Не може да се потврди дека Египет го повлекол признавањето на Косово

Д. Апасиев Фото: Левица/веб

Веста што на својот ФБ профил ја објави лидерот на Левица Димитар Апасиев дека Египет го повлекол признавањето на Косово, со некаква алузија дека тоа се случува додека е тој во Египет на одмор и дека од тој аспект е поуспешен од министерот Бујар Османи кои лобираше за признавање на Косово од Шпанија – е невистина. Темата за можно повлекување на египетското признавање на Косово од 2013 година постојано се шири во српските медиумски простор, но никогаш не е потврдена, а последен пат станува збор за вест од јули 2023, кога во два српски медиуми се пренесува изјава на руски новинар кој важи за пропагандист на Кремљ

Веста што на својот ФБ профил ја објави лидерот на Левица, Димитар Апасиев, дека Египет го повлекол признавањето на Косово, со некаква алузија дека тоа се случува додека е тој во Египет на одмор и дека од тој аспект е поуспешен од министерот Бујар Османи, коj лобираше за признавање на Косово од Шпанија – е невистина. Темата за можно повлекување на египетското признавање на Косово од 2013 година постојано се шири во српските медиумски простор, но никогаш не е потврдена, а последен пат станува збор за вест од јули 2023, кога во два српски медиуми се пренесува изјава на руски новинар кој важи за пропагандист на Кремљ

 

Лидерот на Левица Димитар Апасиев пред два дена на својот Фејсбук профил објави содржина поврзана со меѓународниот статус на Косово, која не може да се потврди. Имено во објавата се наведува следното:

Египет го повлече признавањето на Косово

[Извор: Димитар Апасиев ФБ профил, датум: 09.08.2023]

 

Образложение: Под објавата има хаштагови Тајна Мисија и Неврзаните, а под тоа колаж од неколку фотографии на медиумски објави за изјава на вицепремиерот, Артан Груби, за шефот на дипломатијата, Бујар Османи, вест на српски јазик дека Египет и потврдил на српската влада дека го повлекува признавањето на Косово и на крај фотомонтажа од Димитар Апасиев како јава камила, а во позадина се гледа една од пирамидите крај Каиро.

Објавата без текстот што го напишал Апасиев е, всушност, преземена објава од Фејсбук сметката Странски служби, на што Апасиев го додал и тврдењето за наводната постапка на египетската влада.

Но, ваквото тврдење останува во доменот на шпекулациите, затоа што не може да се најде потврда ниту во официјалните ставови на Египет, ниту во официјалните ставови на Србија. Најнова објава со такво тврдење во Србија излегла во јули 2023 во медиумот Вести.рс, кои пак за објавената вест како извор се повикуваат на КМНовине.ком. Во веста под наслов „Египет влегува во БРИКС и го повлекува признавањето на Косово?“, всушност се цитира објава на рускиот новинар Владимир Соловјов, кој важи за жесток пропагандист на Кремљ, од неговиот профил на Телеграм.

Според објавата на Соловјов, Египет го повлекол признавањето на Косово и се повикал на почитување на територијалниот суверенитет на Србија и на почитување на границите какви што се. Притоа, во бекграунд на веста се наведува дека Русија му помогнала на Египет во јуни при обидот на Каиро да конкурира да стане член на групата земји БРИКС, како и тврдење дека откако го признал Косово Египет не гласал ниту еднаш за поддршка на Косово во меѓународни организации или институции.

Освен оваа објава, на интернет можат да се најдат и други објави во српскиот печат околу оваа тема, исто шпекулативни и без потврда од владини извори, но сите се со постар датум, некои и од пред 5 години.

Последен пат српските власти се огласиле во јануари за повлекување на повеќе признавања на Косово, пред сè, на земји од Африка, но на интерактивната мапа Египет е означен со зелена боја, како држава која сè уште се брои во оние што официјално ја признале Приштина. Пред тоа, во 2021, изјава во таква насока дека би дошло до повлекување на признавањето изнел шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ, а шпекулации за повлекување на признавање имало и лани при посетата на Србија од страна на египетскиот претседател Абдел Фатех Ел Сиси.

Сепак, официјална потврда за изнесеното тврдење на Апасиев, нема, па оттука може да се заклучи дека станува збор за невистина.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција