Пендаровски се фотографирал со убиениот Оки во 2019 година кога бил претседателски кандидат

Фото: pretsedatel.mk

Фотографијата не е направена во претседателскиот кабинет, туку за време на кампањата за претседателските избори во 2019 година, кога Пендаровски беше кандидат за претседател. Службите немаат исти надлежности за претседателските кандидати, како за личноста којашто ја има функцијата претседател на државата. Следствено на тоа, тие немале надлежност да прават какви било проверки за лицата кои му приоѓале на Пендаровски за фотографирање, кога тој бил кандидат за претседател на државата, а не избран претседател

Фотографијата не е направена во претседателскиот кабинет, туку пред четири години за време на кампањата за претседателските избори, кога Пендаровски беше кандидат за претседател. Службите немаат исти надлежности за претседателските кандидати, како за личноста којашто ја има функцијата претседател на државата. Следствено на тоа, тие немале надлежност да прават какви било проверки за лицата кои му приоѓале на Пендаровски за фотографирање, кога тој бил кандидат за претседател на државата, а не избран претседател

 

 

Објава на Фејсбук манипулира дека претседателот на државата Стево Пендаровски во својот кабинет се сликал со наркобосови, а службите кои го дозволиле тоа треба да одговараат кривично и да бидат избркани од работа. Оваа објава прави извртување на вистината и со тоа ја манипулира јавноста да добие погрешен впечаток.

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДРЖАВА СЕ СЛИКА СО НАРКО БОСОВИ И ДИЛЕРИ ВО СВОЈОТ КАБИНЕТ !!!

СЕ ПРАШУВАМ КАКО СЛУЖБИТЕ ДОЗВОЛИЛЕ ???

АКО ЗНАЕЛЕ А ДОЗВОЛИЛЕ ТРЕБА КРИВИЧНО ДА ОДГОВАРААТ !!!

АКО НЕ ЗНАЕЛЕ, СИТЕ ТРЕБА ОСТАВКА ОДНОСНО БРКАЊЕ ОД РАБОТА ОД ПРВИОТ ДО ПОСЛЕДНИОТ !!!

СО ОВА ДОКАЖУВААТ НЕПРОФЕСИОНАЛНОСТ И НЕСТРУЧНОСТ !!!

ИЛИ СЕ ФИНАНСИРАНИ СО ПАРИ ОД НАРКО БОСОВИТЕ ???

АМА ПАРИТЕ СЕ ТРОШАТ И НЕ МОЖАТ ДА СЕ ОДНЕСАТ НА ДРУГИОТ СВЕТ !

ЌЕ БИДАТ ЗАПАМЕТЕНИ КАКО УБИЈЦИ НА ДЕЦА НА КОИ ИМ СЕ ПРОДАВА ДРОГА !!!

Е МОЈ ПЕНДАРОВСКИ !!! ТИ НЕ СИ МОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛ !!!, стои во постот.

Пред неколку денови, во грчко одморалиште на Халкидики беше убиен Орхан Бајрами – Оки, познат на македонската јавност како дел од мафијашкото подземје и неформален лидер на т.н. група „Дуќанџик“. По информацијата за убиството, на социјалните мрежи започнаа да се споделуваат фотографии од Орхан Бајрами, кој се фотографирал заедно со сегашниот претседател на државата Стево Пендаровски.

Оваа фотографија беше објавена и во 2019 година, кога, исто така, беше „спорно“ друштвото со кое се фотографирал Стево Пендаровски, тогаш сè уште како кандидат за претседател.

Манипулацијата во објавата се прави со нецелосно прикажување  на фактите, односно со недостатокот на контекст на самата објава, која е многу вирална. Во објавата не се кажува дека фотографијата на која се наоѓаат Пендаровски и Бајрами е направена во 2019 година, кога Пендаровски беше претседателски кандидат, а не претседател на државата.

Освен тоа, во објавата се вели дека претседателот се сликал во својот кабинет што е, исто така, неточно. Фотографијата не е направена во претседателскиот кабинет, а и не можела да биде направена таму, бидејќи во времето кога е снимана Пендаровски не бил претседател на државата.

Службите немаат исти надлежности за претседателските кандидати, како за личноста којашто ја има функцијата претседател на државата. Следствено на тоа, тие немале надлежност да прават какви било проверки за лицата кои му приоѓале на Пендаровски за фотографирање, кога тој бил кандидат за претседател на државата, а не избран претседател.

Од претседателскиот кабинет за „Макфакс“ посочија дека Пендаровски за време на предизборната кампања се фотографирал со сите кои ќе побараат и дека со посочените лица имало само фотографија, а не и разговор.

Претседателот Стево Пендаровски, за време на изборната кампања на претседателските избори во 2019 година, посети населени места на целата територија на државата, при што се фотографираше со сите граѓани што тоа ќе го побараа од него. Како што може да се види, претседателот не е седнат во друштво на посочените лица, туку е фотографиран стоејќи. Претседателот Пендаровски е фотографиран на барање на лицата од посочената фотографија и лично не се познавал со нив, велат од Кабинетот на Пендаровски за „Макфакс“.

Од кабинетот додаваат дека од МВР не се правеле безбедносни проценки за лица кои спонтано приоѓаат за фотографирање.

Во однос на безбедносните проценки, се правеле проверки и проценки за средбите што ги имал кандидатот за претседател во тоа време, но такви проценки не се прават и не можат да се прават за лица кои спонтано приоѓаат заради фотографирање со кандидатот, додаваат од Кабинетот.

Според Уредбата за личностите и објектите што се обезбедуваат, видовите на мерки и активности и степените на обезбедување, претседателските кандидати подлежат на многу помало обезбедување отколку претседателот на државата.

Според Член 4, претседателот на Република Македонија, постојано се обезбедува:

Од страна на Министерството за внатрешни работи со редовни, вонредни и посебни мерки и активности.

Претседателските кандидати, пак, според член 5, се обезбедуваат само:

Со вонредни мерки и активности за времетраење на изборната кампања.

Според Членот 204 од Правилникот за начинот на вршење на полициските работи, Вонредно обезбедување се организира за време на одржување на:

  • паради, поворки, митинзи, протесни собири и други манифестации во кои учествуваат поголем број граѓани;
  • народни свечености, прослави, панаѓури, саеми и други масовни собири;
  • масовни спортски приредби, фискултурни слетови и други натпревари и приредби;
  • при превоз на експлозивни и радиоактивни материи, банковни, музејски, уметнички и други вредности и
  • во сите други потребни случаи.

За разлика од вонредното, редовното обезбедување се врши заради постојана заштита на определени личности и објекти.

Од сите наведени факти заклучуваме дека на и недостига соодветен контекст. Не е вистина дека Пендаровски се фотографирал со убиениот Оки во претседателскиот кабинет, туку фотографијата е направена кога тој бил претседателски кандидат.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција