Правилата за изборниот молк во медиумите се дека нема правила

Предизборни теми на насловна страница сред предизборен молк
Предизборни теми на насловна страница сред предизборен молк

 

Иако молкот подразбира ефективна тишина, што значи дека нема политичко рекламирање на: телевизија, радио, весници и веб страници (портали), медиумите имаат проблем со утврдувањето на границите меѓу јавните и политичките функции.

 

Пишува: Владо Ѓорчев

 

Македонија е држава во која постои изборен молк ( за разлика од некои земји каде не постои), а идејата е да им овозможи на гласачите одреден период (24 часа или повеќе) за самите, без сугестии од страна, да размислат за понудените политички опции и да се одлучат за една од нив.

Иако молкот подразбира ефективна тишина, што значи дека нема политичко рекламирање на: телевизија, радио, весници и веб страници (портали), медиумите имаат проблем со утврдувањето на границите меѓу јавните и политичките функции. Политичарите, кои имаат и јавна функција, честопати го злоупотребуваат изборниот молк, па уредниците на медиумите се фатени „во небрано“ како да одлучат дали нешто е активност во името на функцијата од јавен интерес , или е потенцијална злоупотреба за политичка пропаганда.

Ова, се чини, дека е и најголемиот проблем во Македонија, изминативе години, во кои сме сведоци дека ниту едни избори (локални, парламентарни, претседателски) не поминале без злоупотреба на јавната функција. Дури и медиумите се наоѓаат во ситуација која секојпат на крајот завршува со – виновни! Имено, ако не се следат функционерите додека трае кампањата, власта може да ве нападне дека ги бојкотирате, и обратно, ако постојано се известува од тековните активности опозицијата ќе ви замери за прекршување на правилата за време на кампања.

 

Како е во светот?

 

Правилата за тоа каде колку ќе трае молкот се различни од една до друга држава. Во Австралија, на пример, тој трае од среда на полноќ до крајот на денот на гласањето (секогаш во сабота). Многу држави како Хрватска, Франција, Италија, Малта, Полска, Филипини и други, имаат исто правило како и во Македонија: молкот почнува на полноќ на денот пред изборите и трае до затворањето на гласачките места. Некои, пак, имаат 24-часовна забрана додека траат изборите, како Босна и Херцеговина, Ерменија, Русија, Сингапур и други. Во други замји тоа време е продолжено на 48 часа, на пример во Индија, Египет и во Црна Гора. Има и примери каде што молкот трае само на изборниот ден, дури и само во периодот додека се спроведуваат изборите.

Спротивно на тоа, во некои држави воопшто нема изборен молк, бидејќи тоа се смета за нарушување на слободата на говорот, загарантирана со уставите. Најпознат таков пример се САД, каде што може да се одвива кампањата и на самиот изборен ден, кандидатите и нивните претставници да ги повикуваат луѓето да гласаат за нив, да се дели рекламен материјал и друго. Единствено е ограничено дека во одредено подрачје околу гласачкото место не треба да се агитира, само за да не се нарушуваат редот и гласачката процедура. Во Велика Британија, иако нема пишано правило, постои традиција партиите да се воздржат од агитирање на изборниот ден, и таа се почитува (blackout)

Уставните судови на Унгарија, Бугарија и на Словенија во изминативе неколку години донеле одлуки дека со изборниот молк се прекршуваат уставот и слободата на говорот, но тој во нив сѐ уште е во сила.

Сепак Врховниот суд на САД пресуди дека кампањата, на денот на изборите, може да биде ограничена на една мала област околу избирачкото место, а секоја поширока забрана ќе биде неуставна.

Во Бугарија, Уставниот суд во 2009 година пресуди дека изборниот молк и забраната за анкети на јавното мислење еден ден пред гласањето е неуставна.

 

Како е на интернет

 

Правила на изборниот молк се однесуваат и на електронските медиуми, без разлика што можеби нема законска основа за нивно гонење.  Тука порталите „се спасија“ благодарение на новиот Закон за медиуми во кој тие беа изземени. Сепак, на интернет, за време на изборна кампања, тие стануваат најгласни. Експертите сметаат дека овој проблем е тешко да се реши. Имено, можно е да се скрати или да се прекине молкот, но да се замолчи интернет во моментот не е можно.

Не можете само со едно копче да го исклучите интернетот, како, на пример, кабелските оператори што можат да исклучат телевизија. Пораките на интернет доаѓаат доброволно. Фејсбук и другите социјални мрежи не можат (а и не смеат) да им забранат на своите корисници да објавуваат што сакаат. Секако, според веќе пропишаните правила на социјалните мрежи. Можеби затоа и во Македонија ова алатка за „нарушување“ на предизборниот молк најмногу се користи.

Во саботата (12.04.2014) , за време на изборниот молк, некои медиуми осамнаа со целосно политички теми, иако повеќето беа пласирани вечерта, пред да почне изборниот молк. Мора да се напомене дека телевизиите беа најкоректни во известувањето ( што не беше случај со порталите). Иако она што одеше во етер, се разликуваше од тоа што телевизиите го пласираа на нивните веб страници ( кои, исто така, осамнаа со теми од митинзите).

За разлика од нив, пак, имаше и такви совесни медиуми, кои дури и вечерните текстови ги имаа отстрането и порталите (насловните страници) им осамнаа со сосема нови содржини. Зачудувачки е што на агрегаторите на вести политичките теми (од митинзи и говори на политичари) доминираа и во саботата (изборен молк) се до после пладне, кога со ажурурањето на новите содржини од медиумите тие се повлекоа. Но, мора да се каже дека имаше и медиуми кои и во саботата, а и во неделата го прекршуваа изборниот молк на големо.

 

Какви се правилата

На денот на изборите , во недела, од седум до 19 часот дозволено е да се објавуваат извештаи за тоа каде и како се гласа, па дури и кој канидат (за градоначалник, за носител на листа или за претседател) каде гласал, но не и нивните изјави.

  • За време на изборниот молк е дозволено да се емитуваат информации за одѕивот на граѓаните и видеа од надлежните државни органи и невладини организации за тоа како се одвива гласањето.
  • Важно е да не постои рекламирање (во медиумите) и ако има јавни собири, може да се информира дека се случило прекршување на изборниот молк, но да не се објавуваат имињата на кандидатите или имињата на партиите.
  • Не смеат да се објавуваат проценки на резултатите.
  • Медиумите, во деновите на изборниот молк мора да се воздржат од објавување на информации за редовните активности на државните службеници , освен  секако ако не се случат природни или предизвикани од човек катастрофи (земјотрес, поплава, епидемија, војна…)

Со пример само ќе посочиме каде најчесто грешат медиумите во изборниот молк.

Ако, на пример, градоначалник на еден град или премиер најде за потребно, токму во овој период, да отвори автопат или некој инфраструктурен објект,  тоа ќе биде кршење на изборниот молк. Но за тоа ќе се занимава Државната изборна комисија. Сепак, ако за ова известат медиумите, треба да реагираат новинарските здруженија и тела кои ги регулираат медиумите.

Значи, медиумите, како за време на избори, така и во предизборниот молк треба да имаат висок степен на општествена одговорност. А, за крупните одлуки треба да одлучуваат уредниците и главните уредници. На крајот на краиштата за тоа и земаат плата.

Примери за однесување на сајтови во предизборен молк:

Видливи се политички теми
Пример 1: Видливи се политички теми

 

libertas tekst 002
Пример 2: Предизборна анализа

 

Пример 3: реклами во предизборен молк
Пример 3: реклами

 

mtv 002
Пример 4: Сајтот на МТВ со политички теми

 

Пример 5: не се видливи политички теми
Пример 5: не се видливи политички теми

 

pres 24 stoi i cela rubrika za izbori 002
Пример 6: цела рубрика за избори со предизборни изјави

 

Пример 7: предизборни изјави на политичари
Пример 7: предизборни изјави на политичари

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција