Шега на Пендаровски на митинг во Делчево претставена како закана

Фото: Принтскрин видео

Не станува збор за никаква закана на Пендаровски упатена до граѓаните на Делчево, како што тоа сака да го прикаже објавата што се споделува на Фејсбук. На видеото од митингот во Делчево (9:30 до 9:55 минута) може да се види дека Пендаровски се шегува и се смее. Впрочем и Пендаровски на митингот во Кавадарци, објасни дека се шегувал (26:57 до 27:38 минута од видеото). Но, очигледно е дека објавата манипулира и шегата на Пендаровски а пласира како некаква закана

Не станува збор за никаква закана на Пендаровски упатена до граѓаните на Делчево, како што тоа сака да го прикаже објавата што се споделува на Фејсбук. На видеото од митингот во Делчево (9:30 до 9:55 минута) може да се види дека Пендаровски се шегува и се смее. Впрочем и Пендаровски на митингот во Кавадарци, објасни дека се шегувал (26:57 до 27:38 минута од видеото). Но, очигледно е дека објавата манипулира и шегата на Пендаровски ја пласира како некаква закана

 

 

Анализираме објава на Фејсбук која тврди дека претседателскиот кандидат на СДСМ и актуелен шеф на државата, Стево Пендаровски, на митинг во Делчево, им упатил закана на граѓаните:

ПЕНДАРОВСКИ СО ЗАКАНА ДО ГРАЃАНИТЕ НА ДЕЛЧЕВО: Не ви идам уопште, ако не водам во првиот круг!

Објавата споделува и напис со ист наслов во кој на почетокот констатира дека „ако не победи после првиот круг на претседателските избори на 24 април, Стево Пендаровски веќе нема да се сретне со граѓаните на Делчево“.

На митингот во овој град тој даде шокантна изјава: Иначе не ви идам уопште ако не водам после првиот круг!, пишува во написот.

Написот споделува и видео во кое може да се слушне „шокантната“ изјава на Пендаровски.

Проверката на Вистиномер покажа дека Пендаровски не упатил никаква закана до граѓаните на Делчево, како што се тврди во објавата. Имено, на видеото од митингот во Делчево, кое е јавно достапно на официјалниот Фејсбук профил на Пендаровски, може да се види дека тој се шегува и се смее. Во неговата изјава нема никаква закана.

Изјавата ја пренесуваме во целост (9:30 до 9:55 минута од видеото)

Добровечер Делчево. На почетокот едно прашање. 2019 како поминавме овде на избори? Дали победивме? (од публиката се слуша „да“) Дали ќе победиме и сега? (од публиката повторно се слуша „да“) Иначи не ви идам во втор круг уопште ако не победиме уште во први круг! (по ова Пендаровски се смее, а се слуша смеа и од публиката).

За изјавата во Делчево, Пендаровски, на митингот во Кавадарци, објасни дека се шегувал. И видеото од митингот во Кавадарци е јавно достапно на неговиот официјален Фејсбук профил.

На прашањето од публиката, што доколку лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го одбие дуелот кој што му го понудил Пендаровски, претседателскиот кандидат на СДСМ одговара (26:57 до 27:38 минута од видеото):

Досега ако не прифатил, значи нема намера да прифати. Инаку, вчера во Делчево кога бев, гледам дека ме критикува за таа изјава таму. Им велам мора да победиме уште во прв круг и вели не сака да ги види луѓево во втор круг. Мислам дека не ме разбира, освен што човекот на разбира шега. Тоа сакав да му кажам, ние ќе го победиме него во првиот круг, нема да има потреба од втор круг.

Значи, не станува збор за никаква закана на Пендаровски упатена до граѓаните на Делчево, како што тоа сака да го прикаже објавата што ја анализираме. На видеото од митингот во Делчево може да се види дека Пендаровски се шегува и испраќа порака дека ќе победи во првиот круг. Очигледно е дека објавата манипулира и шегата на Пендаровски намерно ја пласира како некаква закана.

Поради сето погоре, оценуваме дека на објавата ѝ недостига контекст. Точно е дека Пендаровски ги искажал зборовите „Иначе не ви идам во втор круг уопште ако не победиме уште во први круг!“, но не станува збор за никаква „закана,“ туку за шега.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција