Ова не е министерот за финансии на Нигер, туку поранешниот министер за правда

Фото: Принтскрин видео

Не е точно дека на видеото се гледа министерот за финансии на Нигер како плаче, затоа што наводно му се заканува стрелање доколку не објасни каде завршиле парите на народот. Видеото е од 2021 година, на него е претставен поранешниот министер за правда Мароу Амадоу и истото нема никаква врска со министерот за финансии или пучот што се случи во Нигер

Не е точно дека на видеото се гледа министерот за финансии на Нигер како плаче, затоа што наводно му се заканува стрелање доколку не објасни каде завршиле парите на народот. Видеото е од 2021 година, на него е претставен поранешниот министер за правда Мароу Амадоу и истото нема никаква врска со министерот за финансии или пучот што се случи во Нигер

 

 

Рецензираме oбјава на социјалната мрежа Фејсбук во којашто се споделува видеоматеријал од човек кој плаче, а во описот пишува:

Откако квинслишката про-западна власт е соборена во Нигер, на министерот за финансии му е даден рок од 48 часа да објасни како парите на народот завршија во Франција и САД, или ќе биде стрелан. Ова е реакцијата на министерот.

Меѓутоа, на видеото не се наоѓа министерот за финансии на Нигер, ниту пак, плачењето е поврзано со закана за стрелање и проневера на пари.

Како што пишуваат проверувачите на факти на Ројтерс, министерот за финансии на Нигер, Ахмет Џихуд не е човекот на видеото од објавата што ја рецензираме, а којашто нашироко се споделува на социјалните мрежи. Објавата во моментот на нашата рецензија има 180 допаѓања, над 35 коментари и 13 илјади прегледи.

Видеото може да се најде објавено на социјалните мрежи во декември 2021 година и во овие објави лицето од видеото е идентификувано како Мароу Амадоу, тогашен министер за правда на Нигер.

Видеото е снимено на настан за пуштање во употреба на Центар за студии и истражувања за климата во Африка, климатски и безбедносен тинк-тенк основан од страна на Амадоу. Според насловот на овие постови, тој е пресреќен и преплавен со емоции откако му се заблагодарува на поранешниот претседател на Нигер, Махмадоу Исуфоу за неговата поддршка. Амадоу може да се види и на други фотографии од настанот објавени од агенцијата Нигерине д прес.

Видеото, пак, објавено од страна на телевизискиот канал од Мароко „Меди1ТВ“ го прикажува Амадоу како говори на ова отворање на настанот.

 

Поради сите горенаведени факти, оваа објава на Фејсбук ја оценуваме како невистинита.

Не е точно дека на видеото се гледа министерот за финансии на Нигер како плаче, затоа што наводно требало да објасни каде завршиле парите на народот или во спротивно му се заканува стрелање. Видеото е од 2021 година, на него е претставен поранешниот министер за правда Мароу Амадоу и истото нема никаква врска со министерот за финансии или пучот што се случи во Нигер.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција