Неисполнето: Нема „безбедно минување на улиците“ за учениците во Центар
Обезбедување на персонал за безбедно преминување на учениците и нивните родители во соодветните термини пред почетокот и по завршетокот на наставата, на сообраќајниците во непосредна близина на градинките и основните училишта
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Ова е неисполнето ветување на градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, наведено во неговата Изборна програма Време е (стр.9), со која тој настапи на локалните избори 2013 година.
При пребарувањето низ интернет, не може да се најде ниту еден запис дека вакво нешто е реализирано.
За да провериме дали ова ветување е исполнето, разговаравме со наставници и родители од на деца кои учат во основното училиште „11 Октомври“ во Општина Центар. Ова училиште, инаку, излегува на четири улици (булеварите „Трета македонска бригада“ и „Крушевска Република, како и улиците „Никола Карев“ и „Чичо Поповиќ“).
Татјана Србиновска, родител во ова училиште ни изјави:
Училиштето е во најпрометниот дел од Скопје, од секоја страна има улици. Ние, родителите ги носиме децата на училиште, посебно помалите затоа што од каде и да дојдат има улици. Засега нема некој што обезбедува за безбедно да се премине улицата, вели таа.
Истото го потврдуваат и наставниците во училиштетето.
За ова ветување разговаравме и со дел од родителите во „Јохан Хајнрих Песталоци“. И тие тврдат дека не чуле за вакво нешто.
Побаравме одговор и од Општина Центар за тоа дали во иднина се предвидени вакви мерки, но и по три дена чекање не добивме одговор .
Со оглед на сето ова, може да се каже дека, досега (04.03.2016), ова изборно ветување на Жерновски не е исполнето.
ЛИНКОВИ:
- Изборна програма на градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски Време е (стр.9) [Пристапено на 04.03.2016]
Оценето од: Владе Ѓорчев
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар