Не е вистина е дека мостот на Балтимор е срушен со динамит
Експерти за градежно инженерство и безбедност на мостови за странски проверувачи на факти велат дека на снимката нема експлозии и динамит, туку се гледаат светла кои трепкаат на мостот и во негова близина, како и искри од енергетските кабли кои се прекинале за време на уривањето на мостот. Нема докази што укажуваат на тоа дека некој експлозив бил поставен на мостот или дека уривањето било предизвикано од некоја друга причина, освен што бродот удрил во мостот. Надлежните од Одделот за домашна безбедност, ФБИ јасно кажаа нема никакви докази дека уривањето на мостот било намерно дело
Експерти за градежно инженерство и безбедност на мостови за странски проверувачи на факти велат дека на снимката нема експлозии и динамит, туку се гледаат светла кои трепкаат на мостот и во негова близина, како и искри од енергетските кабли кои се прекинале за време на уривањето на мостот. Нема докази што укажуваат на тоа дека некој експлозив бил поставен на мостот или дека уривањето било предизвикано од некоја друга причина, освен што бродот удрил во мостот. Надлежните од Одделот за домашна безбедност, ФБИ јасно кажаа нема никакви докази дека уривањето на мостот било намерно дело
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук, во која се тврди дека мостот „Френсис Скот Ки“ во Балтимор е намерно срушен со динамит.
Во објавата стои:
A во УС се поставува прашањето зашто има…….???????
Дали е ова само оркестрирано одвлекување на вниманието од?
Зошто има серија експлозивни полнења преку мостот?
Споделено е и видео преземено од ТикТок. На видеото, се гледа како човек кој ги прегледува вестите и видеата од уривањето на мостот во Балтимор, со прст покажува на неколку локации, тврдејќи дека на повеќе точки се гледаат експлозии.
Ова не е вистина.
Мостот „Френсис Скот Ки“ се урна во реката на 26 март околу 1:30 часот по полноќ, откако товарен брод што го напушташе пристаништето Балтимор удри во еден од столбовите. Надлежните јасно кажаа дека нема докази дека станува збор за намерен напад.
Експертите за градежно инженерство и безбедност на мостови за странски проверувачи на факти велат дека на снимката нема експлозии и динамит, туку се гледаат светла кои трепкаат на мостот и во негова близина, како и искри од енергетските кабли кои се прекинале за време на уривањето на мостот.
Човекот од видеото, ги прикажува светлата зад мостот како експлозии, изјави за USA TODAY Бен Шафер, професор по градежно и системско инженерство на Универзитетот „Џонс Хопкинс“.
Мислам дека тоа тврдење е апсолутно смешно, вели Ден Франгопол, претседател за градежно инженерство и архитектура на Универзитетот Лихај и основач на Меѓународната асоцијација за одржување и безбедност на мостови.
Експертите истакнуваат повеќе недостатоци во тврдењето дека мостот е урнат со експлозив.
Доколку се користеше динамит за челик, ќе беше потребна голема количина, но тогаш ќе имаше скршени прозорци насекаде низ областа. Детонирањето на каков било експлозив би оставило остатоци во водата, но нема индикации дека е пронајден таков остаток, изјави Кајл Пери, експерт за експлозиви и вонреден професор на одделот за инженерство за рударство и експлозиви на Универзитетот за наука и технологија во Мисури.
Воедно, уривање со експлозив, според експертите, ќе предизвикаше значително повеќе чад и прашина од она што беше видливо на снимката од Балтимор.
Нема веродостојни докази што укажуваат на тоа дека некој експлозив бил поставен на мостот или дека уривањето било предизвикано од некоја друга причина, освен што бродот удрил во мостот.
Надлежните од Одделот за домашна безбедност, ФБИ јасно кажаа нема никакви докази дека уривањето на мостот било намерно дело.
По уривањето на мостот на социјалните мрежи се појавија бројни теории на заговор.
Сите овие тврдења се целосно неосновани. Надлежните кои работат на истрагата на несреќата, јасно нагласија нема индикации дека станува збор за намерен чин.
Поради изнесените факти оваа објава ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар