Нема докази дека пензионираниот американски адмирал Ерик Олсон е заробен од руските сили

Во постот  кој е прилично вирелен на Фејсбук нема извор, ниту доказ на кој би се темелело тврдењето дека американскиот адмирал Ерик Олсон бил наводно заробен во Украина. На фотографијата којашто се споделува во повеќе постови на социјалната мрежа Твитер и на блогови, како „крунски доказ“ дека адмиралот е заробен, не се наоѓа Олсон. Како што пишуваат проверувачи на факти од „Лид Сторис“, фотографијата е од 14 април 2022 година, што е повеќе недели пред украинската армија да објави дека ја завршила својата мисија во Мариупол и дека некои украински војници се предале на руските трупи. „Вистиномер“ не ја најде објавена информацијата за Олсон во ниту еден кредибилен светски медиум. За неа нема потврда од Пентагон

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

Пензионираниот адмирал на американската морнарица Ерик Олсон заробен од руските сили во фабриката Азовстал, Мариупол.

Во постот  кој е прилично вирелен, во моментот на пишувањето на оваа рецензија има над 450 интеракции (допаѓања, споделувања и коментари), нема извор ниту доказ на кој би се темелело тврдењето дека американскиот адмирал бил наводно заробен во Украина. Иако во склоп на постот не е споделена фотографија од адмиралот, сепак, кога со пребарувачот Гугл ќе се побара оригиналниот извор на информацијата дека Олсон бил наводно заробен од руските сили во фабриката „Азовстал“ Мариупол, се доаѓа до една широко распространета фотографија, која треба да претставува „доказ“ за тврдењето.

Токму оваа фотографија во повеќе постови на социјалната мрежа Твитер и на блогови, е посочувана како доказ дека Олсон е заробен. Но, на фотографијата не се наоѓа Олсон. Како што пишуваат проверувачи на факти од „Лид Сторис“, фотографијата е од 14 април 2022 година, што е недели пред украинската армија да објави дека ја завршила својата мисија во Мариупол и дека некои украински војници се предале на руските трупи.

Човекот од долниот дел од фотографијата е адмирал кој се пензионирал од американската војска во 2011 година.

„Лид Сторис“ објавува дека долната фотографија е објавена на 14 април 2022 година, со наслов:

Украински воени затвореници присуствуваа на настан во чест на убиените во Луганск како резултат на бомбардирањето во 2014.

Објавен бил и напис од рускиот државно контролиран медиум Риа со наслов: „Не забораваме не простуваме“ и тоа на 14 април 2022 година, еден месец пред да се објави дека наводно Олсон бил заробен.

Евакуацијата на украинските војници од Азовстал беше објавено на 16 мај, според „Њујорк Тајмс“ и други кредибилни медиуми.

Ова е неколку недели по објавувањето на фотографијата!

Што се однесува до сликата од Олсон од долниот дел на колажот, таа е од 2009 година.

Италијанскиот медиум „Ла Нотициа“, пак, пишува дека Олсон е пензиониран и сега има 70 години. На споделената фотографија, која треба да го прикаже неговото „присуство“ во Украина, не може да се каже дека човекот има 70 години. Половина од неговото лице е прекриено со капа, а човекот изгледа помлад.

„Ла Нотициа“ додава дека е лажна информацијата според која Олсон е заробен во Украина и дека претставува дел од руската антизападна пропаганда. „Вистиномер“ не ја најде објавена информацијата за Олсон во ниту еден кредибилен светски медиум. За неа нема потврда од Пентагон.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека нема докази дека пензионираниот адмирал на американската морнарица, Ерик Олсон е заробен од руските сили.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција