.

Создавањето нови простори е уште еден клучен елемент на „15-минутниот град“.

Според професорот Морено, за да обезбедиме максимум услуги и активности на локално ниво, мора повторно да замислиме како можеме најдобро да ја искористиме постоечката инфраструктура.

Во град како Париз, на пример, зградите се користат 30 или 40 отсто од времето. Тоа значи дека 60 или 70 отсто од денот, зградите се празни подолго отколку што се во употреба. Но, сепак се во многу добра состојба. Затоа, сакаме многу повеќе да ги искористиме зградите за да може да бидат домаќини на други активности, не само за оние за коишто биле првично замислени, објаснува тој за Euronews Next..

Според концептот на Морено, неупотребените згради може да се претворат во простори за соработка. Училиштата би можеле да се отвораат за време на викендите за културни активности. Спортската сала навечер може да се пренамени во дискотека. Кафулињата навечер може да бидат домаќини на часови по јазик, а јавните згради би можеле да бидат домаќини на концерти за време на викендите.

„15-минутниот град“ ќе ја намали нееднаквоста затоа што сакаме територијата да стане полицентрична. Сакаме да го подобриме квалитетот на животот во обесправените населби со поставување простори за соработка, создавање зелени зони со паркови, инсталирање бизниси, културни активности, спортски активности и квалитетни велосипедски патеки, вели Морено.

Полицентричен град, според него, е град во кој секој човек може да оди каде сака, но не треба да патува еден час за да ја задоволи потребата, како што тоа може да го прави во моментов.

Оние кои живеат во центарот го имаат овој избор, но оние кои живеат во предградијата го немаат. Значи, имајќи полицентрична територија, можеме да ја регенерираме урбаната кохезија со повеќе услуги и на крајот ќе ја намалиме оваа сегрегација, додава Морено.

Што се однесува до тврдењето во постот дека глобалистите подготвуваат нови климатски заклучувања, Флоренсија Сото Нињо-Мартинез, помошник портпарол на генералниот секретар на ОН, во изјава за Ју-ес-еј Тудеј  вели дека агендата на ОН за одржлив развој за 2030 година не спомнува ниту климатски заклучувања, ниту „15-минутни градови“. На дневен ред е резолуцијата што ОН ја усвоија во 2015 година, во која се наведени 17 цели што се обидуваат да ги постигнат до 2030 година.

Понатаму, ОН немаат моќ да ги принудат градовите да го усвојат планот „15-минутни градови“, според Сото Нињо-Мартинез.

Иако концептот се дискутираше на различни форуми за климата бидејќи може да им помогне на градовите да ги намалат своите емисии, ОН не можат да им наложат на градовите да го усвојат овој концепт. Секоја земја и секој град се слободни да одлучуваат како сакаат да се направат поодржливи, изјавила таа за Ју-ес-еј Тудеј 

Вистиномер неодамна пишуваше за тоа дека е неточно  тврдењето дека планот за намалување на сообраќајот во Оксфордшир ќе ги ограничи жителите во нивните населби.

Имајќи го предвид сето погоре, можеме да заклучиме дека постот кој го рецензираме е невистинит.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција