Сатирична објава за Ковачевски се споделува како да е вистинита, предизвикувајќи говор на омраза

Фото: Влада на РСМ

Проблематично во оваа Фејсбук објава е што не е споделен линк од написот, за да можат читателите да прочитаат дека станува збор за сатирична вест, и дека всушност Ковачевски не кажал вакво нешто. Наместо тоа, споделен е принтскрин од насловот, а исечен е наднасловот каде што јасно стои дека објавата е измислена и сатирична. Со ова, читателите се доведени во заблуда

Проблематично во оваа Фејсбук објава е што не е споделен линк од написот, за да можат читателите да прочитаат дека станува збор за сатирична вест, и дека, всушност, Ковачевски не кажал вакво нешто. Наместо тоа, споделен е принтскрин од насловот, а исечен е наднасловот каде што јасно стои дека објавата е измислена и сатирична. Со ова, читателите се доведени во заблуда

 

 

На објава на социјалната мрежа Фејсбук како фотографија споделена е наводна изјава на премиерот Димитар Ковачевски во која тој го коментира одмрзнувањето на цените и новиот бран поскапувања на основните производи.

Ковачевски воопшто не дал ваква изјава, односно станува збор за сатирична вест која на социјалните мрежи се споделува како да е вистинска.

Конзилиум е малку за Вашите будалштини, ментална институција си треба да Ве прибере!, пишува на постот што го рецензираме.

Ковачевски: Ги одмрзнавме цените затоа што граѓаните не можеа да ги дотрошат зголемените плати. Вака гласи насловот написот, кој е објавен на порталот „Кооперација“.

Кога ќе го отворите текстот што има ваков наслов ќе ви стане јасно дека станува збор за сатира, односно дека оваа изјава е измислена и не преставува вистинска изјава дадена од премиерот Димитар Ковачевски. Веднаш над самиот наслов со големи букви, многу поголеми од насловот, пишува „Сатира“.

Проблематично во оваа Фејсбук објава е што не е споделен линк од написот, за да можат читателите, кога ќе кликнат на објавата да прочитаат дека станува збор за сатирична објава, и дека всушност Ковачевски не кажал вакво нешто.

Наместо тоа, споделен е принтскрин од насловот и објавен како фотографија. Притоа во принтскринот исечен е наднасловот каде што јасно стои дека објавата е измислена и сатирична.

Во самата објава што ја рецензираме нема ништо што може да индицира дека изјавата е измислена, а не вистинита. Напротив, текстот на објавата е критичен и напишан на таков начин што ве наведува да помислите дека читате вистинита објава. Текстот исто така е навредлив, што значи дека е корисникот на социјалната мрежа Фејсбук каде што е објавена оваа фотографија најверојатно поверувал дека Ковачевски навистина дал ваква изјава и затоа дозволува таа уште повеќе да се споделува и јавноста да коментира на објавата како да станува збор за реална изјава.

Доколку не издвоите неколку секунди да проверите дали тој навистина дал ваква изјава и да сфатите дека изјавата потекнува од хумуристичен сајт, може многу лесно да поверувате во напишаното.

Дополнително на ова, речиси сите коментари и големиот број споделувања потврдуваат дека оние што ја виделе оваа објава која е многу вирална, поверувале во неа. На оваа неточна и манипулативна објава до сега има 854 реакции, 640 коментари и 144 споделувања.

Поголемиот дел од овие стотици коментари се навредливи, полни со говор на омраза и напишани од луѓе кои поверувале дека сатиричната и измислена објава е вистински дадена од Ковачевски.

Не е ни прв ни последен пат да се објавуваат сатирични текстови и да се измислуваат изјави особено од политичари кои треба да бидат иронични и смешни. Но, секогаш треба да е јасно и видливо нагласено дека станува збор за сатира односно измислица, за да не дојде до забуна во јавноста, особено на социјалните мрежи каде корисниците се немилосрдни во критиките и навредите што ги упатуваат.

Бидејќи ништо од оваа вирална објава не укажува дека е сатирична, таа преставува манипулација врз јавноста која се наведува да поверува во нешто што не е вистина.

Затоа пред инстантно да се поверува во било што што ќе се прочита на Фејсбук, претходно треба да се провери дали е тоа вистина или можеби нечија намерна манипулација со цел да се дискредитира одредена личност или јавноста да се доведе во заблуда за одредени случувања.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција