Невистинито: На фотографијата не се жени кои ги пријавиле сопрузите за мобилизација во украинската војска

Фото: Официјалната Фејсбук страница на територијалната заедница Лозова

На фотографијата не се прикажани жени кои биле наградени затоа што ги пријавиле своите сопрузи во војска, туку жени од урбаната заедница Лозова кои изработиле и спровеле голем проект за овековечување на споменот на загинатите војници од заедницата. Тие биле вклучени во изработка на повеќе проекти поради што градоначалникот им се заблагодарил

На фотографијата не се прикажани жени кои биле наградени затоа што ги пријавиле своите сопрузи во војска, туку жени од урбаната заедница Лозова кои изработиле и спровеле голем проект за овековечување на споменот на загинатите војници од заедницата. Тие биле вклучени во изработка на повеќе проекти поради што градоначалникот им се заблагодарил

 

Анализираме објава на Фејсбук која споделува фотографија од неколку жени кои во рацете држат цвеќиња и плакети, притоа тврди дека тие биле наградени парично затоа што ги пријавиле своите мажи кај мобилизациските власти во Украина.

 Шо да речам, стои во објавата која ја споделува фотографијата.

Нашата проверка покажа дека тврдењето во објавата е погрешно. Имено, фотографија на која се гледаат седум жени кои држат сертификати и цвеќиња е направена во општина Лозова во Харков, што е видливо и од позадината на натписот „Градски совет на Лозова“. Меѓутоа, информациите споделени во објавата се фабрикувани.

Како што објавува порталот 2024 press на фотографијата се членови на работната група на урбаната територијална заедница Лозова, кои изработиле и спровеле голем проект за овековечување на споменот на загинатите војници од заедницата.

На 25 март, шефот на заедницата им се заблагодарил на членовите на групата за „значајниот личен придонес за овековечување на споменот на паднатите бранители на Украина, за големата работа извршена за да се изработи Книгата за сеќавање и Патеката на славните“.

Оваа фотографија првично била објавена на официјалната Фејсбук страница на територијалната заедница на градот Лозова. На 25 март, заедницата им укажала чест и благодарност на оние кои биле вклучени во организирањето настани во чест на споменот на загинатите бранители на Украина.

На фотографијата се прикажани членовите на работната група која го развила и спровела проектот во спомен на паднатите херои, особено – опремата на Меморијалното катче, Книгата за сеќавање на паднатите војници од заедницата Лозова, како и уредувањето на воениот погребен сектор „Поле на славата“ на Централните гробишта и Алејата на славните во Паркот на победата.

Во работата на групата, како што е наведено во публикацијата, присуствувале и локални претставници и претставници на образовните институции и културата, семејствата на жртвите, волонтери, историчари и загрижените жители на заедницата.

На веб-страницата на територијалната заедница на градот Лозова може да се најде целосен список на оние кои добиле благодарност од претседателот на заедницата за „значајниот личен придонес во овековечувањето на споменот на паднатите бранители на Украина“.

Значи, на фотографијата не се прикажани жени кои биле наградени затоа што ги пријавиле своите сопрузи во војска, како што тоа го тврди објавата што ја анализираме, туку жени од урбаната територијална заедница Лозова, кои во рамки на работна група изработиле и спровеле голем проект за овековечување на споменот на загинатите војници од заедницата. Тие биле вклучени во изработка на повеќе проекти поради што градоначалникот им се заблагодарил. Поради сето ова, оценуваме дека објавата е погрешна.

 

 



 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција