Перформанс во Бразил од 2013 г., преставен како изживување на Французи во Мали

Фото: скриншот од видеото од 2013 година

Видеото, кое предизвика големо внимание на Фејсбук всушност прикажува бизарен перформанс на уметникот Регина Хозе Галиндо со наслов „Пиедра“ изведен во Сао Паоло во Бразил за да го привлече вниманието на страдањата на жените од Латинска Америка. Се друго е лага

Видеото, кое предизвика големо внимание на Фејсбук, всушност, прикажува бизарен перформанс на уметницата Регина Хозе Галиндо со наслов „Пиедра“, изведен во Сао Паоло во Бразил во 2013 година за да го привлече вниманието на страдањата на жените од Латинска Америка. Дезинформација и невистина е сè што е напишано во објавата со видеото, дека станувало збор за Французи

 

За бизарно видео, споделено на Фејсбук, се тврди дека е снимено во африканската држава Мали и дека на него се претставени Французи кои понижуваат еден локален жител. Ова не е точно. Видеото нема никаква врска ни со Африка, ни со Французи и е старо повеќе од 10 години.

“Културните” Французи бесни затоа што ги протераа од Мали, фатиле еден од домородните малијци и мочаат врз него! Кон оваа култура ли се стремат нашиве северџани?

Ајде фак чекери проверете дали овие гнаси навистина мочаат врз човекот или е ова некаков фотошоп можеби!

 

Како што е напишано погоре, објавата нема никаква врска со африканската држава Мали, не е никако поврзано со Французи, ниту, пак, е снимено во скоро време, односно е старо десет години.

Имено, ова вирално видео, всушност, прикажува бизарен перформанс на уметницата Регина Хозе Галиндо со наслов „Пиедра“, изведен во Сао Паоло во Бразил, за да го привлече вниманието на страдањата на жените од Латинска Америка.

Во перформансот Пиедра изведен во 2013 година, уметницата Регина Хозе Галиндо влегла во публиката и го поставила своето тело, целосно покриено со црн јаглен, во скаменета фетална позиција на земја.

На секои 10 минути, член на публиката се приближувал до Галиндо и уринирал врз неа додека таа седела мирно. Очигледниот ноншалантен став и леснотијата со која овие машки актери го валкаат телото на уметникот, всушност, преставува паралела на широко распространетата апатија во однос на безбедноста и грижата за женските тела. Јавниот аспект на претставата само дополнително ја нагласува кратковидната природа на секојдневните дејства што поттикнуваат повторувачко структурно насилство. Таа го поистоветува женското тело со пиедра (камен на шпански) во неговата ранливост на насилни дејствија. Поконкретно, нејзината работа го коментира насилството што е особено распространето во татковината на Галиндо, Гватемала и се осврнува на експлоатацијата на работничките од индустријата за ископ на јаглен во Бразил.

Регина Хозе Галиндо е перформанс уметница, специјализирана за уметност на телото. Галиндо учествувала на изложби како што се 49-то и 51-то Венециско биенале; II Московско биенале; 1. триенале во Оукленд; Венеција-Истанбул; I Биенале на уметност и архитектура Канарските острови; IV Биенале во Валенсија; III Албанско биенале, Тирана; II Прага биенале; III Биенале во Лима, Перу; I Artecorporal Festival, Венецуела и IX Exteresa Performance Festival, Мексико Сити.

Ова видео, кое предизвикува чувство на згрозеност, се споделува манипулативно и целта е преку дезинформација за да се предизвика зголемена огорченост против Франција, особено по серијата државни удари во Мали, Буркина Фасо, Гвинеја и Нигер.

Според сите наведени факти, оваа објава ја оценуваме како невистинита.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција