САД не издале поштенски марки со ликови на македонски револуционери

Фото: Принтскрин ФБ пот

САД во 1928 година не издале поштенски марки со ликови на македонски револуционери и со карта на „обединета Македонија“, како што се тврди во објавата. Очигледно е дека станува збор за лажни наводни поштенски марки. Поштата на САД во 1928 година издала само шест поштенски марки и ниту една од нив нема никаква врска со Македонија

САД во 1928 година не издале поштенски марки со ликови на македонски револуционери и со карта на „обединета Македонија“, како што се тврди во објавата. Очигледно е дека станува збор за лажни наводни поштенски марки. Поштата на САД во 1928 година издала само шест поштенски марки и ниту една од нив нема никаква врска со Македонија

 

 

Анализираме објава на Фејсбук која тврди дека САД во 1928 година издале поштенски марки со ликови на македонски револуционери и со карта на „обединета Македонија“. Ваквото тврдење е лажно.

На споделената фотографија во објавата, можат да се видат слики од македонски револуционери, како и две слики со карта на „обединета Македонија“, за кои се тврди дека биле поштенски марки издадени од САД. Она што е забележливо на прв поглед е дека на овие наводни поштенски марки никаде нема ознака на американската пошта. На нив само се испишани имињата на некои од револуционерите и воочлив е натписот „Македонија“ (Macedonia).

Вистиномер ги побара поштенските марки кои американската државна пошта ги издала во 1928 година и откривме дека марки со ликови на македонски револуционери и со некаква карта на „обединета Македонија“ не биле издадени таа година. Доколку го погледнете каталогот (овде, овде или овде) на сите досега издадени поштенски марки во САД, ќе видите дека вакви поштенски марки, какви што има во објавата, никогаш не биле издадени во САД.

Карактеристично за поштенските марки издадени во САД во 1928 година е дека на нив се наоѓа натписот „U.S. Postage“ или „United States postage“, што не е случај со марките кои се предмет на нашата анализа. На американските марки од тој период, исто така, испишана е и нивната вредност (на пример, 2 центи, 5 центи), што исто така не е случај на наводните марки со македонски револуционери.

Во 1928 година, американската поштенска служба испечатила само шест различни тематски поштенски марки за целата година.

Кон крајот на 1920-тите јавноста во САД била фасцинирана од авијацијата и технологијата во тоа време, поради што и Државната пошта на САД се фокусирала на издавање поштенски марки кои оддале почит на технолошките откритија на нацијата, пишува на веб страницата на Поштенскиот музеј.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека САД во 1928 година не издале поштенски марки со ликови на македонски револуционери и со карта на „обединета Македонија“, како што се тврди во објавата. Очигледно е дека станува збор за лажни поштенски марки. Поштата на САД во 1928 година издала само шест поштенски марки и ниту една од нив нема никаква врска со Македонија. Поради тоа, објавата која ја анализираме, ја оценуваме како неточна.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција