Тоа што вакцинираните може да се заразат со ковид, не значи дека вакцината е не спасува животи

Фото: Kuhlmann /MSC, CC BY 3.0 DE , via Wikimedia Commons

Во овој пост е намерно изместен контекстот за да се петстави дека вакцната против ковид-19  е неефикасна и не спасува животи, само затоа што Бил Гејт се заразил со ковид иако бил вакцинациниран со три дози. Но, наспроти ваквото претставување на нештата, Самиот Гејтс кажува дека  е инфициран, но благодарение на валцината има благи симптоми. Тоа што инфекцијата со коронавирусот е можна и по две и по три дози примена вакцина, не ја квалификува вакцината како неефикасна и не ја негира нејзината делотворност. Симптомите и клиничката слика на вакцинираните кои се заразиле со коронавирусот се далеку полесни, споредено со симптомите и клиничката слика на невакцинираните

Во овој пост е намерно изместен контекстот за да се петстави дека вакцната против ковид-19  е неефикасна и не спасува животи, само затоа што Бил Гејт се заразил со ковид иако бил вакцинациниран со три дози. Но, наспроти ваквото претставување на нештата, Самиот Гејтс кажува дека  е инфициран, но благодарение на валцината има благи симптоми. Тоа што инфекцијата со коронавирусот е можна и по две и по три дози примена вакцина, не ја квалификува вакцината како неефикасна и не ја негира нејзината делотворност. Симптомите и клиничката слика на вакцинираните кои се заразиле со коронавирусот се далеку полесни, споредено со симптомите и клиничката слика на невакцинираните

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во кој се споделува медиумски напис од сајтот „Коловрт“, а којшто се однесува на Бил Гејтс, кој пак, по третпат е позитивен на коронавирусот. Во написот се изнесуваат податоци кои погрешно се контекстуализирани, односно се прикажуваат информации кои ја негираат ефикасноста и делотворноста на вакцините против ковид-19, а се базирани на невистинита хипотеза. Според оваа хипотеза, вакцините не се спасоносни само затоа што некој кој трипати бил вакциниран, се заразил со ковид-19.

Спорното во ваквото логицирање, е тоа што инфекцијата со коронавирусот е можна и по две и по три дози примена вакцина, но тоа не ја квалификува вакцината како неефикасна и не ја негира нејзината делотворност, наспроти обидите во постот што го рецензираме да се создаде таква слика.

Многупати од страна на повеќе релевантни медицински организации и во земјава и во светот, потенцирано е дека инфекција со ковид-19 е возможна и по примањето на вакцината, особено доколку помине подолг временски период од нејзиното аплицирање со што вакциналниот имунитет слабее. Но, ефикасноста и делотворноста на вакцината е изразена во фактот што симптомите и клиничката слика на вакцинираните кои се заразиле со коронавирусот се полесни, споредено со симптомите и клиничката слика на невакцинираните. Исто така, голема улога во текот и развојот на болеста, има и општата здравствена состојба на пациентот односно неговите коморбидитети или придружни болести.

Самиот Бил Гејтс, како што може да се види од овој медиумски напис, кажува дека се смета за среќлија, што бил вакциниран со три дози.

Што пишува во написот?

Во написот од „Коловрт“ Бил Гејтс е под наводници ословен како филантроп, а без наводници е претставен како иницијатор на корона-хистерија. Со овој наратив се промовира веќе познатата антивакцинална теорија на заговор дека Гејтс има некаква врска со појавата на коронавирусот, пандемијата и нејзината сериозност.

Бил Гејтс кој е најголемиот промотор на вакцинацијата за која тврди дека е животоспасувачка, со својот пример успеа да докаже дека не само што не е така, туку и воопшто не е така, знаејќи го фактот дека не само што истиот е потполно вакциниран, туку има примено и бустер доза, се вели во написот .

Тука намерно е изместен контекстот за да се петстави дека вакцната против ковид-19  е неефикасна и не спасува животи, само затоа што некој се заразил со ковид после вакцинацијата.

Но, наспроти ваквото претставување на нештата, Самиот Гејтс кажува дека  е инфициран, но благодарение на валцината има благи симптоми.

Што вели релевантниот Центар за контрола и превенција на болести на САД?

На официјалната страница на Центарот за контрола и превенција на болести на САД, објаснето е дека постојат пробивни инфекции со ковид-19 кои може да се појават и кај целосно вакцинирани лица, како и кај лица кои примиле бустер доза од вакцината. Инфекцијата кај целосно вакцинирано лице се нарекува „вакцинална пробивна инфекција“.

Вакцините против ковид-19 се ефективни во превенирањето на инфекција, сериозна болест и смрт. Повеќето луѓе кои се заразуваат со ковид 19 се невакцинирани. Но, бидејќи вакцините не се стопроцентно ефективни во превенцијата на инфекција некои луѓе кои се целосно вакцинирани сепак ќе се заразат со ковид 19. Дури и ако сте целосно вакцинирани, ако живеете во област со висока стапка на инфекции со ковид 19, подобро ќе бидете заштитени ако носите маска кога сте во затворени јавни простори. Луѓето кои се имунокомпромирани не секогаш градат адекватно ниво на заштита по иницијалнните две дози мРНК вакцини. Тие треба да продолжат да ги преземаат сите превентивни препораани мерки за невакцинирани лица, додека поинаку не ги посоветува здравствен професионалец, се вели на страницата на ЦДЦ.

Како што може да се види од наративот на Центарот за контрола и превенција на болести на САД, самото тоа што има вакви пробивни инфекции не ја доведува во прашање ефикасноста на вакцината или нејзината спасоносност. Тоа што некој ќе се зарази не значи дека ќе почине, а ова во голема мерка е резултат на вакцината.

Вакциналните продирни инфекции се очекувани. Вакцините против ковид-19 се ефективни во превенцијата на повеќето инфекции. Сепак, како и за другите вакцини, тие не се стопроцентно ефективни. Целосно вакцинираните лица со вакцинална продирна инфекција ИМААТ ПОМАЛА ВЕРОЈАТНОСТ ДА РАЗВИЈАТ СЕРИОЗНА БОЛЕСТ отколку оние кои не се вакцинирани, а се заразиле со ковид-19. Дури и кога целосно вакцинираните развиваат симптоми, тие се помалку сериозни отколку симптомите на невакцинираните. Тоа значи дека за нив има многу помала веројатност да бидат хоспитализирани или да починат од ковид 19 отколку невакцинираните. Поради тоа што вакцините не се стопроцентно ефективни, така – што поголем број луѓе се целосно вакцинирани, така и бројот на вакцинални продирни инфекции ќе се зголемува. Во секој случај, ризикот од инфекција останува многу повисок за невакцинираните отколку за вакцинираните, пишува на сајтот на ЦДЦ.

Со ова впрочем, се демантира изнесеното во постот дека вакцината не е спсасоносна и дека заразата со ковид-19 тоа наводно го покажува.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека во овој пост  е пропуштен контекстот.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција