Петличковски говори за нивото на антитела, а не за безбедноста на вакцините

Фото: Принтскрин видео

Напишаното во овој пост што се споделув на Фејсбук е целосна невистина и заедно со видеото кое е само еден фрагмент од интервјуто на Петличковски, намерно ја манипулира и ја доведува во заблуда јавноста. Затоа што, ниту се тестираат вакцините на веќе вакцинирани луѓе, ниту се прават истражувања за нивната безбедност. Петличковски во видеото воопшто не зборува за безбедноста на вакцините, туку за нивото на антитела на вакцинираните лица. И, бидејќи истражувањата сè уште траат, тој не дава никакви бројки и податоци за да може да се извлече заклучок дали вакцините се ефикасни, или не

Напишаното во овој пост, што се споделувa на Фејсбук, е целосна невистина и заедно со видеото, кое е само еден фрагмент од интервјуто на Петличковски, намерно ја манипулира и ја доведува во заблуда јавноста. Затоа што, ниту се тестираат вакцините на веќе вакцинирани луѓе, ниту се прават истражувања за нивната безбедност. Петличковски во видеото воопшто не зборува за безбедноста на вакцините, туку за нивото на антитела на вакцинираните лица. И, бидејќи истражувањата сè уште траат, тој не дава никакви бројки и податоци за да може да се извлече заклучок дали вакцините се ефикасни, или не

 

 

Фејсбук објава споделува видео од директорот на Институт за имунобиологија и хумана генетика Александар Петличковски и притоа ги манипулира и вади од контекст неговите зборови.

Во објавата, изјавата на Петличковски погрешно се интерпретира, се тврди дека кажал една работа, а фактички неговата изјава се однесува на нешто сосема друго.

За што, всушност, зборува Петличковски?

Видеото е мал исечок од интервјуто на Петличковски за телевизија „Сител“, во кое тој говори за истражувања кои ги прави Институтот за нивото на антитела на вакцините, кои се аплицираат во С. Македонија.

Додека, пак, во објавата манипулативно и сензационалистички се тврди дека Петличковски, наводно, рекол оти дури сега се тестираат вакцините, нивната безбедност и ефикасност. Па, така во постот се вели:

Се здробија од лаење дека боцкиве се испитани, безбедни и ефикасни, а Петличковски кажуе дека дури сега ги испитуваат ефектите од вакцините, на веќе вакцинираните луѓе ???
Па нели ваксајнсите беа испитани, безбедни и ефикасни ???
Ако биле испитани, безбедни и ефикасни зошто пак ги испитувате ??? 🤔🤭🤔
Ова значи дека: Или појма немаат, или свесно манипулираат со народот ?!? 🤔

Напишаното во овој пост што се споделувa на Фејсбук е целосна невистина и заедно со видеото, кое е само еден фрагмент од интервјуто на Петличковски, намерно ја манипулира и ја доведува во заблуда јавноста. Затоа што, ниту се тестираат вакцините на веќе вакцинирани луѓе, ниту се прават истражувања за нивната безбедност.

Петличковски во видеото воопшто не зборува за безбедноста на вакцините, туку за нивото на антитела на вакцинираните лица. Притоа, бидејќи истражувањата сè уште траат, тој не дава никакви бројки и податоци за да може да се извлече заклучок дали вакцините се ефикасни, или не. Петличковски, меѓу другото, вели:

На Институтот се обидуваме да собереме испитаници вакцинирани со сите вакцини кои се достапни кај нас…. Анализирани се нивоата на антитела пред давање на вакцината, после првата доза, а пред втората и четири недели после втората доза… Ќе ги продолжиме истражувањата и по три и по шест месеци, односно на секои три месеци за да видиме како овие антитела се  одржуваат во тек на времето…

За ефикасноста на вакцините во С. Македонија може да се зборува дури откако ќе излезе истражувањето што го спроведува Институтот за имунобиологија и хумана генетика и ќе се видат бројките за нивото на антителата на вакцинираните, пред почетокот на вакцинацијата, после првата доза и после втората доза, односно откако целосно ќе заврши процесот на имунизација.

Во однос на безбедноста на вакцините, Светската здравствена организација (СЗО), но и здравствените власти на сите држави силно гарантираат дека вакцините се доволно тестирани и безбедни за луѓето.

Од СЗО велат дека вакцинацијата е безбедна, а несаканите ефекти од вакцината обично се мали и привремени, како што се болки во раката или лесна треска. Можни се посериозни несакани ефекти, но исклучително ретки. Секоја одобрена вакцина е ригорозно тестирана во повеќе фази на испитувања пред да биде одобрена за употреба и редовно се проценува откако ќе се воведе. Научниците, исто така, постојано ги следат информациите од повеќе извори за какви било знаци дека вакцината може да предизвика здравствени ризици.

Оваа објава има цел да ги заплаши корисниците на социјални мрежи дека вакцините се небезбедни и притоа да ги предомисли и одвлече од одлуката да се вакцинираат. Иако, вакцините се единственото достапно решение да се спречи ширењето на коронавирусот, а со тоа и големиот број на заболени и смртни случаи.

 

 

 

 

 


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за брзо справување со вакциналните дезинформации, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Тој е првично објавен во Вистиномер, а e овозможен со поддршка на Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, БТД или нивните партнери.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција