Северна Америка не е расадник на злото во светот

Фото: Gino Crescoli auf Pixabay

Објавата тенденциозно и неточно тврди дека Северна Америка (а притоа мисли на САД) е расадник на злото. Но, токму во САД со децении работат голем број меѓународни организации кои се залагаат за безбедност, мир и развој во светот. Од вкупно 178 земји САД се наоѓа на 154 – то место, многу ниско на листата конзервативни земји во светот, пред САД списокот е долг, високо котираат Северна Кореја,Сирија, Авганистан…. и многу други држави

Објавата тенденциозно и неточно тврди дека Северна Америка (а притоа мисли на САД) е расадник на злото. Но, токму во САД со децении работат голем број меѓународни организации кои се залагаат за безбедност, мир и развој во светот. Од вкупно 178 земји САД се наоѓа на 154 – то место, многу ниско на листата конзервативни земји во светот, пред САД списокот е долг, но дури и земји како Литванија, Исланд, Австрија, Словенија и многу други се сметаат за поконзервативни од САД на оваа листа

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Threads, во која авторот вели дека Северна Америка е расадник на зло во светот. Ова е погрешно тврдење.

Во објавата пишува:

Северна Америка е затуцана конзерва, конзервативна вуко**бина и извор и расадник на зло на светот, трамп продава библија ко комодитет на капитализмот, ко фетиш шо компензира за нешто и со тоа поведение се шири реата и заразата низ светот, со вредносниот систем на ќутуците и фосилите.

Географски на тлото на Северна Америка се наоѓаат САД, Канада и Мексико, но авторот мисли на САД, бидејќи во објавата го споменува поранешниот претседател Доналд Трамп.

Конзервативизмот како политичка идеологија се залага за државно уредување засновано врз традиционални вредности.

Од вкупно 178 земји САД се наоѓа на 154-то место, многу ниско на листата конзервативни земји во светот, пред неа списокот е долг: Високо котираат Северна Кореја,Сирија, Авганистан…. и многу други.

Можно е една земја да биде конзервативна во однос на социјалните прашања, но либерална во однос на нејзината економија. Уште повеќе, конзерватизмот изгледа поинаку во некои земји отколку во други. Конзервативизмот во Соединетите Држави, на пример, изгледа сосема поинаков од конзервативизмот во Авганистан, каде жените се угнетувани и христијаните се прогонувани, или Есватини (Свазиленд), каде кралот има повеќе од десетина жени. Конечно, најконзервативните земји често го ограничуваат објавувањето на информации. Така што, не постои единствен критериум според кој може да се утврди дали владата на една земја е конзервативна или не. Меѓутоа, со комбинирање на повеќе фактори, можно е да се добие многу појасна слика за тоа каде се наоѓа една земја, во поконзервативната или полибералната група држави.

Конзервативизмот како политичка идеологија е различен и во самите Соединетите Држави, но во ниедна не е застапен над 50 отсто.

Америка не е расадник на зло, тоа е земја во која огромен број луѓе сакаат да живеат. Во САД денес има околу единаесет милиони илегални имигранти. Некои ги ризикуваат своите животи и благосостојба за да стигнат во Америка.

Америка е најсилната економија во светот. Клучните принципи кои се во основата на Уставот на САД се: народен суверенитет, федерализам, републиканизам, поделба на власта, контроли и рамнотежи.

САД не е расадник на зло во светот, токму таму функционираат голем број меѓународни организации кои се залагаат за развој на земјите од другите делови во сответ.

Една од нив е УСАИД, меѓународна агенција за развој во светот која ги поттикнува и поддржува развојните резултати. Работата на УСАИД ја унапредува националната безбедност и економскиот просперитет на САД, но и ја докажува американската великодушност ширум светот.

Соединетите Држави обезбедија повеќе од 50 милијарди долари помош за над 150 земји и територии, регионални фондови и невладини организации само во 2021 година. Секоја година, доделува странска помош врз основа на националната безбедност, комерцијалните и хуманитарните интереси.

Од 1984 години е формиран и Институтот за мир на Соединетите држави (USIP), како национален, непартиски, независен институт задолжен за мисијата за спречување, ублажување и решавање на насилен конфликт во странство, кој се залага за глобалниот мир и безбедноста.

Понатаму, постои УНДП агенција на Обединетите нации за меѓународен развој, која работи во 170 земји и територии за да се искорени сиромаштијата и да се намали нееднаквоста.

Во САД постои и IDLO, единствената глобална меѓувладина организација исклучиво посветена на промовирање на владеењето на правото за унапредување на мирот и одржливиот развој.

Советот за безбедност на ОН е орган на Обединетите нации кој има за задача да го одржува мирот и безбедноста помеѓу нациите.

Сите овие организации не се расадник на зло, тие се залагаат за безбедност, мир и развој на светот.

Небулозно е да се тврди, дека тоа што Трамп рекламира продажба на библија, шири зараза низ светот.

Поради горенаведените факти, оценуваме дека објавата е невистинита.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција