Светскиот економски форум не забранува зачнување бебиња на природен начин

Светскиот економски форум нема никакви овластувања да забранува природно зачнување, ниту пак, на нивната агенда се наоѓа таква небулозна цел. Насловот, што се споделува во постот, не е проследен со логични факти, односно самото тврдење е апсолутно паушално и нелогично. Целата дезинформација најверојатно потекнува од напис на сајтот на СЕФ,  објавен во 2017 година, а во кој се известува дека научници постигнале неверојатно откритие, да израснат мало јагне во вештачка матка. Во истиот текст се споменува дека истата технологија би можела да се користи и на луѓе. Но, во текстот експлицитно се наведува дека овие вештачки матки не можат да зачнат дете, туку може да го примат односно инкубираат неверојатно брзо после зачнувањето

Светскиот економски форум нема никакви овластувања да забранува природно зачнување, ниту, пак, на нивната агенда се наоѓа таква небулозна цел. Насловот, што се споделува во постот, не е проследен со логични факти, односно самото тврдење е апсолутно паушално и нелогично. Целата дезинформација најверојатно потекнува од напис на сајтот на СЕФ, објавен во 2017 година, а во кој се известува дека научници постигнале неверојатно откритие, да израснат мало јагне во вештачка матка. Во истиот текст се споменува дека истата технологија би можела да се користи и на луѓе. Но, во текстот експлицитно се наведува дека овие вештачки матки не можат да зачнат дете, туку може да го примат односно инкубираат неверојатно брзо после зачнувањето

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

Се слушна крик од внукот на Луцифер.

Во склоп на објавата се споделува фотографија од напис со наслов:

Светскиот економски форум сака да забрани природно зачнување: Сите бебиња мораат да бидат одгледувани во лабораторија.

Илустрацијата што го следи овој наслов е фотографија од Клаус Шваб, основачот на Светскиот економски форум.

Но, наспроти наведеното во објавата што ја рецензираме, Светскиот економски форум нема никакви овластувања да забранува природно зачнување, ниту пак, на нивната агенда се наоѓа таква небулозна цел. Насловот не е проследен со логични факти, односно самото тврдење е апсолутно паушално и нелогично, но споделено е и на англиски јазик.

Целата дезинформација најверојатно потекнува од напис на сајтот на СЕФ, објавен во 2017 година, а во кој се известува дека научници постигнале неверојатно откритие, да израснат мало јагне во вештачка матка.

Креирањето на вештачки матки би било достигнување од монументална големина, бидејќи предвременото раѓање е водечка причина за смртност кај новороденчињата. Оваа недела доктори од Филаделфија направија знајни постигнувања во кои синтетичките матки се реалност. Тие креираа нешто што личи на матка, а кое е способно да одржи во живот предвреме родени фетуси јагниња, набрзо откако тие почнуваат да се развиваат. За кратко, истата технологија би можела да се користи и на луѓе. Јагнињата беа поставени во синтетичката матка само 105 дена откако почнаа да се развиваат, што е еквивалентно на 22 недела од развојот на фетусот. Во тој период од нивниот развој, ни јагнињата ни човековите фетуси може да преживеат надвор од матката сами. Јагнињата беа чувани во нивните биоторби 4 недели. За време на овој период им пораснаа влакна, им се развија белите дробови и достигнаа точка каде можеа да преживеат сами. Осумте јагниња во студијата нормално се развија во вештачката матка и сите преживеаа докажувајќи дека биоторбите успешно симулираат природни услови кои се пронаоѓаат во матката. Ова го поплочува патот за нов механизам за спасување животи и за луѓето. Резултатите од студијата се објавени во Нејчр Комјуникејшнс, пишува на сајтот на СЕФ на 3 мај 2017 година.

Потоа се додава дека новороденчето се смета за предвреме родено ако е родено пред 37 гестациска недела. Глобално, милиони бебиња се предвреме родени секоја година. Ова ги изложува на хронични болести, бидејќи белите дробови и мозокот уште им се во рана фаза на развој.

Иако во моментот предвреме родените бебиња се ставаат во инкубатор, новиот изум може да им направи поголем бенефит овозможувајќи им да го комплетираат развојот во природни услови. Иако пластичната обвивка исполнета со течност не може да развие дете во цели 9 месеци, може да ги прими односно да го инкубира неверојатно брзо после зачнувањето. Тимот доктори е во преговори со Агенцијата за храна и лекови на САД и клинички студии се планирани да почнат за 3 до 5 години. Во светлото на овој прогрес, експертите велат дека вештачките матки може да станат реалност во наредните неколку децении, пишува во текстот објавен на сајтот на СЕФ.

Како што може да се види од самиот текст, експлицитно се наведува дека овие вештачки матки не можат да зачнат дете, така што тврдењето во постот што го рецензираме дека ќе се прекине природното зачнување, односно дека ќе се забрани, е невозможна мисија, дури ни теоретски. Во написот објавен на сајтот на СЕФ се дискутира за научен изум кој не е во употреба, туку е идна опција за да се помогне на предвреме родените бебиња.

Проверувачите на факти на Асошиејтед Прес веќе дебанкираа вирално тврдење, според кое постои лабораторија во која растат вештачки бебиња во вештачки матки. Станува збор за видео на кое е претставен концепт за дизајнирање на таков изум, а креаторот за Асошиејтед Прес изјавил дека моментално не се вршат никакви активности за да се креира истиот. Но, видеото за наводниот изум за лабораторија со вештачки матки беше злоупотребено за да се дезинформира дека ќе се користи за да се креираат, односно генетски да се модифицираат фетуси во лаборатории. Иако видеото само презентира можности за тоа што може да се случува со помош на технологијата во иднина, а го промовираше Хашем Ал Гали, продуцент, креатор на филмови и биотехнолог.

Ал Гали во мејл за Асошиејтед Прес изјави дека видеото не претставува вистинска „лабораторија“, туку е само концепт, и е извадено од контекст од страна на луѓето кои го споделуваат.

Екто Лајф не е вистински објект и нема активност за да се создадат вакви матки. Видеото е со намера да се покаже како науката и репродуктивната технологија напредуваа и да се поттикне дебатата за таква технологија, вели тој, додавајќи дека се работи за концепт.

Вистиномер на страницата на Светскиот економски форум не пронајде ниту еден напис, или пак, соопштение во кое се известува за намера да се забрани природно зачнување. СЕФ во текот на годините е мета на пропаганда и дезинформации од различен тип. Некои од нив Вистиномер ги дебанкираше. 

Поради сите горенаведени факти постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција