Нема војници на Бундесверот во Украина, ниту пак, има германски тенковски екипажи

Фото: скриншот од дел од објавата

Во неделата на 24 септември, германското Министерство за одбрана ја демантираше информацијата што ја пренесоа руските државни медиуми дека наводно е уништен германски тенк Леопард со екипаж од Бундесверот во воената зона во Украина.

Во неделата на 24 септември, германското Министерство за одбрана ја демантираше информацијата што ја пренесоа руските државни медиуми дека наводно е уништен германски тенк Леопард со екипаж од Бундесверот во воената зона во Украина. Покрај ова, општо е познато дека западните земји внимаваат да не испраќаат свој персонал во Украина заедно со военатa помош поради што и се организираат долготрајни обуки на украинските војници пред да ја преземат опремата и оружјето

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува медиумски напис, чиј основен извор е рускиот медиум Спутник и каде се вели:

Возачот на оштетениот тенк неколку пати рече дека не е платеник, туку војник на Бундесверот и дека целата екипа е од една чета, додаде војникот.

Во насловот од текстот пишува дека Русите уништиле тенк Леопард со германски екипаж кој пристигнал во Украина. Потоа се споделува наводна изјава од анонимен извор со наводно кодно име ,,Легенда”.

Кога запревме уште еден самоубиствен напад во серија и го уништивме леопардот, се упативме кон запалената опрема со надеж дека ќе фатиме некого. Утврдивме дека возачот на тенкот е тешко ранет, а другите се мртви. Механичарот, кога тој се разбуди и не виде, почна да вика не пукај. Возачот на оштетениот тенк неколку пати рече дека не е платеник, туку војник на Бундесверот и дека целата екипа е од една чета, изјави за „Спутник“ командантот на извидничката група која дејствува во правец на Запорожје, со кодно име „Легенда“.

Потоа во текстот се кажува дека германскиот војник починал ама претходно објаснил дека многу се кае што дошол во Украина, а изворот повторно е ,,Легенда”.

Текстот завршува со апел од командантот на извидничката група кој е без име, упатен до ,,западните инструктори да размислат пред да тргнат во битка со Русите”.

Нека мислат сами, за децата, за жените, пред да се борат против Русите, им рекол разузнавачот на западните инструктори.

Написот се темели на анонимни извори, но во него се наведува дека тенк Леопард бил сопрен, а дека во него биле припадници на чета на Бундесверот.

Меѓутоа, како што известува Дојче Веле во телефонски разговор за нивниот медиум, во неделата на 24 септември, германското Министерство за одбрана ја демантираше информацијата што ја пренесоа руските државни медиуми дека наводно е уништен германски тенк Леопард со екипаж од Бундесверот во воената зона во Украина.

„Нема германски екипажи на тенковите во Украина“, изјавил претставникот на министерството за Дојче Веле.

Потоа медиумот го наведува бекграундот на сторијата. Притоа, се наведува што објавиле руските медиуми на 23 септември и на кого се повикуваат. Изворот на оваа информација бил извесен командант на извидничка група која дејствувала во областа Запорожје. Како што објавија руските државни медиуми, некој што добро знаел германски тврдел дека целата екипа на уништениот тенк Леопард загинала, а тешко ранетиот возач кога ги видел руските војници почнал да им вика да не пукаат. Токму тој, наводно рекол дека е службеник на Бундесверот и дека целата екипа од тенкот е од исто место, а подоцна починал поради загуба на крв.

Како што е наведено на веб страницата на Министерството за одбрана на Германија, Германија ја поддржува Украина со снабдување со оружје и опрема од залихите на Бундесверот и со помош на залихи од индустријата финансирана од посебна програма која им овозможува на луѓето на терен да преземат одговорност за сопствената безбедност. Во моментот како дел од оваа програма Германија префрли на Украина 20 тенкови Леопард 1А5 и 18 тенкови Леопард 2А6.

Покрај тоа, општо познат факт е дека западните земји, посебно Германија внимаваат да не вмешаат свои војници во рамките на воената помош што ја доделуваат, бидејќи токму тоа може да биде повод да бидат вовлечени во војната, а со тоа и НАТО. Затоа и беа организирани повеќемесечни обуки на припадници на украинската армија пред да биде доделена помошта.

Дојче Веле во истиот текст потсетува и на својот текст објавен на 18 септември годинава, во кој е наведено истражување на три независни руски медиуми околу поврзаноста на ПР компанијата АНО Дијалог со руската влада, токму со цел да се менаџираат информациите на интерент во полза на Кремљ и на Министерството за одбрана. Договорт со владата изнесувал 9 милијарди рубли, се вели во сторијата, кое го пренесе истражувањето.

Поради сите горенаведени факти, постот кој го рецензираме го оценуваме како невистинит. За слични сознанија извести и украинскиот медиум Правда.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција