Смртта на говедата во Канзас нема никаква врска со некаков глобален проект за недостиг на храна

Со 2,4 милиони говеда Канзас е трета по големина американска држава во однос на бројност на стадата. Минатата недела температурата нагло пораснала, а студените ветрови стивнале, што придонело животните да почнат да умираат, пишуваат американските медиуми. Така што, климатските промени се тие кои влијаат врз животот на луѓето и на добитокот, а не намерно запрашување или труење во рамките на некаков глобален проект за недостиг на храна, како што се тврди во постот што го рецензираме

 

 

Пост на Фејсбук споделува вест за угинати говеда во Америка наметнувајќи некаква теорија на заговор дека тие биле намерно поради некаков глобален проект за недостиг на храна. Ваквите тврдења се неточни.

ЗАПРАШУВАЊЕ, ТРУЕЊЕ, БОЛЕСТ ИЛИ НЕШТО ДРУГО ⁉️

ПРЕКУ НОЌ УГИНАА РЕЧИСИ 10.000 ГОВЕДА❗️

❗️ВИДЕО❗️

Се чини дека глобалниот проект за недостиг на храна напредува со полна пареа. Откако милиони кокошки беа убиени поради наводен…, се вели во објавата што ја анализираме.

Притоа, во прилог на постот споделена е фотографија од угинати говеда во Канзас, САД.

Но, според медиумските извештаи тие угинале поради топлото време.

Силниот топлотен бран во Канзас досега усмрти повеќе од 2.000 говеда. Од една страна, руската агресија, во Канзас се одрази на снабдувањето со храна, а од друга страна се соочува со ситуација слична на суша поради топлата влажна клима. Според Одделот за здравје и животна средина во Канзас, само во вторникот умреле 2.000 крави и биволи, а нивните тела биле пронајдени насекаде, пишува порталот „Њуз пипа“.

Според порталот, Канзас со 2,4 милиони говеда е трета по големина американска држава во однос на бројност на стадата. Минатата недела температурата нагло пораснала, а студените ветрови стивнале, што придонело животните да почнат да умираат.

Рекордните горештини што ги зафатија САД имаат смртоносен ефект врз добитокот, при што Канзас пријави 2.000 мртви говеда, објави Гардијан.

Она што е јасно е дека онака како што се загрева светот, проблемот со топлотниот стрес кај добитокот (и луѓето, во секој случај) ќе станува сè поголем предизвик за сточарите да се справат со него,  смета Филип Торнтон, климатски истражувач и професор кој е автор на извештај од 2021 година за влијанието на зголемувањето на топлината врз добитокот, пренесува Гардијан.

Според ова, можеме да заклучиме дека климатските промени се тие кои влијаат врз животот на луѓето и на добитокот, а не намерно запрашување или труење во рамките на некаков глобален проект за недостиг на храна, како што се тврди во постот што го рецензираме. Постот изнесува тврдења за кои нема никакви докази  и истите се сведуваат на теорија на заговор, па поради тоа го оценуваме како невистинит.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција