Убивањето на свињите во Хрватска не е американска агенда, туку заштита од болест

Фото: pixabay.com

Африканска чума кај свињите е вирусно заболување кај домашните и дивите свињи, кај сите старосни категории и предизвикува големи економски загуби. Наспроти изнесеното во постот дека САД има некаква врска со убивањето на свињите заразени со болеста во Хрватска, постојат и држави кои не се дел од Европската Унија, како на пример Србија, каде се спроведува истата мерка кај заразените животни. Во Србија од почетокот на годината до 27 јули, се евтаназирани 18 илјади свињи поради африканската чума

Африканска чума кај свињите е вирусно заболување кај домашните и дивите свињи, кај сите старосни категории и предизвикува големи економски загуби. Наспроти изнесеното во постот дека САД има некаква врска со убивањето на свињите заразени со болеста во Хрватска, постојат и држави кои не се дел од Европската Унија, како на пример Србија, каде се спроведува истата мерка кај заразените животни. Во Србија од почетокот на годината до 27 јули, се евтаназирани 18 илјади свињи поради африканската чума

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

Покољ на свињите во Европска Хрватска. И после храната била скапа. Пријателите од Америка си ја тераат агендата. 

Овој пост е уште еден во низата кои се појавуваат деновиве, а се насочени кон тоа да ги дискредитираат Европската Унија и САД  дека имале намера да го девастираат земјоделството и сточарството, односно овие гранки да се уништат и да не се развиваат, иако сите аргументи го говорат токму спротивното.

Во Хрватска, држава членка на Европската Унија, Министерството за земјоделие објави дека има африканска чума кај свињите, болест која ги напаѓа свињите.

Ветеринарната инспекција по поставеното сомнение нареди прелиминарни контроли и забрана за преместување на свињите, задолжителна примена на дезинфекција и користење на заштитна опрема. Во тек е одредување мерки за контрола, вклучително и усмртување на останатите свињи на објектот (каде што се најдени болни свињи), одредување на зона на ограничување, собирање епидемиолошки информации и утврдување на контакт објекти и можно ширење на болеста на други локациипишува во соопштението објавено на веб-страницата на хрватското Министерство за земјоделство на 26 јуни годинава .

Африканска чума кај свињите е вирусно заболување кај домашните и дивите свињи, кај сите старосни категории и предизвикува големи економски загуби.

Вирусот се излачува преку крв, ткива, секрети и екскрети од болни или угинати животни. Болеста се пренесува и шири со директен контакт помеѓу здраво и болно животно, трупови од угинати животни и луѓе, индиректно се пренесува преку заразена храна и отпадоци од храна, опрема, возила и облека и има биолошки пренос од векторот- мек крлеж од родот Ornithodoros.

Главните видови на животни приемчиви на вирусот на африканска чума кај свињите се домашните свињи, Европската дива свиња и Американски диви свињи, африкански диви свињи (Phacochoerus aethiopicus, Potamochoerus sp. и Hylochoerus einertzhageni) и крлежите од родот Ornitodos spp. Периодот на инкубација трае од 4 до 19 дена. Луѓето не се приемчиви на вирусот и болеста.

Болеста се манифестира со треска, општа слабост, анорексија, летаргија, губење на апетит, Смртноста кај домашните свињи може да биде и 100 проценти. Имаат црвенило по кожата, исцедок од носот и очите кој може да биде и крвав, сино-виолетово обојување и крварења по кожата во вид на кругови или поголеми површини во пределот на ушите, стомакот и нозете, отежнато движење и оток на зглобовите, повраќање, крвав измет, смрт кај животните за 6 до 9 дена или 11 до 15 дена, зависно од вирулентноста на вирусот. Животните кои ќе оздрават остануваат трајни носители на вирусот.

Според информациите кои ги има објавено Агенцијата за храна и ветеринарство во Северна Македонија, африканската чума кај свињите не се лекува! Мерките кои се преземаат за спречување и контрола на болеста африканска чума кај свињите е забрана и контрола на движењето на животните, убивање и нештетно уништување на заразените животни, чистење и дезинфекција.

Наспроти изнесеното во постот што го рецензираме, дека САД има некаква врска со убивањето на свињите заразени со болеста во Хрватска, постојат и држави кои не се дел од Европската Унија, како, на пример, Србија, каде се спроведува истата мерка кај заразените животни. Во Србија од почетокот на годината до 27 јули, се евтаназирани 18 илјади свињи поради африканската чума.

Дополнително, владата на Хрватска им помага на домаќинствата коишто поради оваа болест биле принудени да ги изгубат своите домашни животни – свињите. Исто така, хрватската ветеринарна комора има издадено мерки и препораки да се почитува превенцијата и сите наложени владини мерки за да се спречи ширењето на болеста.

Поради сите горенаведени факти сметаме дека во постот што го рецензираме се пропушта контекстот. Имено, во постот не е наведена причината за убивањето на свињите во Хрватска, туку се алудира на некаква непостоечка американска агенда за поскапување на храната.

 

 



 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција