Со изменета фотографија лажно се тврди дека филмот „Барби“ е забранет во Србија

Фото: Принтскрин видео

Никаде не може да се најде информација дека филмот „Барби“ е забранет во Србија, а во овој филм воопшто не постои мапа на голема Албанија. Ниту пак, има некаква мапа на која не е прикажана Северна Македонија, за, како што се сугерира во постот, филмот да биде забранет и во нашата држава. Сцената во која Барби стои пред наводна мапа „на голема Албанија“ не постои во филмот и таа е лажна, односно сцената со Барби пред светската мапа е изменета со цел да се шират лажни вести

Никаде не може да се најде информација дека филмот „Барби“ е забранет во Србија, а во овој филм воопшто не постои мапа на голема Албанија. Ниту, пак, има некаква мапа на која не е прикажана Северна Македонија, за, како што се сугерира во постот, филмот да биде забранет и во нашата држава. Сцената во која Барби стои пред наводна мапа „на голема Албанија“ не постои во филмот и таа е лажна, односно сцената со Барби пред светската мапа е изменета со цел ширење дезинформации

 

Пост на Фејсбук тврди дека филмот Барби бил забранет во Србија поради мапа на „голема Албанија“ и повикува да се забрани и во Северна Македонија, бидејќи нашата држава воопшто ја немало на мапата во филмот. Ваквите тврдења не се точни.

Филмот Барби забранет во Србија поради мапа на голема Албанија. Во северџан не е забранет иако на мапата северџан не постои и е поделен меѓу Бугарија и голема Албанија. Ова да си знаете како ви стојат работите во државичев и што ви спремаат, стои во постот што го анализираме.

Постот е придружен од фотографија, наводно од филмот, на која се гледа некаква мапа на која се прикажани Албанија, Бугарија, Србија, Романија, Грција… На фотографијата стои наслов дека филмот Барби е забранет во Србија поради мапа на „голема Албанија“.

Но, ваква сцена со ваква карта нема во филмот „Барби“. Очигледно е дека фотографијата е изменета со цел ширење дезинформации. Оригиналната сцена вклучува мапа, но не на „голема Албанија“.

Тоа може да се види и во официјалниот трејлер за филмот (1:01 минута од видеото).

Мапата прикажана во оваа сцена беше причина Виетнам да го забрани филмот на Ворнер Брос, „Барби“.

Според Виетнам, на мапата е прикажана унилатерално преземената територија на Кина во Јужното Кинеско Море, објавија државните медиуми.

„Линија со девет цртички“ во форма на латиничната буква „U“ се користи на кинеските мапи за да ги илустрира своите тврдења за огромните области на Јужното Кинеско Море, вклучително и делови од она што Виетнам го смета за свој континентален гребен, каде што додели концесии за нафта.

Не даваме лиценца за прикажување на американскиот филм „Барби“ во Виетнам затоа што содржи навредлива слика на линијата со девет црти“, објави државниот весник „Туои Тре“ цитирајќи го Ви Киен Тан, шеф на Одделот за кино – владино тело задолжено за лиценцирање и цензурирање на странски филмови, пренесува Гласот на Америка.

„Ворнер Брос“ соопшти дека верува оти контроверзната мапа прикажана во филмот за Барби е безопасна и дека не е изјава за работите во спорното Јужно Кинеско Море, се вели во изјавата дадена до медиумите и првпат објавена од Variety.

Мапата во „Земјата на Барби“ е цртеж во боја налик на дете. Цртаните го прикажуваат измисленото патување на Барби од земјата на Барби до реалниот свет. Немаше намера да даде каква било изјава, се наведува во ставот на „Ворнер Брос“.

Никаде не може да се најде информација дека филмот Барби е забарнет во Србија од причина што во овој филм не постои мапа на „голема Албанија“, ниту, пак, има некаква мапа на која не е прикажана Северна Македонија за што би требало филмот да биде забранет и во нашата држава, како што се сугерира во постот што е предмет на нашата рецензија.

Сцената во која Барби стои пред наводна мапа на голема Албанија не постои во филмот и таа е лажна, односно сцената со Барби пред светската мапа е изменета со цел да се шират дезинформации.

Филмот е забранет единствено во Виетнам.

Според тоа, постот што го анализираме, го оценуваме како невистинит.

 


 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција