Уличните светилки во Канада се виолетови поради технички проблем, а не за да препознаваат вакцинирани

Фото: Притнскрин ведео - ФБ пост

Постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит. Според градските власти на Ванкувер, уличните светилки ја смениле бојата во виолетова поради оштетување на заштитниот слој и се работи на нивна замена, бидејќи се под гаранција. Светилките, инаку, биле поставени уште пред да настапи ковид пандемијата и пред да бидат развиени вакцините. Полицијата и властите немаат начин да ги препознаат вакцинираните луѓе дури и кога тие би се нашле под овие виолетови светилки, бидејќи со вакцините не се менува генот на луѓето, ниту пак, може да се претвораат во генетски модифицирани организми

Постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит. Според градските власти на Ванкувер, уличните светилки ја смениле бојата во виолетова поради оштетување на заштитниот слој и се работи на нивна замена, бидејќи се под гаранција. Светилките, инаку, биле поставени уште пред да настапи ковид пандемијата и пред да бидат развиени вакцините. Полицијата и властите немаат начин да ги препознаат вакцинираните луѓе дури и кога тие би се нашле под овие виолетови светилки, бидејќи со вакцините не се менува генот на луѓето, ниту, пак, може да се претвораат во генетски модифицирани организми

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

ГМО ЛУЃЕ ШЕТААТ ОКОЛУ НАС БЕЛЕЖАНИ?!?
 Др. Даниел Нагасе: Вакви сино-виолетови светла се повеќе се поставуваат изминативе две години и тоа намерно! Најмногу ги има на главните сообраќајници и на места каде има голема фреквенција на сообраќај и луѓе. Оние кои се занимаваат со молекуларна биологија, знаат дека таквата ултравиолетова светлина се користи за идентификување на генетски модифицирани организми (луѓе чија mRNA е изменета од ген). Полицијата сега може точно да знае кој ги примил овие „вакцини“, а кој не.

Во склоп на постот, споделен е видеоматеријал на којшто човек претставен како доктор Даниел Нагас, кажува дека во Канада во последно време забележува чудно виолетово улично осветлување на улиците, особено во тесните грла од сообраќајниците, каде има голем број на возила,Toj вели дека причината за поставувањето на овие наводни ултравиолетови светла е да се знае дали нешто е успешно генетски модифицирано, па така владите односно полицијата би можеле да знаат кој човек што се наоѓа под вакво светло е вакциниран, а кој не е вакциниран, на пример, за време на улични демонстрации. Според говорникот во видеото, невакцинираните не би ја имале таа илуминација што би ја имале вакцинираните!

Иако индиго светлата во Канада ги разгореа теориите за секакви теми онлајн, од вампири до вакцини, сепак, Градот Ванкувер потврдува дека ЛЕД светлата на улиците во Канада кои се виолетови, се резултат на дефект во производството, пишува Си Би Ес Канада.

Има заштитен слој на овие сијалици кој е нефункционален, вели Ерик Митал од инженерскиот оддел на Град Ванкувер.

Ванкувер работи на тоа да ги замени повеќето од сто пријавени виолетови сијалици откако почнаа да менуваат боја минатата година. Градските власти посочуваат дека сите светилки биле инсталирани меѓу 2017 и 2019 година ( значи пред почетокот на ковид пандемијата) и уште се под гаранција, истовремено напоменуваат дека на ваков начин нема да има фискални импликации за даночните обврзници.

Да се трвди дека полицијата може да дознае кој е вакциниран, а кој не е вакциниран, само со тоа што луѓето ќе застанат под виолетовите светилки, не само што не е  вистина, туку во најмала рака е и смешно. Дополнително, со вакцините против ковид-19 не се менува генот на луѓето, ниту пак, тие стануваат генетски модифицирани организми, како што невистинито се тврди во постот што го рецензираме. Вистиномер и претходно има пишувано дека со вакцините не се модифицира геномот на личноста.

Во мРНК вакцините наместо да се користи мртов вирус, се тренира имуниот систем со единечен протеин. Спротивно на лажните тврдења, нема да ве претвори во ГМО, не навлегува во јадрото на клетките на телото, не доаѓа до интеракција со вашата ДНК и не може да предизвика промена на геномот, напиша Марк Линас,во текст на Cornell Alliance for Science во декември 2020 година

Во објаснување за вакцините против ковид-19, проектот за вакцинално знаење на Оксфорд Универзитетот пишува дека не постои начин човековата ДНК да биде изменета со мРНК вакцините.

Проверувачите на факти на Ројтерс, исто така, пишуваа дека не е точно дека вакцините против ковид-19 ги претвораат луѓето во генетски модифицирани организми.

Поради сите горенаведени факти, постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит. Светилките во Канада поради технички проблем и оштетување на заштитен слој ја смениле бојата во виолетова и се работи на нивна замена бидејќи се под гаранција. Поставувањето на светилките се случи пред да настапи ковид пандемијата и пред да бидат развиени вакцините. Полицијата и властите немаат начин да ги препознаат вакцинираните луѓе дури и кога тие би се нашле под овие виолетови светилки, бидејќи вакцините не ги претвораат луѓето во генетски модифицирани организми.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција