Не, ракот не исчезнува со четири лажици ореви, мед и лимони дневно!

Објава на социјалната мрежа Фексбук дезинформира дека мешавина од: мед, лимони, лук, пченица и ореви, е чудотворен лек за рак. Врз основа на медицински мислења на двајца доктори, директорот на Клиниката за онкологија и уште еден лекар од истата клиника, оценуваме дека не е вистина оти храната е лек против ракот, иако секој човек треба да се храни здраво и да се грижи за своето здравје

Објава на социјалната мрежа Фексбук дезинформира дека мешавина од: мед, лимони, лук, пченица и ореви, е чудотворен лек за рак. Врз основа на медицински мислења на двајца доктори, директорот на Клиниката за онкологија и уште еден лекар од истата клиника, оценуваме дека не е вистина оти храната е лек против ракот, иако секој човек треба да се храни здраво и да се грижи за своето здравје

 

Рецензираме напис со Фејсбук пост во кој се промовира наводен чудотворен лек против рак. „Со четири лажици на ден ракот исчезнува, познат руски научник открива рецепт за најмоќен лек“, се тврди во манипулативниот и крајно неетички наслов, којшто има за цел да промовира текст базиран на комплетни медицински невистини.

Во текстот се тврди дека со 15 лимони, еден килограм мед, 12 чешниња лук, 400 грама пченица и 400 грама свежи ореви, се подготвува наводен чудотворен лек против рак, кој помага карциномот да се повлече и се препорачува да се зема на секои 2 часа доколку се користи за таа намена. Ваквата мешавина во текстот се нарекува „лек“, што е крајно медицински неиздржано тврдење.

Порталот „Критинк“ се обрати до директорот на универзитетската Клиника за радиотерапија и онкологија доктор Нино Васев, кој за конкретната мешавина рече дека не претставува никаков лек за рак.

Ми е жал кога ќе прочитам вакво нешто. Првпат слушам, би сакал следниот пат некој таканаречен научник да каже дека гледање во снег ќе нè направи бели во лицето. Нема никаква научна потврда дека исхрана лекува ракни изјави доктор Васев.

Во написот што го рецензираме, освен што лажно се тврди дека ваквата мешавина е лек против рак, уште и се додава дека треба да се зема во количина од 1 до 2 лажици на секои два часа.

Извесниот професор Христо Мермерски и во странство е претставуван како изумител на овој рецепт, за којшто македонските лекари со специјалност за третман на канцер тврдат дека е невозможен. Така, во Велика Британија, Мермерски е претставен како бугарски професор, за разлика во текстот што го рецензираме каде е претставен како руски професор.

Врз основа на медицински мислења на двајца доктори од Македонија (директорот на Клиниката за онкологија и  уште еден лекар од истата Клиника), оценуваме дека не е вистина оти храната е лек против ракот, иако секој човек треба да се храни здраво и да се грижи за своето здравје.

Написот што е предмет на оваа рецензија е комплетно невнимателен и претставува ризик кој може граѓаните кои се болни од канцер, да ги наведе на погрешен заклучок дека треба да се откажат од конвенционалната медицина и да го бараат спасот во непостоечки „лекови“ од лимони и ореви.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција