Не постои Јасмина од Тетово, која јадејќи „турски ориз“ ослабела 23 килограми за два месеца

Фото: pixabay.com

На фотографиите споделени во постот не е Јасмина од Тетово, туку е прикажана Шерил Блајт триесет и три годишна жена од Есекс, Англија. Во текстот објавен во „Индепендент“ пред цели 7 години, односно во 2015 г., таа раскажува дека започнала да се здебелува откако ја родила ќерката на 17 годишна возраст. Кога имала 31 години, лекарите ѝ кажале дека доколку не ослабне, до 45-тата година би била мртва или врзана за инвалидска количка. Во следните две години таа успеала да ослабе 153 килограми, откако го намалила внесувањето на јаглехидратите и шеќерот, а почнала и да вежба, односно да пешачи 

На фотографиите споделени во постот не е Јасмина од Тетово, туку е прикажана Шерил Блајт триесет и три годишна жена од Есекс, Англија. Во текстот објавен во „Индепендент“ пред цели 7 години, односно во 2015 г., таа раскажува дека започнала да се здебелува откако ја родила ќерката на 17 годишна возраст. Кога имала 31 години, лекарите ѝ кажале дека доколку не ослабне, до 45-тата година би била мртва или врзана за инвалидска количка. Во следните две години таа успеала да ослабе 153 килограми, откако го намалила внесувањето на јаглехидратите и шеќерот, а почнала и да вежба, односно да пешачи 

 

 

На социјалните мрежи се споделува  објава во која се тврди дека девојка од Тетово ослабела 23 килограми за два месеца! Но, станува збор за дезинформација.

Немав што да загубам, и ја пробав оваа диета…

Ова се вели во постот споделен на Фејсбук страницата „Мое Здравје“, во прилог на кој е линкуван текст со наслов:

Јасмина од Тетово ослабела 23 килограми за два месеци со овој – ТУРСКИ ОРИЗ.

Кога ќе кликнете на текстот, ќе прочитате наводно сведоштва од девојка која се преставува дека е Јасмина од Тетово и која тврди дека изгубила неверојатни 23 килограми за два месеца. Притоа, во написот се вели дека таа ослабела со помош на некој турски ориз, за којшто е даден и рецепт како се приготвува. Освен тоа, без никаков доказ се тврди дека оваа диета била многу популарна во Турција и дека многумина успеале да ги намалат килограмите.

Во рамки на текстот е прикачен колаж од две фотографии, за кои се вели дека се од иста девојка (Јасмина од Тетово) – откако ослабела и со многу повеќе килограми.

Но, вистината е дека не станува збор за Јасмина од Тетово, ниту пак, девојката изгубила 23 килограми за два месеца. Фотографијата ја прикажува Шерил Блајт триесет и три годишна жена од Есекс, Англија, а во текстот објавен во Индепендент“ пред цели 7 години, односно во 2015 година, таа раскажува дека започнала да се здебелува откако ја родила ќерката на 17 годишна возраст. Кога имала 31 години, лекарите ѝ кажале дека до 45-тата година би била мртва или врзана за инвалидска количка доколку не ослабне. Во следните две години таа успеала да ослабе 153 килограми.

А клучот за нејзиното драматично слабеење, вели таа, било едноставно намалување на јаглехидратите и шеќерот. Таа вели дека ги заменила големите количини чоколада за домашно зготвени оброци и поздрави грицки, и почнала да вежба односно да пешачи пред да може повторно да трча.

Иако ова е невистинит пост за Јасмина од Тетово, која, всушност, е измислен лик, сепак видливоста што ја добива е огромна. Објавата има речиси 160 споделувања, над 30 коментари и голем број на реакции.

Приказната на Блајт од Англија е инспиративна, ама сепак станува збор за индивидуален случај. Доколку се борите со вишокот килограми најдобро би било да се посоветувате со стручни лица меѓу кои доктори и нутриционисти. Решението на вашиот проблем не треба да го барате на социјалните мрежи, и особено на треба да им верувате на вакви објави на кои целта им е да добијат што поголема читаност, а не точно да ја информираат јавноста.

Бидете претпазливи што читате на социјалните мрежи, советите и диетите од ваков тип треба да ги земете со резерва, бидејќи постои голема можност да му наштетите на вашето здравје.

 

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција