Украина денеска за првпат го одбележува Божиќ на 25 декември

Фото: Hennadiy Minchenko, Укринформ

Претседателот на Украина Володомир Зеленски вели оти целта е да се „напушти руската традиција“ на прославувањето на Божиќ според јулијанскиот календар, а не грегоријанскиот кој се користи во секојдневието

 

Украина денеска првпат го слави Божиќ на 25 декември, според грегоријанскиот календар, откако во јули претседателот на Украина Володомир Зеленски го промени датумот на државниот празник, известува Би-би-си. Целта е да се „напушти руската традиција“ на одбележувањето на празникот во јануари, односно следењето на јулијанскиот календар.

„Сите заедно го славиме Божиќ. На ист датум, како едно големо семејство, како еден народ, како една обединета земја. Денес нашата заедничка молитва ќе биде посилна од кога било и ќе одекнува без временска разлика од две недели. Ќе резонира заедно со Европа и светот“, изјави украинскиот претседател.

Украинската новинска агенција Укринформ известува дека веќе се рашириле про-руски дезинформации, во кои се тврди дека во градинка во Украина имало плакат на кој се споредувал „намуртениот, советски“ Дедо Мраз и „западниот, насмеан“ Санта Клаус. Инаку, оваа слика е лажирана.

Фото: Укринформ

Украинската православна црква се одвои од руската поради руската анексија на Крим како и нивната поддршка за руски екстремисти во истокот на Украина. Новата црква ја одржа својата прва литургија во 2019 година и ја прифати промената на датумот за Божиќ.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција