Учениците во ОУ „Наум Наумовски Борче“ добија нови спортски терени

Спортско игралиште во ОУ „Наум Наумовски Борче“ Фото: Принтскрин

Проект: Изградба на спортски терени во дворот во ОУ „Наум Наумовски-Борче“. Рок: 2014 година

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Изградба на спортски терени, односно на повеќенаменско игралиште, во рамки на ОУ „Наум Наумовски Борче“ во населбата Триангла, е проект на градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски, најавен во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори 2013-2017 година.

На 29.11.2013 година, давајќи отчет за она што го сработил во текот на првите неколку месеци од мандатот, градоначалникот Трајковски, нагласи дека изградбата на игралиштето во Триангла е веќе почната.

Во соработка со агенцијата за млади и спорт во тек е изградба на ново повеќенаменско игралиште во Триангла и го асфалтиравме мултифункционалното игралиште во населба Керамидница и игралиштето за баскет во Колонија…

На 27.07.2014 година, во медиумите беше објавена информација дека е пуштено во употреба повеќенаменското игралиште во Триангла.

Повеќенаменско спортско игралиште, дел од проектот за изградба на „100 повеќенаменски игралишта“ денеска беше пуштено во употреба во ОУ „Наум Наумовски Борче“, во скопската населба Триангла.

Истата информација беше споделена и на официјалната Фејсбук страна на Агенцијата за млади и спорт.

Повеќенаменско игралиште кое се протега на 1.000 метри квадратни денеска беше пуштено во употреба од страна на премиерот Никола Груевски, директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески и градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски во дворот на основното училиште „Наум Наумовски – Борче“ во населбата Триангла.

Имајќи го предвид сето ова, може да се каже дека ова ветување на градоначалникот Трајковски е исполнето.

ИЗВОРИ:

Оценето од: Ана Анастасовска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија (BTD – The Balkan Trust for Democracy), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, NED или BTD.

Оставете реакција