Со нецелосни информации се проблематизира ефикасноста на вакцините

На написот што што се споделува на Фејсбук му недостигаат дополнителни информации со цел читателите да добијат целосна и точна слика со состојбата во Израел. Со нафрлање проценти без конкретни бројки  за тоа колку од новозразените биле целосно вакцинирани, не може да се добие јасна претстава, особено ако се земе предвид дека 5,17 милиони луѓе во Израел, (56 проценти од населението) ја примиле втората доза на вакцината. Ваквиот пушален  и површен приказ може само негативно да влијае врз процесот на имунизација против ковид-19

На написот што што се споделува на Фејсбук му недостигаат дополнителни информации со цел читателите да добијат целосна и точна слика со состојбата во Израел. Со нафрлање проценти без конкретни бројки  за тоа колку од новозразените биле целосно вакцинирани, не може да се добие јасна претстава, особено ако се земе предвид дека 5,17 милиони луѓе во Израел, (56 проценти од населението) ја примиле втората доза на вакцината. Ваквиот пушален  и површен приказ може само негативно да влијае врз процесот на имунизација против ковид-19

 

 

Пост на Фејсбук шири паника без притоа да понуди целосни информации. Имено, постот споделува напис со наслов: „Лoши вecти од Израел: 50 проценти од новозapaзените биле целосно вaкцинирани – делта сojoт xapa на Блискиот Исток“, кој на прв поглед звучи страшно.

Околу половина од возрасните заразени со епидемија на варијантата Делта на Ковид-19 во Израел биле целосно вакцинирани со вакцината на Фајзер АД, што ја натера владата повторно да побара носење на маска во затворени простории и други мерки. Прелиминарните откритија на израелските здравствени власти сугерираат дека околу 90% од новите инфекции биле веројатно предизвикани од варијантата Делта. Ран Балицер, кој предводи стручна советодавна комисија за Ковид-19 во израелската Влада, вели дека на децата под 16 години, од кои повеќето не биле вакцинирани, отпаѓаат околу половина од заразените, се вели во написот споделен во објавата на Фејсбук.

Но, она што е проблем и што создава забуна кај читателите е за колкав број на вакцинирани луѓе заразени со делта сојот станува збор. Во текстот никаде не се спомнува конкретна бројка, туку само се нафрлаат проценти кои вака пренесени звучат застрашувачки и можат да создадат паника и мислњње дека вакцините против ковид-19 не се ефикасни.

Доколку пребарате на Гугл, ќе видите дека текстот што го анализираме е преземен од „Волстрит журнал“. Во написот на „Волстрит журнал“ објавен на 27.06.2021, се вели дека бројката на новозаразени на дневно ниво се движи нешто над 200. Половина од новозаразените се децата под 16 години кои се невакцинирани.

Значи, бројот на возрасните вакцинирани и заразени е околу 100 на дневно ниво. Доколку тргнеме од она што го сугерира насловот на текстот што е предмет на нашата рецензија, дека 50 отсто од возрасните целосно вакцинирани со „Фајзер“ се заразиле со делта варијантата, ќе видиме дека тоа се околу 50 луѓе. И оваа бројка не е толку страшна како што сака да ја претстави написот, ако се земе предвид дека 5,17 милиони луѓе во Израел, (56 проценти од населението) ја примиле втората доза на вакцината.

Исто така, додека насловот на написот што го рецензираме вели дека пристигнуваат лоши вести од Израел и завршува со зборовите „делта сojoт xapa на Блискиот Исток“, насловот на текстот во „Волстрит журнал“ е сосема поинаков и вели дека делта варијантата во Израел „има инфицирано некои од вакцинираните лица.“ (потцртаното наше)

Водечкиот израелски епидемиолог изјави дека таа бројка не ја раскажува целата приказна.

Вакцинираните лица кои се заразени скоро никогаш не се хоспитализирани, рече професорот Надав Давидович, специјалист за инфективни болести од Универзитетот Бен Гурион. Имате намалување (во тешки случаи) од 90 до 95 проценти, пренесува abc.net.au.

Министерството за здравство на Израел излезе со податоци дека ефикасноста на вакцината „Фајзер-Бионтек“ е значително намалена во последните денови. Од 6 јуни ефикасноста на вакцината во спречување инфекција е падната на 64 проценти. Меѓутоа, вакцината и натаму многу добро заштитува од тешко заболување и болничко лекување –  93 проценти.

Според тоа, може да заклучиме дека на написот што го анализираме му недостигаат дополнителни информации со цел читателите да добијат целосна и точна слика со состојбата во Израел. Ваквото нафрлање на проценти без конкретни бројки можат само негативно да влијаат врз процесот на имунизација против ковид-19.

 

 

 

 

 


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за брзо справување со вакциналните дезинформации, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Тој е првично објавен во Вистиномер, а e овозможен со поддршка на Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, БТД или нивните партнери.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција