Тумба Маџари доби фекална канализација
Проект: ФЕКАЛЕН КОЛЕКТОР ВО МАЏАРИ
Изградба на фекален колектор од постојната ФПС „Маџари“ до постојниот фекален колектор Ф 800 во Инџиково. Тој би се движел низ месните заедници Тумба и Питу Гули во нас. Инџиково, а ќе се реализира во соработка со Општина Гази Баба. (Рок: 2014-2016 година)
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Изградба на „ФЕКАЛЕН КОЛЕКТОР ВО МАЏАРИ“ , градоначалникот Скопје, Коце Трајановски , вети во Изборната програма , со која тој излезе на локалните избори во 2013 година. Во неговата програма „Нови дела за нов напредок, нови дела за подобро Скопје“ (во делот Водоснабдување, атмосферски и фекални канализации стр.63), е наведено дека во периодот 2014-2016 година, ќе биде изграден „фекален колктор од постојната ФПС „Маџари“ до постојниот фекален колектор Ф 800 во Инџиково, кој би се движел низ месните заедници Тумба и Питу Гули во нас. Инџиково“. Ова е исполнето ветување на градоначалникот на Скопје, кое е реализирано во првата половина на 2015 година, односно повеќе од една година пред истекот на карјниот рок (декември 2016).
На 20 октомври 2014 година градоначалникот Коце Трајановски и градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски го означија старот на изградбата на третата фаза на фекалниот колектор во населеното место Инџиково. Трасата на фекалниот колектор минува покрај автопатот Александар Македонски во правец на стадионот Борис Трајковски, па сè до фекалната препумпна станица Маџари. Самиот колектор е од полиетиленски цевки со профил DN-800 милиметри, а во должина од 679 метри.
Со овој зафат практично ќе се реши проблемот со фекалната канализација на населеното место Тумба маџари каде што досега воопшто немало канализација. Оваа населба досега не била во урбанистичките планови, но во соработка со Општината, ЈП „ Водовод и канализација“ успеавме да им обезбедиме фекална канализација, истакна градоначалникот Трајановски.
Тогаш беше соопштено и дека инвеститор на овој проект е ЈП „Водовод и канализација”, а неговата вредност изнесува околу 12 милиони денари. Во зависност од временските активности градежните работи се планира да завршат за 20 до 30 работни дена.
На први декември 2014 градоначалниците Трајановски и Трајковски , заедно со директорите на јавните градски претпријатија на Град Скопје, присуствуваа на акцијата за чистење и уредување на паркот „Борис Трајковски” во Ченто, означувајќи го почетокот на тридневната акција за чистење во оваа Општина. Во оваа пригода Трајановски спомена дека се во тек „градежните работи на третата фаза од проектот за изградба на фекалниот колектор во Инџиково“.
На 29 декември 2014 година Трајановски на прес-конференција давајќи отчет за сработеното во 2014 година, спомена повеќе проекти кои се во фаза на реализација, при што посочи дека во тек е изведба на
третата фаза од фекалниот колектор во населеното место Инџиково.
А зборувајќи за плановите во 2015 година Трајановски рече:
Наредната година очекуваме да се догради фекалниот колектор во Инџиково.
Во Отчетот на Трајановски за минатата година (2015) (стр.10), за е наведено дека е: „ ДОГРАДЕН ФЕКАЛНИОТ КОЛЕКТОР ЗА ИНЏИКОВО“
Во населеното место Инџиково е изграден третиот дел од фекалниот колектор чијашто траса води покрај автопатот Александар Македонски во правец кон стадионот „Борис Трајковски“, па се до препумпната станица Маџари. Колекторот е во должина од 679 метри.
Со изградбата на овој колектор ќе се реши проблемот со прифаќањето и одведувањето на фекалните отпадни води од месните заедници Тумба и Питу Гули, како и дел од населените места Ченто и Камник, а корист ќе имаат околу 30.000 жители – вели градоначалникот Коце Трајановски.
Инвеститор на овој проект е ЈП „Водовод и канализација”, а вредноста на ин вестицијата е околу 12 милиони денари.
Жители од овој реон на Општината Гази Баба , исто така, ни потврдија дека фекалниот колектор е изграден во почетокот на 2015 година.
Така што, може да се констатира дека ова изборно ветување на Трајановски е исполнето.
ИЗВОРИ:
- Извор: Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ и Коце Трајановски (2013-2017), Нови дела за нов напредок, нови дела за подобро Скопје! (во делот Водоснабдување, атмосферски и фекални канализации стр.63) [Пристапено: 10.06.2016]
- Otcet_2015_godina Отчет 2015 на градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски стр.10. [Пристапено: 10.06.2016]
- Тајм.мк (2о.10.2014): Фекална канализација за улицата „Прва македонска ударна бригарда“ [Пристапено: 10.06.2016]
- Вечер (20.10.2014): Тумба Маџари ќе добие фекална канализација [Пристапено: 10.06.2016]
- А1 ОН (20.10.2014): Започна изградбата на третата фаза од фекалниот колектор во Инџиково [Пристапено: 10.06.2016]
- Прес 24(01.12.2014): Продолжуваат бројните проекти во Гази Баба [Пристапено: 10.06.2016]
- Тајм.мк (29.12.2014): Трајановски со отчет за сработеното во 2014 и за плановите во 2015 [Пристапено: 10.06.2016]
- Точка (29.12.2014): Трајановски со отчет за сработеното во 2014 и за плановите во 2015 [Пристапено: 10.06.2016]
- Нетпрес (29.12.2014): Трајановски со отчет за сработеното во 2014 и за плановите во 2015 [Пристапено: 10.06.2016]
Оценето од: Оливера Војновска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар