Не е вистина дека Бајден бил убиен со инјекција во Гвантанамо

Фото: Принтскрин видео

Претседателот на САД, Бајден има јавни настапи речиси секој ден, медиумски настапи, вклучен е во менаџирање и коментирање на внатрешните и меѓународните политички процеси и невозможно е сите тие комплицирани процеси да ги спроведува негов двојник. Тврдењето дека некои политичари имаат двојници или клонови или глумци им се припишува на поддржувачите на „Кју Анон“ движењето. Овие тврдења не се втемелени во реалноста и фактите, туку се производ на заговорнички приказни на „Кју Анон“ движењето за наводна контрола и доминација на светот

Претседателот на САД, Бајден има јавни настапи речиси секој ден, медиумски настапи, вклучен е во менаџирање и коментирање на внатрешните и меѓународните политички процеси и невозможно е сите тие комплицирани процеси да ги спроведува негов двојник. Тврдењето дека некои политичари имаат двојници или клонови или глумци им се припишува на поддржувачите на „Кју Анон“ движењето. Овие тврдења не се втемелени во реалноста и фактите, туку се производ на заговорнички приказни на „Кју Анон“ движењето за наводна контрола и доминација на светот

 

 

Пост на Фејсбук шири лажни информации дека претседателот на САД Џо Бајден, бил убиен во 2020 година во Гвантанамо и дека го заменува глумец со силиконска маска.

16.04.2023

Џо Бајден е убиен со инекција .
21.12.2020
Во Гвантанамо.
Осуден за велепредавство, злодела против човештвото.
Ова што гледате ,е глумец со силиконска маска.
Јавно се изложуваат за потоа да бидат судени со јавни докази, се вели меѓудругото во објавата која ја анализираме.

Видеото споделено во објавата е од неодамнешната посета на Бајден на универзитетот Улстер во Белфаст, Северна Ирска, за која извести и Индипендент.

Не е првпат на социјалните мрежи да се споделуваат невистини дека некои  политичари имале клонови или двојници. Слични информации имаше и за Хилари Клинтон, дека била обесена во Гвантанамо и истите беа дебанкирани.

Дека бил обесен во Гвантанамо се пишуваше и за синот на Бајден, Хантер Бајден, и тие информации се покажаа како  лажни.

Тврдењето дека некои политичари имаат двојници или клонови или глумци им се припишува на поддржувачите на „Кју Анон“ движењето.

Овие тврдења не се втемелени во реалноста и фактите, туку се производ на заговорнички приказни на „Кју Анон“ движењето за наводна контрола и доминација на светот.

Претседателот на САД, Бајден има јавни настапи речиси секој ден, медиумски настапи, вклучен е во менаџирање и коментирање на внатрешните и меѓународните политички процеси и невозможно е сите тие комплицирани процеси да ги спроведува негов двојник.

Поддржувачите на теоријата на заговор „Кју Анон“, на социјалните мрежи ширум светот (а како што се гледа од постот што го рецензираме и во Македонија), пласираат неверојатни и сосема непоткрепени тврдења и верувања, кои заеднички формираат сет на веќе масовно препознатливи карактеристики на Кју теоријата на заговор, предмет дури и за анализи во највлијателните светски медиуми.

Дијапазонот на лажни тврдења и неверојатни измислици кои ја следат Кју Анон теоријата на заговор е широк и многу често го вклучуваат претседателот на САД, Бајден. Неодамна тој падна од велосипед, а настанот беше искористен да се инсинуира дека не е тој вистинскиот Бајден туку дека има двојник поради тоа што рацете му изгледале „како на млад човек”.

Оние кои веруваат во теоријата на заговор Кју Анон, ја обожуваат и ја пласираат теоријата за дупликати на политичарите, особено затоа што ѝ припишуваат речиси неограничена моќ на „злобната ‘длабока’ држава“.

Тие веруваат дека особено моќна научно-фантастична технологија е способна речиси за сè, дури и да создаде клонови односно дупликати од разни политички фигури. Ова е особено пригодно за теоретичарите на заговори меѓу кои и на поддржувачите на Кју Анон теоријата на заговор, зошто им дозволува да тврдат дека луѓе како Џо Бајден, всушност, биле убиени и едноставно да тврдат дека лицето што се појавува во јавноста е глумец.

„Би-Би-Си“ пишува дека илјадници луѓе веруваат во оваа теорија на заговор и своите тврдења ги пласираат на социјалните мрежи уште од 2017 година, како и дека бројот на следбеници се зголемил за време на пандемијата со коронавирусот. Според „Би-Би-Си“, стотици илјади, ако не и милиони луѓе, веруваат во барем еден дел од бизарните теории на Кју Анон.

Поради сето горе наведено,  можеме да заклучиме дека дека не е вистина дека Бајден е егзекутиран во Гвантанамо и дека на негово место има глумец.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција