Уште четири дена за пријава за обука, платено практикантство и можност за патување во САД

Фотографија генерирана со вештачка инталигенција, DALL-E, Microsoft designer, 26.02.2024 г.

Најдобрите учесници од трите обуки ќе добијат понуда за платено практикантство во еден од трите медиуми: Мета.мк, Порталб.мк и Вистиномер.мк. Потоа, во текот на летото тројца од нив ќе имаат можност да патуваат на еднонеделна студиска посета на Вашингтон, САД

 

На младите им остануваат уште четири дена за пријава за обуката за проверка на факти и други алатки за борба против дезинформации која ќе се одржи од 13 до 15 март во близина на Велес.

Оваа е втората од серија од три обуки кои ги организира Фондацијата Метаморфозис заедно со Меѓународниот центар за новинари (ICFJ) од САД. Најдобрите учесници од трите обуки ќе добијат понуда за платено практикантство во еден од трите медиуми: Мета.мк, Порталб.мк и Вистиномер.мк. Потоа, во текот на летото тројца од нив ќе имаат можност да патуваат на еднонеделна студиска посета на Вашингтон, САД.

Обучувачи ќе бидат Тод Хелмус професор од меѓународната организација РАНД, Владимир Петрески, главен уредник на порталот Вистиномер.мк, како и Деспина Ковачевска, аналитичар и медиа монитор во Фондацијата Метаморфозис. Обуката ќе се одржува на англиски јазик.

Сите заинтересирани млади лица на возраст од 18 до 29 години можат да се пријават преку пополнување на формуларот на овој линк.

Настанот е дел од проектот „Новинарство за новата генерација“ кој Фондацијата Метаморфозис го спроведува во партнерство со Меѓународниот центар за новинари (International Center for Journalists – ICFJ), а со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје, во периодот од септември 2023 година до јули 2024.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција