SCADA системот на скопски „Водовод“ стои во место

SCADA системот и по три години го има само во локалитетот Бутел – Радишани - Шуто Оризари Фото: Принтскрин

 

 

Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски,  во изборната програма  „Мојот избор“ (стр.61),  со која тој излезе на локалните избори во 2013 година, меѓу другото, вети и ПРОЕКТ: СИСТЕМ ЗА ДАЛЕЧИНСКО УПРАВУВАЊЕ И НАБЉУДУВАЊЕ (SCADA):

Со почнување со проектот за SCADA во скопскиот систем за снабдување со вода, односно воведувањето SCADA во скопскиот водовод, значително ќе се подобри економичното работење на претпријатието. (Рок: 2014-2015 година)

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

SCADA (Supervisory Control and Data Acquisition) е систем за мониторинг кој овозможува автоматско следење и управување на целиот водоводен систем, лоцирање на дефектите и нивно брзо отстранување односно автоматска регулација и управување на системот. Според проверката што ја направи Вистиномер, овој проект стои во место и го оценуваме како неисполнет.

Медиумите уште во јануари 2013 година (три месеци пред локалните избори) информираа дека ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје ќе воведе SCADA систем. Според тоа што беше тогаш соопштено, SCADA системот веќе беше имплементиран:

во локалитетот Бутел – Радишани – Шуто Оризари, а постојат планови за негово проширување на целиот водоснабдителен систем на Градот.

Сепак, досега (27.04.2016) нема информации дека овој систем е проширен. Ваков податок нема на веб-страницата на претпријатието, ниту пак,  може да се најде со пребарување на интернет.

На веб-страницата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје стои:

Во дел од објектите за водоснабдување е имплементиран систем за мониторинг и автоматско управување – SCADA (Supervisory Control and Data Acquisition). Овој систем им овозможува на операторите и контролорите во секој момент да имаат увид за состојбата на објектите, работните параметри и евентуални проблеми во работењето. Со тоа се овозможува брза реакција во случај на дефект на инсталираната опрема, рана детекција на аномалии во водоводниот систем (преголема потрошувачка, неконтролирано истекување и слично), како и можност за анализа на историски податоци за работните параметри на системите.

SCADA системот е имплементиран во локалитетот Бутел – Радишани – Шуто Оризари, а постојат планови за негово проширување на целиот водоснабдителен систем на градот.

Со оглед на тоа што овој проект сè уште го има само во  локалитетот Бутел – Радишани – Шуто Оризари ( каде што беше имплеметиран и пред три години кога Трајановски го даде ветувањето), може да се заклучи дека ова изборно ветвање  е неисполнето.

ИЗВОРИ:

 

Оценето од: Владе Ѓорчев

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција