Објава полна со теории на заговор шири невистини за етничко чистење на православни

Фото: Markus Winkler Pixabay

Никој не нè труе и убива со прскање отрови, со вакцини, лекарства и ГМО храна. Тврдењата за такво нешто изнесени во објавата не се поткрепени со никакви факти и докази. Но, затоа има медицински факти и докази дека не постојат „кемтрејлс“ и дека вакцините спасуваат животи. Што се однесува до болестите набројани во објавата, ниедна од нив нема врска со наведените причини, односно, сида, аутизам и рак не се поврзани со вакцини, лекарства или ГМО, а уште помалку со некакво прскање од воздух. Не постои никакво етничко чистење на православци, туку од наведените болести страдаат луѓе од сите вери и националности

 

Никој не нè труе и убива со прскање отрови, со вакцини, лекарства и ГМО храна. Тврдењата за такво нешто изнесени во објавата не се поткрепени со никакви факти и докази. Но, затоа има медицински факти и докази дека не постојат „кемтрејлс“ и дека вакцините спасуваат животи. Што се однесува до болестите набројани во објавата, ниедна од нив нема врска со наведените причини, односно, сида, аутизам и рак не се поврзани со вакцини, лекарства или ГМО, а уште помалку со некакво прскање од воздух. Не постои никакво етничко чистење на православци, туку од наведените болести страдаат луѓе од сите вери и националности

 

Анализираме објава на Фејсбук која изнесува низа непоткрепени работи и теории на заговор.

SDSH, UCK I DPSHNE ODRABOTUVAAT ZA STRATESHKITE PEDONACI FASHISTI, VE ZAMAJUVAAT SO RAZNI OHRIDSKI,PRESPANSKI TATARSKI itn.DOGOVORI DODEKA MOMENTALNO SE SPROVEDUVA ETNICKO CISTENJE NA `PRAVOSLAVCITE PREKU VOZDUHOT, VAKCINITE, LEKARSTVATA I GMO HRANATA. VASITE BABI I DEDOVCI NEMALE SIDA, MPLS, RAK, AUTISAM, NEPLODNOST, BROJOT NA OBOLENI OD RAK VO POSLEDNITE 3 GODINI VO MKD E ZGOLEMEN ZA 80% DODEKA VO SRBIJA ZA OKOLU 200%. LUGEE VE UBIVAAT KAKO BESNI KUCINJA I PAK GI GLASATE….. VIE STE DNOTO VO OVAAA VUKOJEBINA A NE TIE….., стои во објавата која ја анализираме.

Објавата изнесува неколку неосновани и лажни тврдења кои се дел од бројни теории на заговор за кои Вистиномер има пишувано во повеќе наврати. Но, да одиме по ред. Прво, се тврди дека се спроведува „етничко чистење на православците преку воздухот, вакцините, лекарствата и ГМО храната“. Потоа, објавата посочува дека нашите баби и дедовци немале сида, рак, аутизам и неплодност и дека сега сето ова се должи на претходно набројаното.

Меѓутоа, нема никакво етничко чистење на православци. Болни од сида, рак, аутизам и неплодност има кај луѓе од сите вери, не само кај православните. Никој не нè прска од воздух со ништо. Ваквите „кемтрејлс“ теории на заговор не се ништо ново и за нив досега многупати сме пишувале.

Според истражувачите од Универзитетот Харвард од САД, кои проучувале вакви заговорнички теории, не е најден „ниту еден веродостоен доказ дека кемтрејлс постои“.

Исто така, во врска со оваа тема „Форбс“ објави студија, според која панел од 76 хемичари и научници од Универзитетот Ирвин, Калифорнија, изјавиле дека никогаш не дошле до докази оти постојат големи програми за хемиско прскање од авиони, со цел да се наштети на здравјето на граѓаните и со цел да се влијае на атмосферата. 

Оваа теорија на заговор е актуелна од појавата на интернетот. Уште може да пронајдете бројни интернет страници, кои го промовираат овој вид на псевдонаука. Нашето истражување покажа дека научната заедница не се согласува со тврдењата оти владата, армијата, авиокомпаниите и други субјекти се здружиле во широка мисија да ја отрујат планетата со прскање преку авиони, вели Стивен Дејвис, професор и научник од универзитетот Ирвин во Калифорнија.

Во објавата се посочуваат и вакцините како еден од убијците на луѓето.

Не е точно дека вакцините се штетни. Напротив, тие спасувале и спасуваат милиони луѓе годишно. Никогаш немало ниту една веродостојна студија која ги поврзува вакцините со долгорочни здравствени состојби.

Вообичаено, теоретичарите на заговор ги поврзуваат вакцините со појавата на аутизмот, но најмалку 20 студии покажуваат дека вакцините не се поврзани со него. Тоа во интервју за „Вистиномер“ го потврдува и пензионираниот раководител на службата за општа хигиена и здравствена екологија при Центарот за јавно здравје Тетово, доктор Џавид Фејзули. Во интервјуто тој говори за придобивките од вакцинацијата, како и за антиваксерите.

Со вакцинација ние спречивме детска парализа, дифтериија, тетанус, заушки, доста заразни болести кои напаѓале и од кои се умирало. Но, еве ги немаме тие болести и тоа значи дека вакцинацијата како медицинска метода е за поздравување и целта е да спречи болест или да ја ублажи. Ама, сега оваа работа е испревртена и од одредени лекари. Ќе се најдат лекари, не знам како, но моја претпоставка е поради одредени интереси, ќе покренат прашање што не е докажано и ќе го форсираат во јавноста. Земете пример со аутистичниот спектар, цел свет се дигна на нозе дека поради одредена вакцина се појавува аутизам кај децата, а тоа го пласираат колеги лекари. Сега одредени американски статистики, велат дека на секои 50 породувања има по едно аутистично дете, ама не е од вакцината и тоа официјално се докажа. Така што, сега ако некој лекар каже нешто, широката маса се приврзува кон тоа што го кажал и затоа се појавуваат антиваксери, посочува д-р Фејзули.

Многу родители, некогаш и под влијание на социјалните мрежи, немаат доверба во вакцините. Истражувањата, сепак, покажуваат дека повеќето од најголемите стравови на родителите за вакцинација се неосновани.

Имунизацијата претставува еднo од најголемите достигнувања во историјата на медицината и е најбезбедна, најефикасна и економски најоправдана превентивна мерка, која директно  за намалување на морбидитетот и морталитетот од заразните заболувања.

Вакцинацијата помага да се стават под контрола над 20 болести како туберкулоза, дифтерија, детска парализа, сипаници, заушки и многу други, кои без вакцините би биле смртоносни за многу деца и возрасни ширум светот. Податоците на Светската здравствена организација (СЗО) покажуваат дека вакцинирањето спречува два до три милиони смртни случаи од болести во светот секоја година.

Што се однесува до тврдењето за ГМО храната, во Северна Македонија се уште нема такво нешто. Имено, правната рамка за ГМО храната е пропишана со Законот за генетски модифицирани организми и Законот за безбедност на храната каде што во член 4 став 1 точка 61 е дефинирана ГМО храната и одредбите во член 56 кои се однесуваат на ГМО храната. Со одлука на Владата на РСМ овие одредби имаат одложена примена и ќе важат по приемот на С. Македонија во Европската Унија.

Во Европската Унија, ГМО храната подлежи на строги правила на контрола и авторизација пред да се стави на пазарот со цел да се осигура, односно гарантира  нејзината безбедност, а со тоа да се обезбеди високо ниво на заштита на здравјето на потрошувачите. Согласно прописите за посебните барања за безбедност на овој вид храна, ГМО храна не смее да:

  • има негативни ефекти врз здравјето на луѓето, животните и животната средина
  • го доведува во заблуда потрошувачот во однос на нејзиниот состав и својства
  • се разликува од храната и состојките на храната кои треба да ги заменат, до таа мера, што нивната нормална консумација би имала негативен ефект за потрошувачот во прехранбена смисла.ж

Објавата понатаму тврди дека нашите баби и дедовци немале сида, рак, аутизам и неплодност. Ништо од ова не е последица на вакцините и на прскањето отрови од воздухот, како што се тврди. Нашите баби и дедовци немале сида, затоа што сидата за првпат како вирус бил изолиран во 1983 година од страна на француските виролози Лик Монтање и Франсоаз Баре-Синуси го изолираа ХИВ на Пастер-институтот во Париз. За оваа болест првпат се пишувало во американските медиуми во 1981 година. Во 1982 година беа објавени првите случаи на ХИВ инфекции во Германија, а за тоа време вирусот се ширеше побрзо и низ целиот свет.

ХИВ се шири преку инфицирани телесни секрети, доколку тие доспеат во крвта кај друг човек. Во следните телесни течности: крв, сперма, пред-семена течност, вагинални секрети и мајчино млеко вирусот го има во доволни концентрации за да може истиот да се пренесе. Додека во пот, солзи, плунка, урина, фецес, вирусот го нема во доволна концентрација и преку овие телесни течности вирусот не може да се пренесе.

Видовите на рак пред сè, се болест последица на животната средина, 90-95 отсто од случаите  се должат на начинот на живот и факторите на животната средина и 5-10 отсто кои се должат на генетиката. Најчестите фактори на средината кои доведуваат до рак (15-20 отсто) се: тутунот (25-30 отсто), начинот на исхрана и преголемата тежина (30-35 отсто), инфекциите (15-20 отсто), зрачењето, стресот, недостатокот на физичка активност и загадувачите на животната средина. Рак имало и во време на нашите баби и дедовци и сега. Но, никогаш немало никакви медицински докази дека од рак се заразуваме поради некакво прскање со отрови од воздухот или пак од вакцини и лекарства.

Аутизмот или како уште ја нарекуваат болест на модерното време, има цврста генетска основа, но генетскиот состав на аутизмот е сложен и не е јасно дали се објаснува повеќе со ретки мутации, кои имаат огромни ефекти, или пак, со мултигенски интеракции на нормалните гени. Во ретки случаи аутизмот е поврзан со фактори кои предизвикуваат вродени малформации. Постојат и многу контроверзни теории за некои причинители, коишто можат да произлезат од опкружувањето, како што се тешките метали, пестицидите или вакцините, кои се примаат во раното детство. Хипотезите за вакцините се биолошки невозможни и не се потврдени со достојни научни докази.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека никој не нè труе и убива со прскање отрови, со вакцини, лекарства и ГМО храна. Тврдењата за такво нешто изнесени во објавата не се поткрепени со никакви факти и докази. Но, затоа има медицински факти и докази дека не постојат „кемтрејлс“ и дека вакцините спасуваат животи. Што се однесува до болестите набројани во објавата, ниедна од нив нема врска со наведените причини, односно, сида, аутизам и рак не се поврзани со вакцини, лекарства или ГМО, а уште помалку со некакво прскање од воздух. Не постои никакво етничко чистење на православци, туку од наведените болести страдаат луѓе од сите вери и националности. Целата објава е полна со неиздржани тези и претставува своеволно толкување на нештата, без да понуди некакви факти или докази. Поради тоа, истата ја оценуваме како неточна.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција