Првата фаза од два километра од автопатот Скопје-Приштина не заврши во февруари

Фото: Автопатот Скопје-Блаце/Порталб.мк

Директорот на ЈП „Македонски патишта“ ја продолжи „традицијата“ на своите сопартијци, за давање ветувања кои не исполнуваат, а се поврзани со изградбата на автопатот Скопје – Приштина, пишува Порталб.мк.

Директорот на ЈП „Македонски патишта“ ја продолжи „традицијата“ на своите сопартијци, за давање ветувања кои не исполнуваат, а се поврзани со изградбата на автопатот Скопје – Приштина, пишува Порталб.мк

Од Т.Б.

Иако се ветува долги години, Северна Македонија се уште не успеа да ги изгради ниту првите два километри од овој автопат. Директорот на ЈП „Патишта на Македонија“, Ејуп Рустеми пред неколку месеци изјави дека првата фаза, од два километри, ќе биде завршена во февруари годинава. Сепак, ниту овој месец првата фаза не е готова.

„Автопатот Скопје – Блаце, во првите два километри се работи согласно динамиката што е предвидена сои проектот. Предвидено е да заврши до февруари 2022 година. Од работата што во моментов се изведува на терен, задоволни сме и се работи согласно предвидената динамика. Се надеваме дека од октомври ќе започне првото асфалтирање во патната делница Скопје Блаце“, изјави Ејуп Рустеми – директор на ЈП „Патишта на Македонија“.

[Извор: ТВ 21 – Изјава на Рустеми, датум, 29.06.2021]

 

Тој дури рече дека во првата половина од годинава ќе започне изградбата и на останатите 10 километри.

„Исто така, преземаме подготвителни дејности за нови капитални инвестиции за оваа година, како што се подготовка на документација за тендери за изградба на автопатот Кичево – Букојчани во должина од 10 километри, изградба на втората фаза од автопатот Скопје – Блаце во должина од 10 километри, кои се очекува да започнат во првата половина од годинава, а особено проектите поврзани со Договорот со Бехтел и Енка, со кои очекуваме да се изградат автопати во должина од над 120 километри. Сето ова ветува дека и годинава ќе имаме реализација на капиталните инвестиции“, изјави Рустеми (Извор – Порталб.мк.)

Според она што се гледа на терен, првата фаза не е завршена.

Влада на Северна Македонија во јануари 2020 година го потпиша договорот со една градежна компанија да ги започне работите за првите два километри од автопатот Скопје-Блаце, кој ќе ги поврзе Северна Македонија со Косово, преку автопатот „Арбен Џафери“, со што Скопје и Приштина ќе бидат автопатски поврзани. Автопатот ќе биде долг 12 километри, а ќе чини 120 милиони евра.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција