Не, Русија не е „100 пати повеќе“ сакана од Велика Британија и САД

Фото: kremlin.ru

Според истражувањата на Галуп и на ИРИ, доминантното мислење на граѓаните на Северна Македонија не се совпаѓа со тврдењето во постот дека Русија е сакана многу повеќе од Велика Британија и САД

 

Според истражувањата на Галуп и на ИРИ, доминантното мислење на граѓаните на С. Македонија не се совпаѓа со тврдењето во постот дека Русија е сакана „100 пати повеќе“ од Велика Британија и САД

 

Во објава на социјалната мрежа Фејсбук  е искажано следното за мислење:

Народот овде си ја сака Русија 🇷🇺, 100 пати повеќе отколку Британија 🇬🇧 и Америка! 🇺🇸

На 25 aприл 2023 година, Gallup објави истражување во врска со имиџот на лидерството во Русија на глобално ниво, откако оваа земја ја започна војната во Украина. Вклучени се 137 држави, а меѓу нив е и С. Македонија. Испитаниците од С. Македонија на прашањето дали го одобруваат лидерството на Русија, 61 отсо се изјасниле дека не го одобруваат. Од 2021 до 2022 година процентот на луѓе што не се согласуваат за начинот како се води Русија (не го одобруваат раководството на Русија) се зголемил за 31 отсто.

Резултати од Gallup (2021)
Резултати од Gallup (2022)

Ако споредиме со САД, 49 отсто од испитаниците од С. Македонија одговорилe дека не го одобруваат лидерството на САД. Споредено со претходната година (2021) овој процентот се зголемил за 13 отсто.

Резултати од Gallup

Освен Gallup, во 2022 година и ИРИ спроведе истражување на јавното мислење во С. Македонија. На прашањето: „Со кого е најдобро да се одржуваат силни врски за интересите на Северна Македонија“, можеме да ги забележиме следните одговори:

  • 66 отсто од испитаниците одговириле дека најдобро е да се одржуваат врските со Велика Британија.
  • 82 отсто сметаат дека со ЕУ треба најдобро да се одржуваат врските
  • 71 отсто се изјаснинле дека треба најдобро да се одржуваат врските со САД.

Ако погледнеме за Русија, тој процент изнесува 57 отсто.  

Податоци од ИРИ

Во анкетата, исто така, било поставено и следното прашање: „Која од овие држави (вклучувајќи ја ЕУ) помага најмногу за националните интереси на Македонија?“ Од наведените резултати може да се види следното:

  • 21 отсто од испитаниците сметаат дека ЕУ најмногу помага за националните интереси
  • 10 отсто од испитаниците ја ставаат САД како држава што најмногу ѝ помага на Македонија
  • 4 отсто од испитаниците ја имаат одбрано Русија како држава што ѝ помага најмногу на Македонија
Податоци од ИРИ

Од резултатите од истражувањата на Gallup  и ИРИ се заклучува дека податоците не соодветстуваат со тврдењето изнесено во постот што е предмет на оваа рецензија. Прво, македонските граѓани не ја ставаат Русија над САД и Велика Британија кога станува збор ниту за позитивно мислење за руското лидерство, ниту, пак, за помагање на земјава во заштита на нејзините национални интереси. Уште повеќе, поголем процент од испитаниците сметаат дека е подобро да се имаат силни врски со САД и Велика Британија, отколку со Русија.

Имајќи ги предвид ваквите резултати, не може да се каже дека во земјава Русија е „100 пати повеќе“ сакана од САД и Велика Британија. Едноставно, нема ниеден показател кој би покажал повисоко ниво на било каков вид на наклоност на Македонците кон Русија за сметка на САД и Велика Британија, а камоли, пак, наклоност која би била „100 пати повеќе“, односно 100 пати поголема како што се тврди во постот.

 

 


 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција