Нема докази дека германскиот министерот за здравство добил нарколепсија од ковид вакцините
Видеото на кое се гледа германскиот министер за здравство, Карл Лаутербах како да заспива, не докажува дека тој развил нарколепсија поради вакцините против ковид-19. Станува збор за видео извадено од контекст. Всушност, Лаутербах ја наведнува главата за да се фокусира на прашањето и за само 4 секунди тој се враќа во исправена позиција за да одговори, што може да се види доколку се погледне целосниот материјал од прес-конференцијата. За Лаутербах не е познато, ниту е некаде објавено дека страда од нарколепсија, состојба која би била многу важна во извршувањето на неговата функција. За вакцините против ковид -19, пак, нема докази дека предизвикуваат нарколепсија
Видеото на кое се гледа германскиот министер за здравство, Карл Лаутербах како да заспива, не докажува дека тој развил нарколепсија поради вакцините против ковид-19. Станува збор за видео извадено од контекст. Всушност, Лаутербах ја наведнува главата за да се фокусира на прашањето и за само 4 секунди тој се враќа во исправена позиција за да одговори, што може да се види доколку се погледне целосниот материјал од прес-конференцијата. За Лаутербах не е познато, ниту е некаде објавено дека страда од нарколепсија, состојба која би била многу важна во извршувањето на неговата функција. За вакцините против ковид -19, пак, нема докази дека предизвикуваат нарколепсија
Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се тврди дека германскиот министер за здравство, Карл Лаутербах „повторно заспал“ за време на прес-конференција.
Германскиот министер за здравство повторно (3 пати) заспал за време на прес-конференција.
Со оглед на тоа дека примил 4 дози, може да се заклучи дека добил нарколепсија, како несакано дејство на вакцините против Ковид 19, се вели во постот што го рецензираме.
Кој е Карл Лаутербах, германскиот министер за здравство?
Што е нарколепсија?
Нарколепсија е ретка состојба која предизвикува човек да заспие без предупредување. Истражувањата уште се спроведуваат за да се испитаат ефектите на пандемијата на ковид-19 и ковид вакцината врз лицата со нарколепсија.
Тоа е ретка долгорочна состојба на мозокот која превенира луѓе да имаат вообичаен редовен сон. Иако не предизвикува долгорочни здравствени проблеми може да го афектира дневниот живот на луѓето кои ја имаат. Се јавува поради ниски нивоа на хипотекрин односно орексин во мозокот. Има два типа нарколепсија тип 1 и тип 2.
Според една студија од 2021 година, генетските предиспозиции за нарколепсија и изложеноста на вирусни инфекции може да го зголемат нивото на реакција кај имуниот систем на луѓето. Ова може да ги нападне невроните кои продуцираат орексин, а орексин го регулира сонот на човекот.
Студијата понатаму сугерира дека воспалителниот одговор од инфекција со ковид-19, може да предизвика хроничен автоимун и невродегенеративен проблем. Овие инфекции може да предизвикаат нарколепсија.
Експертите немаат направено големи студии за одговорот на оние со нарколепсија на вакцината против ковид-19. Нема докази дека вакцината против ковид 19 од кој било производител предизвикува нарколепсија.
На 10 јануари 2021 година британската организација за поддршка на лицата со нарколепсија „Нарколепси“, објави дека вакцините против ковид-19 не се ризик за лицата кои страдаат од оваа состојба. Ова доаѓа особено откако вакцината „Пандемрикс“ против свински грип во 2009 година беше поврзана со сомнеж за појава на нарколепсија кај некои луѓе. Затоа е разбирливо што повеќето луѓе имаат прашања за вакцинацијата против Сарс Ков 2 вирусот.
Сарс Ков 2 вирусот – патоген одговорен за ковид-19, е коронавирус, а не вирус на инфлуенца. Повеќето вакцини кои се против ковид-19, вклучително и трите вакцини моментално лиценцирани за употреба во Велика Британија, функционираат на начин што го стимулираат имуниот систем да произведува антитела специфични за ков 2 спајк протеинот. Поради тоа што ков 2 спајк протеинот има сосема поинаква структура од Ха 1 Ен 1 нуклеопротеинот користен во „Пандемрикс“ вакцината, нема научна причина зошто која било од моментално лиценцираните вакцини на „Фајзер“, „Астра Зенека“ и „Модерна“ би предизвикале автоимун напад на клетките што произведуваат хипокретин во мозокот, пишува на официјалната страница на организацијата.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар