Со лажна наградна игра и злоупотреба на брендот Киппер се измамуваат корисниците на социјалните мрежи

Дека станува збор за лажна наградна игра покажува и самата страница креирана специјално за да се промовира наводната наградна игра. На страницата нема официјални податоци, контакт, нема континуитет на објави, туку има само два поста кои се со невистинитата наградна игра. Очигледната намена за која е креирана оваа страница и севкупната лажна наградна игра е со измама да се собираат лични податоци од корисниците на социјалната мрежа Фејсбук со цел да се прибираат лични податоци од корисници на социјалната мрежа Фејсбук или пак да се соберат што е можно повеќе допаѓања на страницата, за потоа истата да може да се продаде

Дека станува збор за лажна наградна игра покажува и самата страница креирана специјално за да се промовира наводната наградна игра. На страницата нема официјални податоци, контакт, нема континуитет на објави, туку има само два поста кои се со невистинитата наградна игра. Очигледната намена за која е креирана оваа страница и севкупната лажна наградна игра е со измама да се собираат лични податоци од корисниците на социјалната мрежа Фејсбук со цел да се прибираат лични податоци од корисници на социјалната мрежа Фејсбук или пак да се соберат што е можно повеќе допаѓања на страницата, за потоа истата да може да се продаде

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се споделува лажна наградна игра во која е злоупотребено името и брендот на маркетите Киппер. Во постот се вели:

Денешен изненаден подарок. Здраво на сите. За Божиќ оваа година Киппер маркет денес ќе направи нешто посебно. Изберете го вашиот среќен плик, секој плик содржи парична награда, направете го тоа веднаш.

Во состав на текстот споделена е фотографија од нумерирани 15 коверти, на кои со фотомонтажа е додадено логото на Киппер маркетите. Во коментар под постот оставена е т.н. регулатива на лажната наградна игра со наводна бесплатна регистрација и ограничено време за регистрација.

Кога ќе се кликне на линкот опишан како регулатива, тој води кон нова лажна страница каде учесниците во лажната наградна игра се дезинформираат дека се избрани да добијат подарок од продавницата. Оставено е и поле каде корисниците на социјалната мрежа Фејсбук треба да кликнат, и невистинито им се сугерира дека може да пристапи само тој што е победник, а воедно се бара од корисникот да внесе име, електронска пошта и адреса за да ја добие наводната награда.

Очигледната намена за која е креирана оваа страница и севкупната лажна наградна игра е со измама да се собираат лични податоци од корисниците на социјалната мрежа Фејсбук. Не е познато каде подоцна ќе се користат тие податоци и за какви намени. Потоа, на страницата невистинито се ветува дека откако ќе се регистрираат, наводните победници ќе бидат контактирани во рок од 24 часа и како дополнителна сугестија оставена е фотографија од стотици евра.

Дека станува збор за лажна наградна игра покажува и самата страница креирана специјално за да се промовира т.н. наградна игра. На страницата нема официјални податоци, контакт, нема континуитет на објави, туку има само два поста кои се со невистинитата наградна игра. Сепак, тие постови имаат голема виралност, а објавата што ја рецензираме има дури 1200 споделувања, над 800 допаѓања и повеќе од 1800 коментари. Страницата што ја промовира лажната наградна игра има искористено неколку фотографии од логото на Киппер маркети за да симулира автентичност.

Дека станува збор за лажна наградна игра потврдија и од Киппер маркети, од каде напишаа известување.

Почитувани потрошувачи, на социјалните мрежи кружат лажни подароци и наградни игри во име на Киппер Маркет. Ве информираме и потсетуваме дека официјални страници на Киппер Маркет се само оваа страница на Фејсбук и оваа страница на Инстаграм. Доколку на Интернет ви биде побарана било каква лична информација или податоци за платежна картичка, ве советуваме да не ги праќате вашите податоци и случајот веднаш да го пријавите во секторот за компјутерски криминал при МВР. Со почит Киппер Маркет!, стои во известувањето.

Поради сите горенаведени факти постот кој го рецензираме го оценуваме како невистинит. Името, брендот и логото на Киппер маркетите се злоупотребени за креација на лажна наградна игра, со цел да се прибираат лични податоци од корисници на социјалната мрежа Фејсбук или пак да се соберат што е можно повеќе допаѓања на страницата, за потоа истата да може да се продаде.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција