Стар пожар од црква во Русија, лажно прикажан како да го предизвикале поддржувачи на украинската црква

Фото: Принтскрин видео

Не е точно дека видеото од црква во пламен прикажано во постот е од неодамнешен пожар што го предизвикале Украинци на црква под јурисдикција на Московската патријаршија. Станува збор за пожар стар 10 години и се случил во руското село Илинка во регионот Астрахан. Насловот на оригиналното видео преведен од руски гласи: „Црква во пламен кај Илинка 4“, а датумот на објавата е 23 јануари 2013 година

Не е точно дека видеото од црква во пламен прикажано во постот е од неодамнешен пожар што го предизвикале Украинци на црква под јурисдикција на Московската патријаршија. Станува збор за пожар стар 10 години и се случил во руското село Илинка во регионот Астрахан. Насловот на оригиналното видео преведен од руски гласи: „Црква во пламен кај Илинка 4“, а датумот на објавата е 23 јануари 2013 година

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се споделува видео од црква која е во пламен. Во склоп на постот се вели:

Радикалните поддржувачи на Украинската црква ја запалија црквата на Московската патријаршија во селото Новополтавка (регион Николаев).
 Претходно Корчински (тој е следбеник на одредена идеологија) повика на палење на црквите доколку таму се зборува руски јазик.

Меѓутоа, наспроти наведеното во постот што го рецензираме, пожарот претставен на видеото е стар 10 години, настанот се случил во Русија, а не во Украина и воопшто не е поврзан со руската инвазија на Украина. На следниот линк може да го погледнете видеото оригинално снимено пред 10 години, но злоупотребено во 2023 година во пропагандни цели.

Како што пишуваат проверувачите на факти на Опен, пожарот е злоупотребен за да се нападне Украина и лажно да се тврди дека тој бил подметнат во Украина на штета на црква што припаѓа на Московската патријаршија во регионот Николаев. Но, оригиналниот контекст на видеото е сосема поинаков, видеото датира од пред 10 години и е од инцидент кој се случил во руското село Илинка во регионот Астрахан.

Според Опен, видеото почнало да се шири и да се споделува од про-Кремљ страницата Ридовка, која и претходно била предмет на споделување невистинити информации.

Насловот на оригиналното видео од пред 10 години преведен од руски гласи „Црква во пламен кај Илинка 4“, а датумот на објавата е 23 јануари 2013 година.

Кога ќе се побараат статии од овој временски период за конкретниот пожар, се доаѓа до податоците дека иако пожарот бил изгаснат за 40 минути, црквата била срамнета со земја. Пожарникарите не можеле да ја идентификуваат точната причина за пожарот, но се споменувало дека е поради лоша електрична инсталација. Не може да се исклучи дека причина е и тоа што паднала запалена свеќа. Црквата била изградена во 19 век и во неа доаѓале да се поклонуваат православни верници од цела Русија.

Поради сите горенаведени факти постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит. Не е точно дека видото од црква во пламен прикажано во постот е од неодамнешен пожар што го предизвикале Украинци врз црква под Московската патријаршија. Станува збор за пожар стар 10 години и се случил во руското село Илинка во регионот Астрахан.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција