Не е вистина дека државата нè прска со отрови од авиони

Фото: Ericve Pixabay

Тврдењето дека некој нè прска со отрови од авиони е неточно и претставува една од најраспространетите теории на заговор, честопати дебанкирана од Вистиномер. Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информираа дека и покрај четири години успешно користење на мерката, оваа година воопшто немаше авионско засејување. Што значи дека не постои ни државен тендер за сребро јодид, како што тврди објавата. Исто така, нема никакви докази дека овој вид на заштита на земјоделските посеви од елементарни непогоди е на каков било начин штетно за луѓето. Ваков начин на заштита на земјоделските посеви во  С. Македонија се практикувал од 2019 година, а во светски рамки се практикува од 1946 година

Тврдењето дека некој нè прска со отрови од авиони е неточно и претставува една од најраспространетите теории на заговор, честопати дебанкирана од Вистиномер. Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информираа дека и покрај четири години успешно користење на мерката, оваа година воопшто немаше авионско засејување. Што значи дека не постои ни државен тендер за сребро јодид, како што тврди објавата. Исто така, нема никакви докази дека овој вид на заштита на земјоделските посеви од елементарни непогоди е на каков било начин штетно за луѓето. Ваков начин на заштита на земјоделските посеви во  С. Македонија се практикувал од 2019 година, а во светски рамки се практикува од 1946 година

 

 

Фејсбук објава преку коментар напишан на саркастичен начин, тврди дека државата нè прска од небото со недозволени супстанци и метали кои го разболуваат населението. Ова не е точно.

Временската прогноза за денеска е доумерено испрскано. Дали е преку тендер од владата за сребро јодид, или е друга благопријатна супстанца, во секој случај е благодет да се вдишат повеќе минерали и по некој метал. И да пецка малку на нос, и да гуши грло, и да жежи на плуќа, и да мава на глава, мора да е благодет штом е од системот.

Државата сигурно се грижи нашите деца да примаат доволно витамини и минерали. Можам да замислам како нашите човекољубни бирократи не спијат ноќе од грижа за обичниот човек, пишува меѓу другото во објавата.

Во неа се тврди дека државата, преку тендер за сребро јодид или други супстанци ги прска граѓаните кои потоа имаат несакани последици како пецкање во нос, гушење, главоболки и слично. Ова е неточно и претставува уште една од низата објави кои неточно тврдат дека некој „нè прска“ од воздух.

На објавата се прикачени три фотографии, а на две од нив е фотографирано небото со траги од авиони. Со овие фотографии и текстот на објавата се алудира дека со авиони нè прскаат со отровни хемикалии.

Притоа во самата објава се тврди дека Владата нè прска со сребро јодид, супстанца што се користи за авионско засејување.

Авионското засејување е систем за заштита од елементарни непогоди којшто предвидува контрола на климатските услови, со што се постигнува поквалитетна и порационална заштита на земјоделските посеви од град преку реагенси како сребрен јодид. Со оваа метода зрната град што се формираат во засеаниот облак ќе имаат помала димензија, а при паѓањето во топлиот сектор на облакот ќе се стопат пред да паднат на земјата.

Сребрениот јодид е неорганско соединение со формулата AgI. Соединението изгледа како светло жолта цврста материја, но примероците речиси секогаш содржат нечистотии од метално сребро што даваат сива боја. Контаминацијата со сребро се јавува затоа што AgI е многу фотосензитивен .

Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство велат дека авионското засејување се користи како мерка, бидејќи климатските промени се сериозна закана за земјоделското производство, за кои Министерството и Комисијата за штети при Владата на С. Македонија, исплаќа во просек три и пол милиони евра годишно, на основ штети од временски непогоди.

Но, како што информираа од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, оваа година воопшто немаше авионско засејување и покрај тоа што четири години мерката успешно се користела.

Авионското засејување на облаците беше ефикасна метода која успешно се спроведуваше од 2019 година, со што во повеќе наврати успешно беа спречени штети од град врз земјоделските посеви низ целата територија. За жал, војната во Украина предизвика големо нарушување на светскиот пазар на реагенси кои се користат како компоненти во ракетните горива, поради што ваквите реагенси се дефицитарни и тешко достапни. Управата за хидрометеоролошки работи уредно спроведе постапка за јавна набавка, но за разлика од минатите години, овој пат на повикот не се пријави ниту еден економски оператор, велат од МЗШВ.

Што значи дека не постои ни државен тендер за сребро јодид, како што тврди објавата.

Исто така, нема никакви докази дека овој вид на заштита на земјоделските посеви од елементарни непогоди е како било штетно за луѓето. Ваков начин на заштита на земјоделските посеви во  С. Македонија се практикувал од 2019 година, а во светски рамки се практикува од 1946 година.

Исто така, тврдењето дека некој нè прска со отрови од авиони е неточно и претставува една од најраспространетите теории на заговор, честопати дебанкирана од Вистиномер.

Како што многупати досега пишувавме, трагите од авиони коишто сите ги гледаме на небото, не се резултат на некоја скриена агенда за запрашување на населението и природата со отрови и тие не предизвикуваат климатски промени. Ваквите тврдења се категорично отфрлени од научната заедница. Нема никакви докази дека наводните хемиски патеки се нешто различно од нормалните, вообичаени траги од вода кои ги оставаат авионите кои летаат на голема височина под одредени атмосферски услови.

Оваа објава, преку неточни информации и заклучоци ги измамува корисниците на социјални мрежи и притоа крева страв и паника дека државата нè прска со нешто што е штетно за луѓето.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција