Палевски не бил ослободен во Турција, во затвор е во Баликесир

Фото: Принтскрин видео Јутјуб

Тврдењето дека Палчо бил ослободен во Турција  е неточно, тоа не соодветствува со фактите и со изјавите и информациите кои доаѓаат од официјални лица и институции. Спротивно на тврдењето во објавата, има потврда од Републичкото јавно обвинителство Баликесир – Турција, за која на 29 декември информираше македонското Министерство за правда, дека на Палевски му бил одреден привремен затвор од 40 дена во затворот во Баликесир, градот каде што беше уапсен. Претходно Министерството за правда испрати барање до турските власти за негова екстрадиција

Тврдењето дека Палчо бил ослободен во Турција  е неточно, тоа не соодветствува со фактите и со изјавите и информациите кои доаѓаат од официјални лица и институции. Спротивно на тврдењето во објавата, има потврда од Републичкото јавно обвинителство Баликесир, Турција, за која на 29 декември информираше македонското Министерство за правда, дека на Палевски му бил одреден привремен затвор од 40 дена во затворот во Баликесир, градот каде што беше уапсен. Претходно, Министерството за правда испрати барање до турските власти за негова екстрадиција

 

 

Анализираме објава на Фејсбук која тврди дека првоосомничениот за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, Љупчо Палевски-Палчо, бил ослободен во Турција.

Палчо бил ослободен во Турција. Обиџуко ќе пукне од мака медиумите мораат да молчат не смеат да објават. Демокртсија у п**ку ма*ер, стои во објавата.

Љупчо Палевски беше уапсен на 6 декември 2023 година во градот Баликесир во Турција. Министерството за правда, еден ден подоцна, на 7 декември 2023 година, го испрати барањето за негова екстрадиција.

Oригинал документ е испратен по ДХЛ до Министерството за правда на Република Турција, а во скенирана верзија е пратен и до Интерпол. Очекуваме соработка со правосудните органи на Република Турција, навремено процесуирање и постапување од нивна страна во најкус можен рок“, соопшти тогаш Министерството за правда, пренесе „360 степени“.

Тврдењето изнесено во објавата која ја анализираме, дека Палевски бил ослободен во Турција и дека медиумите молчеле за тоа, не е точно. Имено, Министерството за правда, на 29 декември 2023 година, повикувајќи се на соопштение од Републичкото јавно обвинителство Баликесир, Турција, информираше дека на Палевски му бил одреден привремен затвор во траење од 40 дена во затворот во Баликесир.

Во дописот од Републичкото јавно обвинителство Баликесир – Турција информираат дека на лицето Љупчо Палевски, кој со потерница беше уапсен за кривично дело – намерно убиство на дете, согласно Законот 6706 член 14 , со цел да се обезбеди екстрадиција на лицето во наведената земја (РСМ), согласно член 16 од Европската конвенција за екстрадиција на криминалци, му е одреден привремен затвор во траење од 40 дена, информираа од македонското Министерство за правда, пренесе Мкд.мк.

Претходно, на 27 декември 2023 година, министерот за правда, Кренар Лога, во изјава за медиумите, прашан до каде е процесот за екстрадицијата на Палевски, првоосомничен за двојното убиство, рече дека нема нова информација околу тоа и дека ако има нова информација таа ќе биде навремено споделена со јавноста.

Досега немаме никаква информација дополнително да ја споделуваме со вас. Кажавме и минатиот пат на прес-конференција и со премиерот, кога и да имаме тоа ќе биде споделено со јавноста и со вас, изјави Лога, пренесе Независен.

Тврдењето дека Палчо бил ослободен во Турција  е неточно, тоа не соодветствува со фактите и со изјавите и информациите кои доаѓаат од официјални лица и институции. Спротивно на тврдењето во објавата, има потврда од Републичкото јавно обвинителство Баликесир, Турција, за која информираше македонското Министерство за правда, дека на Палевски му бил одреден привремен затвор од 40 дена во затворот во Баликесир, градот каде што беше уапсен. Претходно Министерството за правда испрати барање до турските власти за негова екстрадиција. Поради сето ова, можеме да заклучиме дека објавата што ја анализираме е невистинита.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција