Студија на Лансет не покажува дека на вакцинираните им слабее генералниот имунитет

Фото: Gerd Altmann Pixabay

Во насловот споделен во постот неточно се тврди дека на вакцинираните ќе им опадне општиот имунитет, односно заштитата на нивното тело против болести, неколку месеци по вакцинацијата. Студијата на Лансет не покажува слабеење на имунитетот кај вакцинираните по неколку месеци, туку слабеење на заштитата што ја нуди вакцинатa против ковид-19 по неколку месеци. Тоа се две различни работи

Во насловот споделен во постот неточно се тврди дека на вакцинираните ќе им опадне општиот имунитет, односно заштитата на нивното тело против болести, неколку месеци по вакцинацијата. Студијата на Лансет не покажува слабеење на имунитетот кај вакцинираните по неколку месеци, туку слабеење на заштитата што ја нуди вакцината против ковид-19 по неколку месеци. Тоа се две различни работи

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се споделува напис со наслов:

Предупредување до вакцинираните, студија на реномираниот Лансет покажува слабеење на имунитетот кај вакцинираните лица по неколку месеци.

Во текстот се вели дека студија на Лансет се бавела со ефективноста на вакцината за ковид-19 и падот на имунитетот на вакцинираните со текот на времето.  

Се вели дека шест месеци после втората доза, а особено 8 месеци после втората доза, кај некои ранливи поединци, вакцините имале мала, па дури и негативна ефикасност, а најалармантни биле бројките кај лицата постари од 80 години или кај тие со коморбидитети.

Вистиномер ја пронајде студијата и таа не го прикажува изнесеното во насловот споделен во постот што го рецензираме. Имено, ваквиот наслов  укажува дека на вакцинираните ќе им опадне општиот имунитет односно заштитата на нивното тело против болести и тоа неколку месеци по вакцинацијата.

Тоа не е точно.

Студијата ги испитува ризиците од тоа некој што е вакциниран да се зарази со ковид, да биде хоспитализиран и да почине до 9 месеци после втората доза на ковид вакцината. Во оваа студија како што може да се види, се известува дека вакциналната ефективност се намалува со текот на времето, што значи дека заштитата што ја нуди вакцината не е перманентна!

Во студијата се вели дека баш затоа треба да се администрира трета вакцина односно бустер, и тоа кај ранливите групи во повисок ризик од сериозни последици од ковид-19, заради тоа што кај тие луѓе побрзо избледува вакциналниот имунитет.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција