Преку лажна наградна игра се злоупотребува брендот Икеа

Станува збор за уште една лажна наградна игра, при што се злоупотребува меѓународно познат бренд, овојпат за намештај – Икеа. Станува зор за неавтентична страница, со оглед на тоа што освен наградната игра на неа нема никакви други трансакции, а во делот каде што треба да стојат детали за самата страница и за нејзиниот сопственик, нема ништо – ниту адреса, ниту контакт телефон, ниту, пак, има рецензии од страна на купувачите

 

Станува збор за уште една лажна наградна игра, при што се злоупотребува меѓународно познат бренд, овојпат за намештај – Икеа. Станува зор за неавтентична страница, со оглед на тоа што освен наградната игра на неа нема никакви други трансакции, а во делот каде што треба да стојат детали за самата страница и за нејзиниот сопственик, нема ништо – ниту адреса, ниту контакт телефон, ниту, пак, има рецензии од страна на купувачите

 

Рецензираме пост објавен на социјалните мрежи во кој се споделува наводна наградна игра. Групата од која се споделува постот го носи името Икеа Фанс. Во склоп на објавата има фотографии од софа за дневна соба, а под фотографиите пишува:

Здраво на сите. Имаме десетици софи кои не можеме да ги продадеме поради мали гребнатинки. Бидејќи уште беше во добра состојба, решивме да му го дадеме на тој што го сподели и напиша ЗАВРШИ пред 26 ноември!!! Среќа…

Покрај граматичките, интерпункциските и логичките грешки во написот, станува збор за лажна наградна игра, наводно организирана од страна на брендот Икеа, кој, во случајов, е злоупотребен со цел промоција на лажна фан страница на Фејсбук, преку техника со која се сака да се промовира оваа веб страница односно да се дојде до поголема видливост и повеќе допаѓања. Оваа техника се користи од страна на измамници на Фејсбук, така што откако на страницата ќе се појават голем број на допаѓања, односно ќе стане страница со голем број на следбеници, администраторот потоа може да ја продаде, да го промени името на фан страната и да го користи за други, најчесто маркетинг цели итн.

Во моментот на рецензирање на објавата, на фан страницата има само 160 луѓе кои ја следат, меѓутоа самиот пост е исклучително вирален со над илјада споделувања, над 700 коментари и над 250 допаѓања.

За нотирање е и тоа што пред да се објави постот за наводното и непостоечко донирање на софи, други објави на страницата нема во голем број, односно истата фан страница е направена со цел да се промовира исклучиво овој еден пост кој е со лажна содржина.

Уште еден аргумент кој оди во прилог на тоа дека станува збор за лажна страница на која се злоупотребува брендот Икеа и логото на истиот, е тоа што во делот за детали за страницата, нема ништо, ниту адреса, ниту контакт телефон, ниту, пак, има рецензии од страна на купувачите. Односно, од оваа фан страна не се имаат одвивано финансиски трансакции, односно купување и продавање на артикли од Икеа во минатото. Фотографиите кои се користат во постот кој го рецензираме, може да се пронајдат на интернет на многу локации. 

Икеа воопшто не е поврзана со оваа фан страница, а самиот пост кој е предмет на нашата рецензија претставува лажен пост во кој што е злоупотребен брендот Икеа. Не се наведени ниту начините на кои ќе бидат доставени наводните награди. Исто така, во постот се користи и тврдењето дека производите кои наводно се подаруваат во наградната игра имале гребнатинки, заради што не можеле да бидат продадени. Ваква формулација и објаснување е користена и во претходни лажни наградни игри за кои Вистиномер и претходно има пишувано.

Со оглед на сите овие аргументи, како и бројните слични лажни наградни игри кои на социјалните мрежи почесто се појавуваат во последно време, а кои користат ист или сличен рецепт за мамење на корисниците, оваа содржина ја оценуваме како невистинита.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција