Трагите од авиони не се користат за борба против климатските промени

Фото: Txemi López auf Pixabay

Борбата против глобалното затоплување не се постигнува со авиони, ниту со трагите што ги оставаат зад  себе кои не се ништо друго освен случаен резултат од мешањето на топлината испуштена од млазниот мотор исполнет со водена пареа, со ладниот воздух. Овие бели траги можат да постигнат влошување на климатските промени, а не подобрување

Борбата против глобалното затоплување не се постигнува со авиони, ниту со трагите што ги оставаат зад себе кои не се ништо друго освен резултат од мешањето на топлината испуштена од млазниот мотор исполнет со водена пареа, со ладниот воздух. Овие бели траги можат да постигнат влошување на климатските промени, а не подобрување

 

 

Објава на социјалната мрежа Фејсбук тврди дека со трагите што ги оставаат авионите на небото намерно се постигнува редуцирање на сончевите зраци, односно дека ова е начин на борба против глобалното затоплување. Ова е невистина. Реалноста е сосема спротивна.

Отприлика вака се одвива цел циклус од авионското “третирање” до краен резултат, редуцирање на сончевите зраци или по нивно кажано, борба против глобалното затоплување, пишува во објавата.

Авионските бели траги од водена пареа коишто се гледаат на небото откако ќе помине авион, се предмет на теории на заговор со децении. Некои веруваат дека тие се составени од хемикалии (кемтрејлс) со кои населението намерно се прска од страна на злобните актери, но овој концепт е неоснован и досега „Вистиномер“ во повеќе наврати го разобличува.

Овојпат, овие бели траги од авионите се користат за да се споделува друга теорија на заговор, а тоа е дека се употребуваат за климатски геоинженеринг, односно да ги попречуваат сончевите зраци да стигнат до планетата како еден од начините на борба против глобалното затоплување. Но, ова не е вистина.

Прво, белите траги (контрејлс) не се ништо друго освен случаен резултат од мешањето на топлината испуштена од млазниот мотор исполнет со водена пареа, со ладниот воздух. Второ и многу важно, тие не се борат со климатските промени. Тие ги забрзуваат.

Соларниот геоинженеринг е ново поле на истражување за тоа како да се излади планетата во услови на климатски промени. Научниците сугерираат дека прскањето сулфурни честички во атмосферата би можело да помогне да се рефлектира сончевата светлина, ладејќи ја планетата, иако технологијата останува контроверзна и непроверена, бидејќи истражувачите се загрижени за потенцијалните несакани последици.

Дејв Фахи, директор на лабораторијата за хемиски науки на Националната управа за океани и атмосфера, вели дека трагите од авиони би биле лош избор за климатска интервенција.

Контрејлс имаат краткотрајни ефекти на облак – помалку од неколку дена. Тие би биле многу неефикасен метод , вели Фахи во е-пошта до „Ју ес Тудеј“.

Всушност, реалноста е дека трагите од авиони го прават спротивното од тоа што се тврди. Познато е дека тие го загреваат климатскиот систем, а не го ладат.

Научниците велат дека тие придонесуваат за климатските промени со заробување на топлина што зрачи нагоре од површината на Земјата. Една нова студија објавена во списанието Atmospheric Chemistry and Physics сугерира дека ефектот на глобалното затоплување ќе се зголеми тројно до 2050 година, бидејќи воздушниот сообраќај расте во популарност и новата технологија им овозможува на авионите да стигнат до повисоките височини каде што имаат тенденција да се формираат контрејлс. Ефектот на затоплување од контрелјс веќе претставуваше најголем придонес за влијанието на воздухопловството врз климата уште во 2005 година, кога авијацијата учествуваше со 5 проценти од човечкото влијание врз климата. Тоа е помалку од вкупниот придонес на автомобилите и другите копнени возила, но влијанието на авијацијата најверојатно ќе се зголеми со оглед на растечкиот воздушен сообраќај.

Трагите од авиони во одредени услови можат да се протегаат десетици километри. Ветерот може да ги рашири. Тие можат да се задржат со часови. Така, додека авион по авион ја минува истата рута низ воздухот, новите и старите контрејлс се мешаат и се акумулираат, формирајќи воздушни мешавини од ледени облаци. Научниците ги нарекуваат овие „contrail cirrus“ – облаци на голема надморска височина што можат да се прошират на стотици квадратни милји. Облаците ја задржуваат топлината што излегува од земјата којашто инаку би се упатила кон вселената, правејќи промена во топлината и климата на планетата.

Научниците имаат доволно докази дека модерните климатски промени се поттикнати од емисијата на стакленички гасови од човековите активности, првенствено согорувањето на фосилните горива. Стакленички гасови како јаглерод диоксид, азотен оксид и метан ја задржуваат топлината во атмосферата, предизвикувајќи зголемување на глобалните температури на површината. Како резултат на тоа, просечната глобална температура се зголеми за речиси 2 степени од 1880 година.

Но, борбата против климатските промени не се постигнува со авиони, ниту со трагите што ги оставаат. Ова тврдење е невистинито. Напротив, овие бели траги можат да постигнат влошување на климатските промени, а не подобрување.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција