Не постои план за нов светски поредок со една влада, една религија и една војска

Фото: MARIE SCHNEIDER auf Pixabay

Тврдењето за создавањето на „една светска религија“ потекнува од познатите теории на заговор, како што е теоријата на заговор за Новиот светски поредок. Според овие теории на заговор, повеќето политички и економски случувања во изминатите неколку децении се дел од координираните напори на различни глобални меѓувладини организации за ревизија на меѓународниот политички и економски систем. Во некои толкувања на оваа конспиративна рамка, суштински елемент е создавањето заедничка глобална религија, која последователно ќе го оправда создавањето на тоталитарна глобална влада

Тврдењето за создавањето на „една светска религија“ потекнува од познатите теории на заговор, како што е теоријата на заговор за Новиот светски поредок. Според овие теории на заговор, повеќето политички и економски случувања во изминатите неколку децении се дел од координираните напори на различни глобални меѓувладини организации за ревизија на меѓународниот политички и економски систем. Во некои толкувања на оваа конспиративна рамка, суштински елемент е создавањето заедничка глобална религија, која последователно ќе го оправда создавањето на тоталитарна глобална влада

 

 

Анализираме објава на Фејсбук која ја шири теоријата на заговор за некаков нов светски поредок во кој ќе има една влада, една религија и една војска.

НОВ СВЕТСКИ ПОРЕДОК, ЕДНА ВЛАДА ,ЕДНА ВОЈСКА,ЕДНА РЕЛИГИЈА, а вие уште неверувајте, стои во објавата.

Во објавата е споделен и напис од изјава на  Севселенскиот патријарх Вартоломеј кој ги повикал сите Христијани заедно да го слават Велигден.

Патријархот изрази надеж дека ќе може да се постигне договор за заеднички датум веќе следната година, кога на 20 април ќе се слави Велигден и според Грегоријанскиот и според Јулијанскиот календар, стои во написот.

Скандал е да се слави посебно единствениот настан на едното воскресение на единствениот Господ, рече патријархот Вартоломеј I, кој ја носи титулата „прв меѓу еднаквите“ во источното православие, во неодамнешната проповед, според Orthodox Times, пренесе католичката новинаска агенција.

Идејата Христијаните да го слават Велигден на ист датум не е ништо ново и не заговара никаков нов светски поредок.

Имено, ваков повик дојде и од папата Франциск во 2023 година. Во 2025 година се одбележуваат 1.700 години од Првиот вселенски собор. Во оваа прилика Франциск порача дека сите христијани треба заедно да го слават Велигден во секое време, јави тогаш Спзх.медиа

Во 2025 година, Велигден се паѓа во ист ден и во западниот и во источниот календар, потсетил Папата.

Колку би било прекрасно кога ова би бил конкретен почеток на трајно заедничко празнување на Велигден!, рекол тој на средбата со теолозите од Ватикан.

Како што пишува католичката новинска агенција, папата Франциск, исто така, ја изразил својата намера да постигне договор за воспоставување заеднички датум за Велигден и во 2015 година, кога тој рекол дека двете цркви „мора да се договорат“.

Папата на сличен начин рече дека неединството е скандал и се пошегува дека христијаните можат да си кажат еден на друг: „Кога Христос воскресна од мртвите? Мојот Христос воскресна денес, а твојот следната недела“, пренесува католичката новинска агенција.

Теоријата на заговор за нов светски поредок во кој ќе има една влада, една религија и една војска, не е непозната и за неа Вистиномер досега има пишувано.

Во 2022 година на социјалните мрежи кружеше дезинформација дека се заговара „крисламот“ да биде официјална светска религија. Оваа теорија на заговор, според која папата Франциск потпишал наводна декларација за една единствена светска религија – „крислам“, се ширеше и во 2019 година и истата беше дебанкирана.

Тврдењето за создавањето на „една светска религија“ позната како „крислам“ потекнува од познатите теории на заговор, како што е теоријата на заговор за Новиот светски поредок. Според овие теории на заговор, повеќето политички и економски случувања во изминатите неколку децении се дел од координираните напори на различни глобални меѓувладини организации за ревизија на меѓународниот политички и економски систем. Во некои толкувања на оваа конспиративна рамка, суштински елемент е создавањето заедничка глобална религија, која последователно ќе го оправда создавањето на тоталитарна глобална влада.

Во контекст на оваа теорија на заговор се ширеа дезинформации дека е претставена извесна „агенда на Обединетите нации од 2021 до 2030 година“, упатувајќи на Агенда 21 и Агенда 30 на Обединетите нации.

Како што веќе пишуваше Вистиномер, Агенда 21 е еден од документите кои произлегоа од конференцијата на ОН за животната средина и развој одржана во Рио Де Женеиро. Во агендата има 31 ставка која ги адресира глобалните социјални и економски проблеми, зајакнување на улогите на жените, децата и работниците, како и предложени методи за имплементација. Во овој документ ги нема термините како  „валута, војска, сувренитет…“, кои би упатувале на некаков нов светски поредок, како што тврди објавата што ја анализираме.

Агендата за развој 2030, пак, е резолуција усвоена од ОН во 2015 година, фокусирана на 17 цели кои треба да се постигнат за 15 години. Тоа се:

Да заврши сиромаштијата во сите форми секаде, заедно со гладот, да се обезбеди сигурност дека ќе има храна и подобра исхрана и да се промовира одржлива агрикултура, да се овозможи здрав живот и добросостојба во сите возрасни групи, да се осигури инклузивно и квалитетно образование и можности за доживотно учење за сите, да се постигне еднаквост меѓу половите, да се охрабрат и зајакнат жените и девојчињата, да се обезбеди добар менаџмент на водата, да се осигури достапност на евтин, сигурен и модерен систем за енергија, да се промовира економски раст, достоинствена работа за сите, да се изгради отпорна инфраструктура, да се намали нееднаквоста меѓу земјите, да се направат градовите инклузивни, безбедни и одржливи, да се преземат итни дејства за борба против климатските промени и нивните ефекти, да се конзервираат океани, мориња и марински ресурси за одржлив развој, да се заштитат терестријалните екосистеми, да се менаџираат шумите, да се промовираат мирни и инклузивни општества, да се овозможи правда за сите, да се изградат инклузивни институции на сите нивоа.

И во оваа агенда нема термини кои би потврдиле дека се заговара нов светски поредок со една влада, една религија и една војска.

Нема докази дека ОН ќе етаблираат „една светска влада“ со една војска и валута. Даниел Грос, портпаролка на генералниот секретар на ОН, за „Ју Ес Еј Тудеј“ посочи дека тврдењето е  фабрикувано.

Авторот на извештај за конспирациски теории поврзани со Агенда 21, Хајди Беирихм за АФП Австралија изјави дека ова е десничарска теорија на заговор.

Освен тоа, Агенда 21 и Агенда 2030 не се правно обврзувачки! Агенда 2030 е предмет на секоја посебна земја и нејзините индивидуални заложби, нејзините индивидуални развојни политики, програми и развој.

Имајќи го предвид сето погоре, можеме да заклучиме дека тврдењето дека се подготвува некаков нов светски поредок со една влада, една религија и една војска, е лажно. Според тоа, објавата што ја анализираме ја оценуваме како невистинита.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција